Шпанија: Одложено тестирање болиди на Формула 1 поради обилни снежни врнежи


Движењето по речиси 300 патишта во Шпанија е отежнато поради обилните снежни врнежи, соопштија локалните власти. Шпанската метеоролошка служба го зголеми метео алармот до „жолто“ или „портокалово“ во повеќе провинции. Поради снежните врнежи затворени се 23 патишта, а на 95 патишта возачите мораат да возат со синџири за снег. Цивилната гарда на Шпанија, поради лошото […]

(Видео) Снегот ги претвори црногорските плажи во скијачки терени


Снегот кој ја прекри речиси цела Црна Гора ги израдува граѓаните и на приморските градови, а на социјалните мрежи се појавија видеоснимки од граѓани кои скијаат по снегот на Велика плажа во најјужниот црногорски град Улцињ. Снимката е објавена на Фејсбук, а на неа се гледа како автомобил влече двајца скијачи по снегот кој ги […]

Двесте деловни објекти куртулиле казни заради снегот


Градските власти информираат дека во текот на изминатите два дена испратиле 200 опомени до правни лица да го исчистат снегот пред своите деловни објекти. „До денеска, сите правни лица што беа опоменати, ги исчистиле јавните површни до своите пристапи без притоа да бидат казнети“, информираат од Град Скопје. Законот за јавна чистота предвидува глоба во […]

Половина Скопје ќе стане лизгалиште


  Половина Скопје ќе стане лизгалиште ако се остварат прогнозите на синоптичарите за екстремно ниски температури до крајот на неделава, а во меѓувреме снегот не се исчисти. И покрај напорот на зимската градска служба и оние општинските, се чини дека голем дел од јавните површини во текот на вчерашниот ден како да не виделе лопата […]

Затоплување околу Северниот пол е причината за снежната бура во Европа


Невообичаеното затоплување околу Северниот пол испраќа студен арктички ветар кон Европа и според научници, таквото „ненормално“ време може да се регистрира се почесто поради глобалното затоплување предизвикано од човекот. Метеоролошката станица на Морис Џесап во најсеверниот дел на Гренланд, веќе 61 час регистрира температури што се рекордни досега за 2018 година. Таа појава се поврзува […]

Во четврток температура од 10 степени под нулата


Времето утре во Макеоднија ќе биде променливо облачно и студено со повремен снег со слаб до умерен интензитет, особено во западните и крајните источни делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој во Пелагонија на моменти ќе се засилува. Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус два, а дневната […]

(ВИДЕО/ФОТО) Снежното време ги радува граѓаните, но им го отежнува и движењето


Снегот во текот на денешниот ден не престана да паѓа, а дел од граѓаните му се радуваат, други пак се жалат поради потешкотиите во движењето. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На сите сообраќајни правци во државата врне снег и има остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните служби. Поради појава […]

Во Кисела Вода фрлени околу 20 тони сол, во Карпош се чисти рачно и со механизација


Општина Кисела Вода информира дека се расчистуваат улиците од снежните наноси. Со помош на камиони и механизација за расчистување на снегот фрлени се околу 20 тони сол. Работниците на фирмата „Анизор“, ангажирана од општината, заедно со сезонските работници од вчера, од 18 часот, биле излезени на терен во текот на ноќта, а нивните активности продолжиле […]

Дежурни телефони за пријавување проблеми со снегот во Ѓорче Петров


И Општина Ѓорче Петров отвори дежурни телефони за пријавување проблеми со снегот. Со јавување на 2044-441 и 2039-307, граѓаните можат да пријават неисчистена општинска улица, затрупан приод до некој јавен објект и слично. Телефоните ќе бидат отворени до 16.30 часот, но, по потреба, велат од Општината, ќе станат достапни и 24 часа. Истовремено, од Општината […]

Кичевските села останаа 12 часа без струја


Снежното невреме што го зафати кичевскиот регион предизвика дефект во електро-дистрибутивната мрежа, поради што поголем дел од околните села веќе 12 часа се без струја. Од ЕВН велат дека работат на отстранување на дефектот. Жителите од овие села се соочуваат и со проблем со водоснабдувањето, бидејќи поради прекинот на струјата пумпите за вода не работат, […]

Снегот скрати и укина повеќе линии на ЈСП


Поради снегот денеска во Скопје повеќе градски и приградски автобуски линии се скратени. Не сообраќа автобусот до Нерези (Македонско село) и приградските линии 64, 80, 80а и 180. Како што соопшти ЈСП „Скопје“, автобусот со број 3 место до „Панорама“ сообраќа до Клинички центар, а 16 место до Пржино сообраќа до црквата „Св. Петка“. Автобусот со број […]

Снегот го отежнува сообраќајот


Снежните врнежи низ цела држава го отежнаа и забавија патниот сообраќај, кој се одвива по влажни коловози, со остатоци од кашест снег, и со забрани и ограничувања за тешки товарни возила на планинските превои и дел од патиштата. Поради појава на магла видливоста е намалена од 15 до 20 метри на Попова Шапка. Снегот засега […]

Зимските служби на Центар и Аеродром ги чистат сопствените улици од снег


Општинските зимски служби на Центар и Аеродром веќе неколку часа се на терен. Со сопствени возила и друга механизација ги расчистуваат општинските улици од снегот кој непрекинато паѓа речиси цел ден. Од Центар информираат дека досега исчистиле дел од улиците на Водно, односно исчистени се „Загребска“, „Ганчо Хаџи Панѕов“, „Караорман“, „Капиштец“ и „Питу Гули“. Сега […]

Снежно време во Македонија


Времето во Македонија ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во текот на ноќта и во понеделник претпладне, кога насекаде ќе се формира снежна покривка (на пониските места околу 10-15 см, а на планините ќе се зголеми и за над 30 см). Ќе дува умерен, долж Повардарието и […]

Облачно со повремени врнежи од дожд и од снег


Времето во Македонија ќе биде облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од три до 11 степени. Во Скопје ќе биде облачно, попладне со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до […]

Од недела снег и температури под нулата


Иако во однос на минатата година, оваа зима е со многу повисоки температури, сепак изгледа дека снежниот бран ни е на самиот праг. Од недела па и на почетокот на наредната  работна недела се очекува снег да ја покрие територијата на нашата земја, кој ќе придонесе температурите да се спуштат до и под нулата. Во […]

Забрана за сообраќај на камиони на патните правци Гостивар-Кичево и Маврово-Дебар


Забрана за сообраќај на тешки товарни возила од 20.45 часот е воведена на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража, а од 21 часот на патниот правец крак Маврово – Дебар, соопшти ЈП Македонија пат. Сообраќајот на патниот правец Катланово – Велес кај с.Сопот поради поголем одрон од 20.55 часот, како што се […]

(Галерија) По обилните снежни врнежи, сонцето ја откри вистинската убавина на Попова Шапка


Прогнозата на метеоролозите се исполни, на Попова Шапка има доволно снег за ова туристичко место да има полни раце работа. Како што може да се забележи од фотографиите што се објавени на фејсбук-страницата „Wehavesnow“, може да се забележи дека на Попова Шапка има снег во изобилство. Снежната покривка од речиси еден метар е повеќе од […]

Лавина се сруши кај Бигорски манастир – сообраќајот е блокиран


Лавина, поголема од синоќешната, утрово повторно го блокира сообраќајот на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар. Во мавровско-реканскиот крај од вчера има прекин во снабдувањето со електрична енергија. Според информациите на СВР Тетово, утрово околу шест часот, повторно дошло до срушување на лавина во близина на бензинската станица кај Бигорскиот манастир на стотина метри од местото каде […]

Снегот предизвика проблеми во сообраќајот


Врнежите од снег предизвикаа проблеми во одвивањето на сообраќајот на повеќе патни правци низ државата. Поради лавина од камења и снег целосно беше во прекин патот Маврово-Дебар, а вечерва според информацијата од Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Забрана за патнички возила е воведена на планинскиот превој Ѓавато, а […]