Нови „бомби“ ќе се слушаат во „Титаник“


Во Кривичниот суд денеска продолжува слушањето на „бомбите“ во предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство во кој се обвинети повеќе поранешни функционери. Слушањето на „бомбите“ почна во четвртокот кога беа слушнати првите аудио снимки, а продолжи во петокот со преслушување на 106 од вкупно 1.063 „бомби“. Досега на снимките се слушнаа разговори меѓу поранешната министерка […]

Судења за „Титаник 3“ и за „Трезор“


Нови рочишта во Кривичниот суд денеска ќе се одржат за предметите на СЈО „Титаник 3“ и „Трезор“. Во предметот „Титаник 3“ обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година „уништувале изборен материјал“. Обвинетите на претходните рочишта кажаа дека го разбираат обвинението […]

„Титаник“ одложен за 3 јули: Јанкуловска не дојде во судот


Поради неприсуство на обвинетата Гордана Јанкуловска заради влошена здравствена состојба односно ризична бременост, рочиштето за предметот на СЈО „Титаник“ денеска се одложи за 3 јули. Како што информираше адвокатката на Гордана Јанкуловска, Сања Алексиќ, поранешната министерка за внатрешни работи била спречена да дојде на рочиштето поради состојбата во која се наоѓа, при што достави лекарска […]

Главна расправа за изборните измами во „Титаник“


Во Кривичниот суд Скопје, денеска со главна расправа ќе продолжи рочиштето за предметот „Титаник“ на СЈО во кој обвиненти се поранешниот премиер Никола Груевски и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко,… Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда […]

Обвинетите политичари се „крстат“ во аболицијата на Иванов


Документот на претседателот Ѓорге Иванов, со кој помилува 56 политичари, во 2016 година ја крена јавноста на нозе, а по две години од донесувањето и експресното поништување, аболицијата се најде и во судските процеси што ги покрена специјалното јавно обвинителство против поранешните функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Откако Врховниот суд во Атина го прифати актот на аболицијата […]

Одбраната во случајот „Титаник“: Новинарите требаше да добијат прекршочни пријави, а не да станат сведоци


Тројца новинари, кои пишуваа сторија за изборите во 2011 година, требаше да добијат прекршочна пријава за нарушување на јавниот ред и мир, а не да им се прифати сведочењето во СЈО, истакна денеска адвокатката на Катерина Велоска, обвинета во предметот на СЈО „Титаник“, во воведните зборови од процесот. Таа во судницата кажа дека Судот не […]

Одбраната во Титаник: Државни структури не може да се поистоветуват со злосторничко здружување


Злосторничкото здружување во вакви големи обвинителни акти како обвинението за „Титаник“ е исклучително тешко да се докаже. Ние како одбрана ќе докажеме дека поистоветувањето на политички и државни структури со злосторничко здружување е незаконито и не произлегува од правната пракса и теорија. Ова е дел од воведниот говор на адвокатот Дончо Наков кој е бранител […]

Нови судски рочишта за „Титаник 3“, „Топлик“ и „Транспортер“


Нови три рочишта денеска се закажани во Кривичниот суд за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Титаник 3“, „Топлик“ и „Транспортер“. Во предметот  „Титаник 3“  обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури, затоа што како членови на Општинската изборна комисија во Чаир „уништувале изборен материјал“. Претходното рочиштето за овој предмет беше одложено поради итни семејни обврски на втората […]

Судењето за „Титаник“ продолжува во старата зграда на Кривичниот суд


Поради технички проблеми со озвучувањето во новата зграда на Кривичниот суд, судечкиот совет во предметот на СЈО „Титаник“ одлучи денешното рочиште да продолжи во стариот објект на Судот. Претходно, одбраната на обвинетите во „Титаник“ побара изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Обвинителката на СЈО Лиле Стефанова го оцени барањето на адвокатите како нов обид […]

Случај „Титаник“: Ново судско рочиште за изборните измами


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи ново рочиште за предметот „Титаник“ што е прв случај обелоденет од Специјалното јавно обвинителство. Претходното рочиште беше одложено, бидејќи како што кажа судијата Осман Шабани, Врховниот и Апелацискиот суд се уште не ги доставиле одговорите на барањето за изземање на в.д. претседателот на Апелацискиот суд и неговиот заменик, како […]

Ново рочиште за изборните измами во „Титаник“


Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за предметот „Титаник“,  што е прв случај обелоденет од Специјалното јавно обвинителство. Покрај поранешниот премиер Никола Груевски, во овој случај обвинети се и поранешните функционери Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, […]

Случај „Титаник“: Одбраната бара изземање на судиите од овој предмет


Адвокатите на обвинетите во случајот „Титаник“ побараа изземање на сдуиите што го водат случајот поради изјава на специјалната обвинителка Катица Јанева дека во бомбите биле прислушувани и судии. Според адвокатите, се додека СЈО не ги соопшти на прислушваните судии тие немаат ркедибилитет да водат судски процеси. Во моментов, судто го разгледува нивното барање што се […]

Продолжи судењето за „Титаник“


Во Кривичниот суд денеска почна второто рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“, што се однесува на десетина дела поврзани со изборни нерегуларности. Сите обвинети меѓу кои и поранешните функционери Никола Груевски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, се присутни на денешното рочиште. Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, […]

„Титаник“ одложен за 12 април


Судијата Осман Шабани го одложи судењето за предметот „Титаник“ на СЈО за 12 април, за да може одбраната на обвинетите да изврши увид во доказните материјали. Одбраната на обвинетите на почетокот од судењето што се одржува во новата зграда на Кривичниот суд, побара одложување на денешното рочиште за да извршат увид во доказите и да […]

Почна „Титаник“, прво судење во новиот Кривичен суд


Во новата зграда на Кривичниот суд денеска почна првото рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“, што се однесува на десетина дела поврзани со изборни нерегуларности. Во „Титаник“, што е прв случај обелоденет од СЈО, обвинети се поранешни функционери, меѓу кои и Никола Груевски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска […]