Во Словачка масовни протести против затворањето на Специјалното обвинителство


Илјадници Словаци се собраа во речиси 20 градови за да протестираат против обидот на премиерот Роберт Фицо да го затвори Специјалното обвинителство кое ги истражува злосторствата од висок профил, вклучително и случаи блиски до премиерот. Демонстрациите, повикани од прозападни либерали, конзервативни опозициски партии и граѓански активисти, се четврти протести откако Фицо предложи брза реформа на […]

Новата влада на Словачка го затвора специјализираното обвинителство


Новата влада на Словачка, предводена од премиерот Роберт Фицо, денеска одобри амандман на Кривичниот законик на земјата со кој ќе се затвори специјализираното обвинителство кое се занимава со најтешките злосторства и корупција, јавија американските медиуми.  Словачката претседателка Зузана Чапутова, опозицијата и невладините организации се спротивставија на одлуката, велејќи дека таа е против владеењето на правото. […]

Словачкиот премиер им се закани на медиумите кои биле „непријателски“ кон владата


  Словачките новинари и меѓународните набљудувачи изразија тревога откако новиот премиер Роберт Фицо ги опиша водечките медиуми како непријателски и се закани дека ќе им го ограничи пристапот. Фицо, кој ја презеде функцијата лидер на Словачка во октомври како дел од коалициската влада предводена од неговата популистичка партија Смер, оваа недела рече дека некои од […]

Проруската партија СМЕР на Роберт Фицо победи на парламентарните избори во Словачка


На вчерашните парламентарни избори во Словачка, партијата Смер ССД предводена од поранешниот премиер Роберт Фицо освоила најголем број гласови – 23,31 отсто, врз основа на 99,2 отсто од преброените гласови, соопшти Словачкиот институт за статистика.  Според неофицијалните резултати од изборите, партијата Прогресивна Словачка заврши на второто место со 16,98 отсто, иако прогнозите пред изборите предвидуваа […]

Словачката либерална партија Прогресивна Словачка води на изборите, покажуваат излезните анкети


  Словачката либерална партија Прогресивна Словачка (ПС) води на парламентарните избори во саботата, покажаа првичните излезни анкети, потенцијално блокирајќи го поранешниот левичарски премиер Роберт Фицо да ја врати својата партија на власт, откако вети дека ќе ја прекине воената помош за соседна Украина, јави Ројтерс. Прогресивна Словачка освои 23,5 отсто од гласовите, пред 21,9 отсто […]

Словаците денеска на парламентарни избори бираат меѓу Фицо и Шимечка


Словаците денеска гласаат на парламентарни избори, на кои, според анкетите, ќе се води тесна борба меѓу поранешниот левичарски премиер Роберт Фицо, кој вети дека ќе ја прекине воената помош за соседна Украина, и прозападните либералите, пренесуваат британските медиуми. Последните истражувања на јавното мислење покажаа дека двете партии се речиси изедначени, а победникот ќе добие шанса […]

Словачка наскоро би можела да стане најновиот сојузник на Русија


  Словачка е многу поважна отколку што сфаќа Европа. На 30 септември малата европска земја одржува парламентарни избори кои ќе имаат последици далеку од нејзините граници. Ако анкетите се точни, тоа би го означило враќањето на Роберт Фицо: човек кој искажува пофалби на Москва и се моделира како Виктор Орбан, лидерот  во соседна Унгарија. Европската […]

Најавен зголемен број на туристи од Словачка


 За многу кратко време туристи од Словачка и централна Европа ќе бидат меѓу најчестите посетители на нашата земја, најавуваат од националната Асоцијација за дојдовен туризам на Македонија НАИТМ чиј претседател Влатко Сулев потпиша меморандум за соработка со претседателот на Словачката асоцијација за туриза SACKA Роман Беркеш.  Меморандумот предвидува да се преземат конкретни чекори за продлабочување […]

Словачка планира да го зголеми производството на муниција за снабдување на Украина


Словачка планира да го зголеми производството на муниција и артилериски гранати за Украина, изјави денеска министерот за одбрана Јарослав Над додека патувал со воз за Киев. Коментарите на Над се последното покажување поддршка за Украина од Словачка, која неодамна го испорача системот за воздушна одбрана „Куб“ и првиот од тринаесетте ветени борбени авиони „МиГ-29“ од […]

Снежно невреме во Чешка, Полска и Словачка


Обилниот снег предизвика прекин на електричната енергија и бројни сообраќајни несреќи во саботата во Чешка, Полска и Словачка. Во чешкиот град Хертвиковице, мотоциклист загинал кога врз него паднало дрво. Во полското село Ваврска, југоисточно од Краков,  70-годишна жена останала без потребна залиха од чист кислород и поради тоа починала. Противпожарното возило кое требало да ѝ […]

Словачкиот референдум не успеа поради слабата излезност


 Словачкиот референдум за уставните измени за изборните реформи пропадна поради недоволна излезност, покажаа првите податоци на државната изборна комисија. Само четвртина од запишаните гласачи се изјаснија на референдумот, а за неговата законска важност потребна е излезност од 50 проценти. Право на глас имаа вкупно 4,5 милиони гласачи. Уставните измени требаше да овозможат предвремени избори, како […]

Словачкиот парламент ѝ изгласа недоверба на владата на Едуард Хегер


  Пратениците на словачкиот парламент денеска и изгласаа недоверба на коалициската влада на премиерот Едуард Хегер, што може да доведе до предвремени избори во таа земја. За смена на малцинската влада, која се состоеше од три партии, гласаа 78 од 150 пратеници . Либералната партија Слобода и солидарност, која иницираше гласање за доверба на владата, […]

Директорот на протоколот во МНР поднел оставка по гафот со словачкото знаме


  Директорот на протоколот во Министерството за надворешни работи поднел оставка од функцијата поради гафот со словачкото знаме за време на посетата на шефицата на словенечката димпломатија Тања Фајон во Скопје. За ова синоќа информираше министерот за надворешни работи Бујар Османи, и додаде дека тој ја прифатил оставката. Гафот се случи пред десетина дена кога […]

И Австрија ја враќа контролата на границата со Словачка


  Австрија од вечерва воведува контроли на границата со Словачка, соопшти австриското Министерство за внатрешни работи. Одлуката уследи откако Владата на Чешка најави дека од 29 септември привремено ќе ја врати контролата на границата со Словачка поради зголемената илегална миграција. Чешкиот министер за внатрешни работи, Вит Ракусан изјави дека годинава 1.200 отсто повеќе луѓе илегално […]

Словачката Влада нема да бара гласање доверба и покрај загубеното мнозинство


Словачката Влада не планира да бара гласање доверба во парламентот по заминувањето на коалицискиот партнер, што ја чинеше централнодесничарската влада губење на парламентарно мнозинство, изјави денеска премиерот Едуард Хегер. Британските медиуми пренесуваат дека словачката Влада доживеа потрес откако партијата Слобода и солидарност (СаС) ја напушти владејачката коалиција поради конфликт со нејзиниот поранешен член, а сега […]

„Волво“ ќе инвестира 1,2 милијарди евра во Словачка во фабрика за електрични возила


Компанијата „Волво автомобили“ (Volvo Cars) ќе инвестира 1,2 милијарди евра (1,25 милијарди долари) за изградба на нова производствена фабрика во Кошице, Словачка, способна да произведува 250.000 електрични возила годишно, објави автомобилскиот производител во петокот. „Волво“ има за цел да биде бренд само за електрични возила до 2030 година и за да ја постигне таа цел, […]

Во железничка несреќа во Словачка повредени 74 лица


 Во железничка несреќа во Словачка, што се случи синоќа во близина на општината Стречно, повредени се 74 лица, соопшти полицијата во текот на ноќта на социјалните мрежи. Несреќата се случила кога воз со стотина патници во близина на Стречно, на северозападот од земјата, застанал поради дефект и потоа бил удрен од локомотива која му пришла […]

Словачка ќе бара изземање од санкциите за руската нафта


Словачка ќе инсистира да биде изземена од ембаргото за купување руска нафта доколку руската нафта биде санкционирана од 2023 година, изјави вицепремиерот и министер за економија Ричард Сулик по вонредниот состанок на министрите за енергетика на ЕУ. Според него, непречените испораки на нафта од Русија се од витално значење за словачката економија, бидејќи Русија и […]

Словачка одобри распоредување странски војници на НАТО во земјата


Словачкиот парламент одобри распоредување странски војници на НАТО во земјата, чиј број може да достигне 2.100. „Прво, ќе биде распоредена единицата ‘Засилено прогресивно присуство’ на НАТО, со околу 1.200 луѓе кои доаѓаат од Чешка, Германија, Холандија, САД, Полска и Словенија“, изјави министерот за одбрана Јарослав Наѓ. Тој рече дека дополнително ќе биде распореден и системот […]

НАТО се засилува во Источна Европа


Чешката влада денеска одобри праќање 650 војници во соседна Словачка за да го зајакне источното крило на НАТО, соопшти министерството за одбрана. Таму треба да се распоредени до 30 јуни 2023 година, но одлуката мора да ја потврди парламентот, во кој владата има големо мнозинство. Околу 50 од планираните 650 војници ќе подигнат и ќе […]