Хорот „Св. Злата Мегленска“ на „Скопско лето“


Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ со диригентката Летка  Димовска-Полизова вечер од 20.30 часот во Куршумли ан ќе го одржи концертот „Глорија – концерт за душа“ кој на 4 јули беше одложен поради силното невреме во Скопје. Влезот за посетители е слободен. Концертот е насловен по „Глорија“ на Вивалди која е на програмата заедно со […]

„Од класика до евергрин“ – концерт на „Скопски солисти“


Камерниот оркестар „Скопски солисти“ вечер од 20.30 часот во Националната опера и балет ќе одржи концерт  „Од класика до евергрин“, во организација на Дирекцијата за култура и уметност-Скопје и во рамки на „Скопско лето“.  Диригент е Иван Еминовиќ, а солисти  Наде Талевска-Спасовска – сопран и Горан Наумовски – естраден уметник. Ансамблот  „Скопски солисти“ е формиран во […]

„Фантомски приказни: Sing along“ со оперски и оркестарски солисти


 „Фантомски приказни: Sing along“ е насловен перформансот по музика на Вебер и лирика на  Харт кој вечер од 20.30 часот ќе се одржи во Куршумли ан во рамки на фестивалот „Скопско лето“. Настанот е најавен како како стенд-ап перформанс на оперски и оркестарски солисти, а се организира во соработка со  асоцијацијата „Полифонија“, Канадскиот музички центар од […]

Вечер завршува 39. Скопско лето: 60 настани и илјада учесници


Со вечерашниот концерт на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија (Сули ан, 20.30), „Скопско лето“ го завршува 39-тото издание. Од 21 јуни, кога фестивалот во главниот град традиционално се отвора празнувајќи ги истовремено почетокот на летото и светскиот ден на музиката, до денеска имаше 60-ина настани со речиси илјада домашни и странски учесници. Според […]

„Скопско лето“: Изложба инспирирана од играчките и роботите


„Играчки и роботи во книгите на уметниците – пергамент концертина“ е насловена изложбата која вечер од 20 часот во рамки на „Скопско лето“ ќе биде отворена во НЛБ Галерија. Дирекцијата за култура и уметност-Скопје ја организира во соработка со Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ). Авторка на изложбата е Лепосава Милошевиќ-Сибиновиќ, академски скулптор и […]

Со концерт на Дадо Дганит отворено годинешното „Скопско лето“


Со концерт на Дадо Дганит, позната пејачка и член на Националниот театар на Израел „Хабима“ и познатата израелска флејтистка Зер Авив, вечерва во Македонската филхармонија е отворен фестивалот „Скопско лето 2018“. Дирекцијата за култура и уметност-Скопје го организира нејзиното гостување со поддршка од Амбасадата на Израел во Македонија, а со концертот се одбележуваат 70 години […]

Педесетина содржини во 40-те фестивалски дена на „Скопско лето“


Педесетина програмски содржини ќе има на фестивалот „Скопско лето 2018“ кој традиционално ќе се одржува од 21 јуни до 31 јули. Ќе биде отворен в четврток, на Светскиот ден на музиката, со концерт на музичари од Израел во Македонската филхармонија.  Во пресрет на официјалното отворање, пак, утревечер  во НЛБ Галерија ќе биде отворена изложба на […]