Сијарто откри: МОЛ го купува НИС поради нафтоводот


Штом унгарската нафтена компанија МОЛ го финализира договорот за купување на српската нафтена компанија, нафтените пазари на трите земји без излез на море, Словачка, Унгарија и Србија, ќе функционираат на координиран начин, што ќе ги направи поотпорни на политички уцени, како оние од Украина, изјави синоќа унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто. […]

Сијарто: Доколку ЕУ не се вмешаше во постапките на Трамп, војната во Украина веќе ќе беше завршена


Конфликтот во Украина веќе ќе беше завршен доколку Европејците не се спротивставеа на мировните аспирации на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави синоќа шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто. „Доколку Европејците не ги попречеа напорите на американскиот претседател Трамп, убеден сум дека мирот во Украина ќе беше постигнат за малку повеќе од една година. Од самиот […]

Сијарто: Со забраната на увоз на руски гас, ЕУ ги крши сопствените прописи


Со мерката за забрана на увоз на руски гас, Европската Унија ги крши сопствените прописи, бидејќи Договорот на ЕУ многу јасно укажува дека енергетските прашања се во национална надлежност на земјите членки, одредба што во овој случај би била прекршена, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто пред почетокот на заседанието на Советот за […]

Сијарто: Унгарија подготвува договор со американска компанија за изградба на вселенска станица


Унгарската Влада подготвува сеопфатен договор за инвестиции, образование, обука и технологија со американската компанија од секторот за вселенска технологија и одбрана Војаџер Технолоџис (Voyager Technologies), изјави денеска шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто во Вашингтон. Според него, договорот ќе и овозможи на Унгарија да има активна улога во проектот на компанијата за изградба на вселенска […]

Сијарто: Унгарија ќе започне разговори со САД за купување нуклеарно гориво


Унгарија ќе започне разговори за купување нуклеарно гориво од САД со цел да го диверзифицира своето снабдување, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, додавајќи дека Будимпешта ќе продолжи да купува нуклеарно гориво и од Русија. Сијарто, кој од вчера е во Вашингтон, во интервју за државниот телевизиски канал М1 изјави дека на Унгарија […]

Сијарто: Зеленски нема да одлучува за пристапувањето на Украина во ЕУ, туку земјите членки


Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, изјави дека украинскиот претседател, Володимир Зеленски, не е тој кој ќе одлучи дали таа земја ќе се приклучи на Европската Унија, туку земјите-членки. Ваквата реакција Сијарто ја објави на Фејсбук откако Зеленски изјави дека Украина на крајот ќе стане членка на ЕУ, со или без унгарскиот премиер Виктор Орбан, […]

Сијарто: Зеленски треба да покаже почит кога зборува за Унгарија


Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да покаже почит кога зборува за Унгарија, особено имајќи предвид, како што наведе, дека Украина во голема мера зависи од поддршката на ЕУ, каде што ниту една одлука не може да се донесе без согласност на Будимпешта. Сијарто на X, […]

Сијарто: Унгарија ја поддржува средбата Трамп-Путин, ЕУ се обидува да ја саботира


Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто изјави дека важноста на претстојната средба меѓу американскиот и рускиот претседател „може да се види од Месечината“, но дека ЕУ се обидува да ја саботира. „Ја повторив позицијата на Унгарија дека решението за војната во Украина не е на фронтот, туку на преговарачката маса. Американско-рускиот договор дава најголема шанса […]

Сијарто: Европската унија е понижена и исмеана


Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, денеска изјави дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, доживеала два значајни дипломатски порази во една недела, оценувајќи дека Европската унија станала „мета на понижување и исмевање во светската политика“. Според унгарската агенција МТИ, Сијарто укажал на неодамнешната одлука на САД да ги зголеми царините на […]

Парламентот гласаше за повлекување на Унгарија од Меѓународниот кривичен суд


Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, денес изјави дека парламентот на земјата гласал за повлекување од Меѓународниот кривичен суд (МКС), тело за кое рече дека е деградирано во политичка алатка и го изгубило својот престиж. „Унгарскиот парламент штотуку гласаше за повлекување од МКС. Со оваа одлука, ние одбиваме да бидеме дел од […]

Сијарто: Унгарија ќе направи се’ Брисел да не го попречи руско-американскиот договор за Украина


Унгарија ќе направи се за да се осигура дека Брисел и „провоените“ европски претставници не го спречат руско-американскиот договор за постигнување примирје во Украина, изјави денеска шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто. Сијарто посочи дека Унгарија, денеска, на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел, нема да се согласи на нови испораки […]

Сијарто: Унгарија нема да поддржи продолжување на санкциите против руски и белоруски поединци


 Унгарија нема да гласа за продолжување на сегашните санкции против руски и белоруски поединци на претстојниот состанок на Советот за надворешни работи на Европската унија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто. – Треба да се остави време за американско-руски разговори, рече Сијарто во Вашингтон, пренесе МТИ. Пред средбата со американскиот советник за […]

Унгарија нема да ја прекине својата мировна мисија поради заканите од ЕУ


 Одбивањето на раководството на ЕУ да преговара со Унгарија и заканата со бојкот нема да ја принудат Будимпешта да ја прекине мировната мисија за решавање на конфликтот во Украина, изјави за РИА Новости министерот за надворешни работи на земјата, Петер Сијарто. – Сите провоени политичари во Европа скокнаа веднаш по почетокот на оваа мировна мисија. […]

Сијарто: Ќе отвориме нови поглавја од преговорите со Србија


За време на претседавањето со ЕУ, кое започнува на 1 јули, Унгарија ќе отвори нови поглавја во пристапните преговори со Србија и ќе одржи меѓувладини преговори со сите пет кандидати за членство од Западен Балкан, изјави во средата во Париз шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто. Зборувајќи на конференцијата на Организацијата за економска соработка и […]

Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина


Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа со која се признава планот на претседателот на таа земја, Володимир Зеленски, како единствен предлог за мир во Украина. „Советот и денеска сакаше да донесе резолуција со која сакаше да го признае мировниот план на претседателот […]

Сијарто: За време на унгарското претседателство ќе има најголемо проширување на ЕУ


За време на унгарското претседателство ќе дојде до „најголемото проширување на Европската унија досега“, изјави министерот за надворешни работи Петер Сијарто. Тој додаде дека за време на пристапните преговори фокусот ќе биде ставен на „актуелната состојба“ на кандидатите, а не на „попуштање пред политичките притисоци“, објави МТИ. „Нема да дозволиме пристапните преговори на некои земји […]

Сијарто во посета на Украина


Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто денеска во Украина ќе се сретне со својот колега Дмитро Кулеба, во пресрет на европскиот самит каде главна тема ќе биде финансиската помош за Киев по неодамнешното вето од Будимпешта. Целта на посетата е да се подготви средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и унгарскиот премиер Виктор Орбан за […]

Унгарија изземена од новиот пакет антируски санкции на ЕУ


 Унгарија доби изземање од одредбите на новиот пакет антируски санкции на Европската унија и со тоа ги одби заканите кои и се закануваат на нејзиното снабдување со енергија, изјави денеска во Брисел министерот за надворешни работи на земјата, Петер Сијарто. На прес-конференција за време на паузата на Советот за надворешни работи на Европската унија, на […]

Сијарто: Тоа што Бугарија ѝ го прави на Македонија е страшно и одвратно


  Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, денес од Скопје порача дека е „страшно“ тоа што Македонија не може да ги почне преговорите со ЕУ заради Бугарија, иако 18 години беше земја кандидат. Тој најави дека Будимпешта ќе го стави цврсто ова прашање на агендата кога ќе го презеде ротирачкото претседателствување со ЕУ […]

Сијарто: Приемот на нови членки во ЕУ треба да започне со Западен Балкан


Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, оцени дека приемот на нови членки во Европската Унија ќе го направи европскиот блок посилен, дека ЕУ треба да започне со приемот на Западен Балкан и дека Србија е клучна земја во регионот. Сијарто рече дека Европската комисија правилно утврдила оти Србија постигнала значителен напредок на патот […]