Европската комисија сака да ја искорени сиромаштијата во ЕУ до 2050 година


Европската комисија денеска предложи земјите од ЕУ да разговараат за стратегија за искоренување на сиромаштијата до 2050 година, обрнувајќи особено внимание на децата и постарите лица.  Комисијата очекува мерките да го намалат бројот на Европејци кои се изложени на ризик од сиромаштија за најмалку 15 милиони до 2030 година. Според податоците презентирани од ЕК, еден […]

На секои 100 граѓани, речиси 22-ца се сиромашни


На секои 100 граѓани во Македонија, речиси 22-ца живеат под прагот на сиромаштијата, односно стапката на сиромаштијата во 2024 година изнесуваше 21,9 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Со сериозни егзистенцијални предизвици се соочува секое второ семејство во нашата земја, покажаа податоците од Анкетата за приходите и условите за живеење, која се спроведува […]

Истражување: Секој десетти Британец живее во длабока сиромаштија


Резултатите од најновото истражување на организацијата за борба против сиромаштијата Фондацијата Џозеф Роунтри (Joseph Rowntree Foundation) покажуваат дека околу 6,8 милиони Британци живеат во „длабока сиромаштија“, што е највисока бројка во изминатите три децении. „Длабока сиромаштија“ се однесува на домаќинство каде што живее двојка со две мали деца и кои, по трошоците за домување, имаат […]

Стапката на сиромаштија намалена на 21,9 проценти, има подобрување и кај нееднаквоста во доходите, вели Мицкоски


Претседателот на Владата, Христијан  Мицкоски, денеска пред медиумите истакна дека Владата постојано работи на подобрување на условите за живот на населението и на поголема еднаквост при распределбата на приходите кај населението. Во текот на денешната посета на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, одговарајќи на новинарски прашања се осврна и на последните статистички […]

Над три милијарди луѓе се сиромашни, додека богатите стануваат побогати


Нееднаквоста меѓу луѓето ширум светот продолжи да расте, при што богатите стануваат побогати, додека 3,8 милијарди луѓе се сиромашни, соопшти невладината организација за развој Оксфам. Богатството на милијардерите во земјите од Г20 се зголеми за 2,2 трилиони долари во изминатата година, соопшти Оксфам во анализа објавена во четврток пред самитот на Г20 оваа недела. Според […]

Секој петти граѓанин на Србија е во ризик од сиромаштија


Речиси 40 проценти од српските граѓани не можат да си дозволат еднонеделен одмор далеку од дома, еден од седум не може да си дозволи месо или риба секој втор ден, повеќе од една третина живеат во домаќинства што не можат да си дозволат неочекуван трошок како што е поправка или купување апарат, а еден од […]

Лани 19,5 милиони деца во ЕУ биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост


Во 2024 година, 19,5 милиони деца во Европската Унија биле изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост. Оваа бројка претставува 24,2 проценти од децата под 18 години, што е намалување за 0,6 процентни поени од 2023 година (24,8%), објави Евростат.  На ниво на земја, во 2024 година, највисоки вредности се пријавени во Бугарија (35,1%), […]

„ЕУ Обсервер“: Одложувањето на проширувањето на ЕУ ја зголемува економската нееднаквост на Балканот


 Земјите од Балканот кои се приклучија во Европската Унија – Бугарија, Романија и Хрватска, имаат значителни придобивки од тоа, особено со забрзување на приближувањето на нивните БДП до просекот на ЕУ, што во исто време резултираше со зголемување на разликите со државите од регионот кои се уште се надвор од блокот.   Оваа растечка разлика, […]

Грците на дното: Официјално станаа втори најсиромашни во Европа


Грците сега официјално се втори најсиромашни во Европа. Според најновите податоци на ОЕЦД, реалните плати постојано паѓаат до 2022 година и сега се за 30% послаби од нивото пред кризата. Грчката влада се пофали со економскиот раст на Грција, кој е повисок од просекот во еврозоната. Сепак, грчките граѓани остануваат на „дното на Европа“ според […]

Евростат: Во ЕУ 20 милиони деца во опасност од сиромаштија


 Во 2023 година, речиси 20 милиони деца во ЕУ, или 24,8 отсто од децата  биле во ризик од сиромаштија и социјална исклученост, објави Евростат. На ниво на поединечни земји, најголем удел на деца со ризик од сиромаштија и социјална исклученост во 2023 година е забележан во Романија (39,0 %), потоа во Шпанија (34,5%) и Бугарија […]

Бројот на Австријци кои живеат во сиромаштија зголемен е за повеќе од 50 проценти


Бројот на Австријците во апсолутна сиромаштија е зголемен за повеќе од 50 отсто, од 201.000 во 2022 година на 336.000 минатата година, објави денеска австрискиот Заводот за статистика. Во однос на бројот на жители, ова претставува зголемување од 2,3 приценти во 2022 година на 3,7 отсто во 2023 година, што е најголем процент во изминатите […]

Социјалната нееднаквост во Германија се зголемува, три милиони деца живеат во сиромаштија


 Организациите и експертите предупредуваат дека сиромаштијата и социјалната нееднаквост во Германија се зголемуваат и дека три милиони деца живеат во сиромаштија. Во Германија, која може да се пофали со социјална пазарна економија, сиромаштијата и социјалната нееднаквост се во пораст. Има се повеќе бездомници и деца кои живеат во сиромаштија. Затоа и Советот на Европа ја […]

Во Аргентина над половина од населението живее во сиромаштија, а инфлацијата е 200 отсто


 Стапката на сиромаштија во Аргентина во јануари достигна 57,4 отсто, што е највисоко ниво во последните 20 години, покажуваат резултатите од истражувањето на Католички универзитет. Сиромаштијата се продлабочи откако новиот претседател Хавиер Милеи го девалвира пезосот веднаш по преземањето на функцијата на 10 декември, што дополнително го забрза растот на цените. На крајот на 2023 […]

Дури 5,5 милиони Италијанци живеат во сиромаштија


Во Италија дури 5,674 милиони лица живеат во состојба на екстремна сиромаштија, соопшти денеска католичкиот фонд Каритас, пренесе АНСА. „Речиси 30 години од објавувањето на првиот извештај, феноменот на сиромаштијата се промени во однос на бројот и социјалните профили (на погодените)“, се наведува годишниот извештај од фондот Каритас. Во однос на 2021 година овие бројки […]

Германија е богата, но сиромаштијата расте


Сиромашните во Германија често мора да се откажат од работите за секојдневниот живот. Некои не можат да си дозволат нова облека или правилно да се загреат, покажува студијата на Институтот за економски и социјални науки (WSI) на фондацијата Ханс-Беклер, која е блиска до синдикатите. За овогодинешниот извештај, институтот користел податоци од 2021 година. Во Германија, […]

Студија: До крајот на годинава четвртина од населението во државата ќе има само за преживување


  До крајот на 2023 година ние би имале вкупно 510.000 граѓани што се во умерена сиромаштија. Тука спаѓаат сите што имаат помалку од 200 денари на ден, што значи повеќе од четвртина од државата ќе имаат само за преживување, истакна економскиот истражувач проф. д-р Бранимир Јовановиќ на панел – дискусија на тема „Достоинствен живот […]

Панел дискусија „Достоинствен живот или преживување?“


Панел дискусија со наслов „Достоинствен живот или преживување?“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Македонската платформа против сиромаштија (ПППС) во рамки на одбележувањето на интернационалниот ден за искоренување на сиромаштијата, 17 октомври, чија годинашна порака е „Пристојна работа и социјална заштита: достоинството во пракса, за сите!“ На неа ќе бидат презентирани „Poverty […]

Над 40 отсто од Аргентинците живеат под прагот на сиромаштија


Делот на луѓето кои живеат под прагот на сиромаштија во Аргентина се зголеми на 40,1 отсто, покажуваат најновите статистички податоци во земјата, цитирани од ДПА. Според податоците објавени од националниот Институт за статистика – Индекс, во првата половина на 2023 година дошло до зголемување на процентот на луѓе кои живеат во сиромаштија за 0,9 отсто […]

Сиромаштијата и стресот влијаат на гените


  Сурово нешто од природата е што децата родени во социјално загрозени семејства имаат поголем ризик од разни болести кога ќе пораснат. Тоа го покажаа истражувањата. Како растеме, квалитетот на воздухот, исхраната, стресот во семејството – сето тоа влијае на нашите гени и здравје. Досегашните истражувања покажаа дека децата од социјално ранливите семејства почесто се […]