Ципрас: Ако победи СИРИЗА, нема да има втори избори, ќе имаме прогресивна Влада


 Ако победи СИРИЗА нема да одиме на втори избори, ќе формираме прогресивна Влада, порача лидерот на грчката опозициска СИРИЗА Алексис Ципрас за време на денешната прес конференција во пресрет на изборите в недела, јави дописничката на МИА од Атина.  Ципрас истакна дека сака Влада која ќе биде стабилна и долготрајна, а во однос на можните […]

Анкета: Нова демократија во предност од 6,9 отсто пред СИРИЗА


Грчката владејачка партија Нова демократија со 6,9 отсто е во предност пред опозициската СИРИЗА, согласно резултатите од истражувањето на јавното мислење спроведено од агенцијата „Alco“ за грчката телевизија „Алфа“, објавија медиумите во Грција. Поконкрето, НД добива 31 процент, СИРИЗА 24,1 отсто, а потоа следат ПАСОК-Движење на промена, Комунистичката партија, Грчко решение и МЕРА25. На прашањето […]

Коверт со прав испратен во грчката опозициска партија СИРИЗА


Во канцелариите на грчката опозициска партија СИРИЗА утрово бил откриен сомнителен коверт што содржел непознат прав, објавија грчките медиуми. На ковертот не биле наведени податоци за испраќачот, а веднаш била информирана полицијата, која интервенирала

Грчкиот весник „Документо“ објави нова листа со прислушувани со софтверот „Предатор“


Нова листа со прислушувани со софтверот „Предатор“, на која, меѓу другите, се и поранешниот началник на грчката полиција, обвинителката во Националната служба за разузнавање, но и владиниот портпарол, објави грчкиот весник „Документо“, а од опозициската СИРИЗА бараат од Мицотакис, или да даде одговори или да си поднесе оставка, јави дописничката на МИА од Атина. Проопозицискиот […]

СИРИЗА бара оставка од Мицотакис за случајот со прислушкувањата


 Главниот одговорен за овој невиден обид за институционална и антидемократска диверзија е самиот господин Мицотакис и мора да си поднесе оставка, велат од политичкиот секретаријат на грчката опозициска партија СИРИЗА во однос на случајот со прислушкувањата во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Во соопштението коментираат дека оставките на директорот на Националната служба за […]

Заев на конгресот на Сириза: Со Алексис работевме за мир и не мислевме на кариерите


  Не може да постои само принципот на посилниот, туку почит и компромис. Оваа порака беше една од клучните во обрачањето на поранешниот премиер Зоран заев на конгресот на Сириза во Атина. Тој беше специјален гостин на конгресот за да ја потцрта историската важност на Преспанскиот договор. Во своето обраќање Заев се осврна на војната […]

Ципрас ја повика грчката левица да се обедини под чадорот на Сириза


  Поранешниот грчки премиер и левичарски лидер на опозицијата, Алексис Ципрас, вети „силен прогресивен“ камбек на партиската конференција на неговата Сириза во четвртокот (14 април), повик што беше поддржан од водечките социјалистички политичари ширум Европа. Во моментов во опозиција, Ципрас ја нападна владејачката партија Нова демократија (ЕПП), велејќи дека деновите ѝ се избројани. Левичарскиот лидер […]

Стоечки овации за Заев на конгресот на СИРИЗА


Како ниеден македонски политичар при јавен настап во странство вечерва поранешниот лидер на СДСМ и поранешен премиер, Зоран Заев, беше пречекан со овации на конгресот на грчката левичарска партија СИРИЗА, кој започна вечерва во Атина.  Него од говорницата го најави лидерот на СИРИЗА, Алексис Ципрас, а кога видно возбудениот и трогнат Заев стана да ги […]

Почнува третиот Конгрес на СИРИЗА, ќе присуствува и Заев


Грција – За „нов почеток“ со цел „политичка промена“, како што се централните слогани, од денеска до недела грчката опозициска партија СИРИЗА ќе го одржи третиот конгрес, на кој поканет да присуствува е и поранешниот премиер Зоран Заев, јави дописничката на МИА од Атина. Партискиот конгрес ќе започне попладнево во Атина, со говор на лидерот […]

Грчкиот парламент го отфрли предлогот на СИРИЗА за недоверба на Владата


Предлогот на опозициската СИРИЗА за недоверба на Владата доби 142 гласа „за“ од пратениците, 156 „против“ и еден воздржан, со што парламентот го отфрли предлогот, а Владата на Мицотакис го „преживеа“ гласањето, јави дописничката на МИА од Атина. Резултатот беше очекуван, со оглед на тоа дека актуелната Влада има парламентарно мнозинство од 157 пратеници од […]

Во пресрет на митингот на СИРИЗА во Солун приведени 25 лица


Грција– Грчката полиција синоќа во Солун приведе 25 лица, поради учество на протест против Договорот од Преспа во пресрет на предизборниот собир на владејачката партија СИРИЗА на кој се обрати премиерот Алексис Ципрас, објавија грчките медиуми. На шестмина од уапсените им е одредена мерка притвор, а останатите се пуштени на слобода. Според локалните медиуми, дел […]

Гласањето за Преспанскиот договор во грчкиот парламент кон крајот на следната недела


Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, рече дека гласањето за Преспанскиот договор во парламентот ќе се случи кон крајот на следната недела. По состанокот со претставници од владејачката СИРИЗА, Вуцис рече дека процесот ќе почне во следните неколку денови, најпрвин на комисиско ниво, а потоа ќе се најде на пленарна седница. „Секој ќе има можност […]

Мали инциденти на протестите во Солун против Договорот од Преспа


Помала група демонстранти предизвика мали инциденти на крајот од протестот во Солун, против Договорот од Преспа и по повод политичкиот настан на СИРИЗА на кој говореше грчкиот премиер. Според локалните медиуми, групата, со пиротехнички материјали ја нападнала полицијата, која одговорила со мала количина солзавец, а кусо интервенирала и со водени топови, јави дописничката на МИА […]

Пратеник од СИРИЗА се обрати на македонски во грчкиот Парламент


На македонски јазик, односно на костурски дијалект се обрати денеска во грчкиот Парламент пратеникот од СИРИЗА, Јоргос Урзидис, кој му даде поддршка на договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот со името. Урзидис, кој има потекло од северна Грција од говорницата откако пораката ја кажа на македонски јазик, односно на костурски дијалект, потоа ја […]

Нова демократија-најпопуларна политичка сила во Грција


Грчката опозициска конзервативна партија Нова демократија и натаму е најпопуларна политичка сила во Грција. Има предност од девет процентни поени пред владејачката Коалиција на радикалната левица (СИРИЗА), покажува последното истражување на јавното мислење во земјата. Според анкетата на агенцијата „Пулс“, изработена за грчката телевизија „Скај“, доколку сега се одржат избори во грчкиот Парламент ќе влезат […]