Од Турција се обезбедени 500.000 вакцини за сипаници кај овците, се бараат и од ЕУ


Од Република Турција се обезбедени 500.000 дози вакцина против сипаници кај овците како донација, кои се очекува да пристигнат деновиве, а до Европската комисија е доставено барање за дополнителни количества – соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) по денешната прес-конференција на Сојузот на одгледувачите на овци и упатениот апел за преземање итни мерки […]

Состојбата со сипаниците кај овците е алармантна, одгледувачите бараат итна вакцинација и повисоко обесштетување


Алармантна е состојбата со сипаниците кај малите преживари. Досега се угинати 7.000 до 10.000 овци, уништени се 40 – 50 стада, финансиските загуби се големи, секој ден има појава на нови жаришта, а некои сточари ги носат грлата на добиточните пазари без да знаат дали се заболени, што е дополнителен ризик. Бараме од државата побрзо […]

Сточарите бараат итна вакцинација на овците против сипаници


Сточарите бараат итна вакцинација на овците за да се спречи ширењето на болеста сипаници кај малите преживари. Предупредуваат дека ситуацијата е алармантна и дека не е доволно да се врши само идентификација и утврдување на жариштата, заболените грла и зафатените стада. Тие денеска, на состанок во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), биле информирани дека […]

Средба на Сојузот на одгледувачите на овци со претставници на АХВ за сипаниците кај малите преживари


Членови на Управниот одбор (УО) на Сојузот на одгледувачите на овци „Модерен овчар“ денеска ќе имат средба со претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во врска со болеста сипаници кај малите преживари. Како што информира членот на УО на Сојузот, Моме Младеновски за МИА, состојбата со сипаниците кај овците во земјава континуирано се […]

Десет нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози, АХВ вели нема опасност за луѓето


Од почетокот на јули во земјава потврдени се вкупно 10 нови жаришта на болеста сипаници кај овци и кози. Болеста е потврдена во одгледувалишта во населеното место Саса, општина Македонска Каменица, село Соколарци, општина Чешиново – Облешево, село Бигла, општина Делчево, села Малино и Косевица, општина Свети Николе и село Сопот, општина Куманово. Во моментов […]

Во Бангладеш од 15 март регистрирани 344 смртни случаи на деца од мали сипаници


 Вкупно 344 деца починале од почетокот на епидемијата на мали сипаници во Бангладеш во март оваа година, а бројот на случаи продолжува да расте, соопштија здравствените службеници во земјата, цитирани од ДПА. Од 344 деца кои починале од 15 март, кај 65 е потврдена инфекција со мали сипаници, додека останатите имале симптоми. Генералниот директорат за […]

Овчите сипаници најчесто акутно заразно заболување во мај


Во текот на мај, во државава пријавени сe вкупно 902 заболени лица од акутни заразни заболувања – без Ковид-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хронични носителства на хепатит Б и Ц и ХИВ со вкупна инциденца од 49,1 на 100.000 жители. Во текот на мај се бележи намалување на вкупниот број на заболени лица за […]

Над 1.000 случаи на морбили регистрирани во Романија во мај


 Во Романија во мај се регистрирани 1.015 случаи на сипаници – морбили, соопшти Националниот институт за јавно здравје, пренесува Аџерпрес. Најголем број случаи се забележани во окрузите Васлуј (107), Бакау (95) во источна Романија и Сату Маре (88) во северозападна Романија. Од 1 јануари 2023 до 31 мај 2025 година, во Романија се потврдени 34.650 […]

Епидемија на сипаници регистрирана во шест американски држави


 Бројот на заболени од мали сипаници во САД надмина 700, а епидемија е регистрирана во вкупно шест американски држави, јавија денеска американските медиуми. Од почетокот на годината како последица на оваа болест починаа три лица, две невакцинирани деца на училишна возраст во Западен Тексас, како и еден возрасен во Ново Мексико кој исто така бил […]

Во Романија во ноември регистрирани над 800 случаи на мали сипаници


Во ноември во Романија се регистрирани 816 случаи на мали сипаници, јави Агерпрес, повикувајќи се на денешно соопштение на Националниот институт за јавно здравје. Институтот информира дека од 1 јануари 2023 до 30 ноември годинава во земјата се регистрирани 26.231 случај на морбили. Во истиот период имало 21 смртен случај од овие сипаници. Вакцината против […]

Во Белград регистрирани вкупно 72 случаи на мали сипаници


Во Белград продолжува епидемијата на мали сипаници, а од февруари досега, во главниот град на Србија се потврдени 72 случаи на морбили, јави дописникот на МИА од Белград. – Седуммина вработени медицински работници се разболеле во КБЦ Земун. Се очекува зголемување на нови случаи поради периодот на инкубација, но не драстично, изјави за РТС д-р […]

Во март зголемен бројот на заболени со овчи сипаници, регистрирани и случаи на заушки


Во текот на март пријавени сe вкупно 1.431 заболени од акутни заразни заболувања што е зголемување за 27 проценти во однос на февруари. Најчесто акутно заболување биел овчите сипаници, а регистрирани се и случаи на заушки и шуга, покажуваат податоците од најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.   – Во текот на март, најчесто […]

Алармантен пораст на случаите на сипаници во Европа


Светската здравствена организација (СЗО) објави дека минатата година има „вознемирувачки“ пораст на случаите на сипаници во Европа, каде имало триесет пати повеќе случаи од претходната година, јави Би-Би-Си. Здравствените власти предупредуваат дека случаите се во пораст и дека се потребни „итни мерки“ за да се спречи ширењето. Повеќе од 30 илјади луѓе биле заразени во […]

Постои реална шанса за епидемија на сипаници, тврди претседателот на Здружението на педијатри на Србија


Претседателот на Здружението на педијатри на Србија, Георгиос Константинидис денеска изјави дека поради пад на бројот на вакцинирани, во Србија постои реална шанса за епидемија на сипаници. Во изјава за РТС посочи дека несакани ефекти по вакцинацијата генерално не постојат. Според него, особено загрижува падот на стапката на вакцинација против морбили, заушки и рубеола со […]

СЗО и ЦДЦ: Сипаниците се непосредна глобална закана


  Речиси  40 милиони деца во светот ја пропуштиле вакцината против сипаници во 2021 година поради тешкотиите предизвикани од пандемијата со Ковид-19, се наведува во заедничкиот извештај на Светска здравствена организација (СЗО) и Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). – И додека случаите на сипаници не се зголемат драматично во споредба со изминатите […]

СЗО: Бројот на случаи на сипаници во светот во голем пораст


 Бројот на случаи на сипаници во светот е во голем пораст, се наведува во извештајот на Светската здравствена организација (СЗО) објавен во Женева. Според извештајот, бројот на пријавени случаи на морбили во првите два месеца од 2022 година е за 79 отсто поголем отколку во истиот период минатата година. Причината за порастот е што премалку […]

Стручњаците стравуваат од избивање епидемија од сипаници на Балканот


Покрај тоа што го вакцинирала своето прво дете, Вања одлучила својот помал син да не го вакцинира против сипаници. Таа е психолог, што живее во Подгорица, главниот град на Црна Гора, вели дека се предомислила откако прочитала многу работи во онлајн групата на која ѝ припаѓа. „Немам доверба во системот за вакцинација. Ни недостасуваат информации […]

Три нови случаи со мали сипаници во Скопје, досега 69 заболени


Три нови случаи со мали сипаници (морбили) се регистрирани вчера во Скопје. Станува збор за дете на возраст од една и пол година од населбата Чаир, како и за 10-месечно дете и петгодишно дете од Центар, кои не биле вакцинирани, информираат денеска од Министерството за здравство. Со овие три нови случаи, како што посочуваат, од […]