Јаница Костелиќ роди син на првиот ден од Новата година


Хрватска– Најуспешната хрватска спортистка на сите времиња Јаница Костелиќ роди син во болница во Загреб на првиот ден од Новата година, соопштија извори од семејството на Костелиќ. Четирикратната олимписка шампионка во октомври објави дека е бремена и оти нејзиниот син ќе се вика Оскар, како и дека ќе го поттикнува да се занимава со скијање. […]

Генсекот на ВМРО-ДПМНЕ доби уште еден син


Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев стана татко по вторпат. Неговата сопруга Маја синоќа на свет донесе машко бебе. И првото нивно дете е машко. Пред да стане генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Јанушев беше директор на ЈСП-Скопје.

Министерот за Економија Крешник Бектеши стана татко по втор пат


Министерот за Економија Крешник Бектеши стана татко по втор пат. Неговата сопруга ноќеска роди син а веста ја соопшти токму среќниот татко Бектеши. Тој на социјалните мрежи напиша дека е премногу среќен што стана татко по втор пат и неговата ќерка Хана доби брат.Сепак Крешник Бектеши не напиша како ќе се вика неговиот син.

Најстариот син на поранешниот турски премиер е пронајден мртов во неговиот дом


Јавуз Јилмаз (38), најстариот син на поранешниот турски премиер Месут Јилмаз, е пронајден мртов во неговиот дом во истанбулската населба Бејкоз. Телото на Јилмаз го пронашле неговиот телохранител и шоферот. Тој бил легнат на кревет и застрелан во пределот на главата. Според истражното тело, куршумот бил истрелан од десната страна на главата во права линија. […]