Во Франција разбиена меѓународна мрежа за производство на синтетичка дрога


Француската полиција разби меѓународна мрежа за производство на синтетичка дрога и уапси осум лица. Во голема полициска операција во францускиот департмент Вар и во Белгија откриена е меѓународна криминална група која произведувала и тргувала со синтетичка дрога и перела пари. Пролетта 2024 година во луксузна вила во Вар биле произведени 400 килограми метамфетамин. За производството […]

Две лица осомничени за набавка на синтетички дроги со криптовалути


Скопското основно обвинителство покрена истрага против 37-годишна скопјанка и 29-годишен скопјанец за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Тие континуирано во повеќе наврати набавувале синтетичка дрога амфетамин, користејќи ја интернет платформата „ДаркНет“, преку креиран профил и користејќи криптовалути како платежно […]

Во Тетово е откриена најголемата лабораторија за синтетичка дрога на Балканот (ВИДЕО)


Шест лица досега се уапсени во акцијата на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и на Министерството за внатрешни работи, во која е откриена најголемата лабораторија за нелегално производство на синтетички дроги на Балканот, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Уапсените се државјани на Македонија и на Србија. Крајната дестинација […]