Пресудата за 27 април ја диктира кампањата


Петочната пресуда во скопскиот Кривичен суд за насилствата од 27 април, со кој на обвинетите за насилствата во Собранието им беа изречени казни од вкупно 211 години затвор, го донесе првиот дуел меѓу претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова. По двонеделното „пријателско одмерување на силите“, фаворитите на власта и на опозицијата си разменија директни […]

Силјановска „пука“ по „Северна“, Пендаровски ќе помирува


Иако кампањата за претседателските избори официјално започнува на први април, кандидатите веќе наголемо крстарат низ земјата. Кандидатот на владејачката коалиција Стево Пендаровски, кој вчера беше во посета на Битола, сè уште предизвикува публицитет во јавноста со аферата „следење“, додека неговата противкандидатка Гордана Силјановска-Давкова, која викендов беше во Прилеп и Крушево, сè подлабоко се вкопува во […]

Силјановска и Пендаровски се поздравуваат преку Заев и Груевски


„Зборуваат за демократија и процедури, а кандидатот го избраа во хотел по што само ќе го потврдат на партискиот конгрес. Претходно објавија оглас на кој се пријавија луѓе кои воопшто немаа шанса да бидат избрани“, прокоментира професорката Гордана Силјановска-Давкова откако дозна дека конкурент на изборите за претседател на државата ќе ѝ биде колегата Стево Пендаровски. […]

Силјановска за „Независен“: Не ветувам инстант решенија, туку битка за правда на Македонија


Професорката Гордана Силјановска – Давкова ги продолжува своите активности во битката за претседател на државата, а новина за неа е тоа што од викендов знае оти противник во трката за Водно ќе и биде Стево Пендаровски. Нивниот професорски бекграунд, барем засега, остава впечаток дека претседателската трка ќе помине без вообичаената црна кампања, напади и дисквалификации […]

Српската РТС ја утна работата за претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ


Српскиот јавен радиодифузен сервис РТС вчеравечер на својата веб-страница објави вест за вчерашниот разговор на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, на кој се договориле двата партнера од владејачката коалиција на претседателските избори на 21 април да излезат со заеднички кандидат. Оваа информација на РТС ја презедоа повеќе портали без проверка. Пренесувајќи […]

Силјановска: Без поделба на власта нема демократија


Професорката Гордана Силјановска-Давкова попладнево ја почна внатрепартиската кампања за претседателски кандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. За почетна станица го одбра Општинскиот комитет во Ѓорче Петров, каде пред насобраните членови и симпатизери на најголемата опозициска партија ги презентираше својот план и визија. „Сакам да ги убедам и нив, како и сите граѓани дека натпартиски кандидат е […]

Ѓорчев во Белата куќа, Силјановска ја освојува белата палата


Директорот на скопската депонија „Дрисла“, Горан Ангелов, е меѓу деветтемина кандидати за претседател на државата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е поранешен градоначалник на Виница во два мандата, а поради успешноста и ефикасноста беше назначен и за претседател на Асоцијацијата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС). Директно учествуваше во започнувањето на процесот на децентрализација и […]

(ВИДЕО) Силјановска се обрати до јавноста за нејзината кандидатура


Професорката Гордана Силјановска-Давкова, преку нејзиниот профил на Јутјуб, се обрати по повод кандидатурата за претседател на државата, од редовите на ВМРО – ДПМНЕ. „Ја барам поддршката од сите граѓани на Република Македонија, од конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, како и од други политички субјекти и актери. Она што ме водеше во одлуката беше свеста за насушната потреба во […]

Лидерот на младите вмровци ја поддржа Силјановска: Ќе биде одличен претседател


Новоназначениот лидер на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески отворено застана зад кандидатурата на професорката Гордана Силјаноска-Давкова за претседател на државата. Тој вели дека бил нејзин студент по Уставно право и ја смета за голем педагог, чесен и одговорен човек кон секоја работа која ја работи. „Професорката е синоним за одбрана на Уставот и […]

Силјановска пристигна во белиот дворец


Заврши рокот за пријавување на кандидати за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ што ќе биде поддржан на партиската конвенција во Струга закажана за 16 февруари. Пристигнати се осум кандидатури, но конечниот број на апликанти ќе биде познат најдоцна до вторник, бидејќи дел од апликациите би можеле да стигнат и по пошта. Кандидатурите ќе бидат разгледани […]

ВМРО-ДПМНЕ прими осум пријави за претседател на државата


Заврши рокот за пријавување на кандидати за претседател кој ќе биде поддржан од ВМРО-ДПМНЕ на претстојната конвенција на партијата во Струга, која ќе се одржи на 16 февруари. До архивата на партија пристигнати се 8 кандидатури, но конечниот број на апликанти ќе биде познат деновиве со оглед на фактот дека дел од апликациите, би можеле […]

Ѓорчев и Силјановска во директен дуел во Струга


Влатко Ѓорчев, Гордана Силјановска и Филип Петровски поднесоа кандидатура за претседател на државата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Нивните апликации ќе бидат разгледувани од партиска комисија, па веќе во понеделник и официјално ќе биде соопштено кој ќе влезе во интерната трка за наследник на Ѓорѓе Иванов. Информациите од партијата велат дека Петровски, кој отворено се спротиставува […]