Син на египетски имигранти победи на прелиминарните избори на Демократите во Мичиген. Се огласи и Трамп


Абдул Ел-Сајед, прогресивен политички аутсајдер и поранешен здравствен службеник, победи на прелиминарните избори на Демократите за американскиот Сенат во Мичиген. Ел-Сајед ја победи умерената конгресменка Хејли Стивенс во тесна трка, давајќи му на прогресивното крило на демократите важна победа во дебатата за идната насока на партијата. Во ноември, тој ќе се соочи со републиканецот Мајк […]

Покојниот Линдзи Греам ќе биде заменет во Сенатот од неговата сестра до јануари


Починатиот републикански сенатор Линдзи Греам ќе биде заменет во Сенатот од неговата сестра, одлучи гувернерот на Јужна Каролина, Хенри Мекмастер. Со назначувањето на Дарлина Греам Нордон, помладата сестра на политичарот многу близок до американскиот претседател Доналд Трамп, републиканците во горниот дом на Конгресот имаат мнозинство од 53 претставници во споредба со 47 демократи. Мнозинството беше […]

Напнат ручек на Капитол: Викал Трамп, но викал и сенаторот Кесиди


  Републикански сенатор кој го загуби реизборот откако Доналд Трамп го поддржа неговиот противкандидат, рече дека влегол во жестока расправија со претседателот во средата, поради незадоволството во Конгресот поради војната со Иран и барањето на Трамп Републиканската партија да донесе закон со кој ќе се воведат низа нови правила за гласање низ целата земја. Кавгата […]

Американскиот Сенат денеска гласа за војната со Иран


Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, денеска повика на гласање за политиката на претседателот Доналд Трамп кон Иран, предупредувајќи дека секој сенатор ќе мора да заземе јасен став. „Денеска, секој сенатор – секој поединечно – ќе мора да избере страна“, рече Шумер во говорот. „Дали стоите со американскиот народ, кој е исцрпен од бескрајните […]

Американскиот Сенат го отфрли законот за продолжување на исплатата на платите на федералните службеници


Американскиот Сенат го одби законот за продолжување на исплатата на платите за стотици илјади федерални службеници за време на најдолгиот прекин на работата на владата во историјата на САД, откако демократите и републиканците не успеаја да постигнат договор за повторно отворање на владата. За предлогот гласаа 53 сенатори, додека 43 беа против, што е под […]

Сенатот на САД 14-ти пат по ред го одби привремениот предлог-буџет


Сенатот на Соединетите Американски Држави денеска, 14-ти пат по ред, не успеа да го усвои нацрт-законот за финансирање на владата, кој претходно беше одобрен од Претставничкиот дом. Процедуралното гласање заврши со резултат 54 спрема 44, што е под потребните 60 гласа. Ова е 14-ти пат како Сенатот го одбива привремениот буџетски предлог на Претставничкиот дом, […]

Сенатот на САД не го усвои законот за финансирање


Американскиот Сенат не успеа да ги обезбеди 60 гласа потребни за усвојување на законот за завршување на блокадата на Владата, што претходно беше усвоен во Претставничкиот дом. Ниту еден демократски сенатор не го гласаше за законот. Републиканците одбиваат да преговараат за барањето на демократите за продолжување на даночните олеснувања за здравствената заштита. Претседателот на Претставничкиот […]

Блокадата на американската влада продолжува: Сенатот и во шестиот обид не го усвои законот за финансирање


Американскиот Сенат денеска повторно не успеа да усвои закон за финансирање на владата до 21 ноември, а прекинот на работата на владата влезе во осмиот ден. Сенатот го отфрли законот на Претставничкиот дом со 54 гласови „за“ и 45 „против“, со што не го достигна прагот од 60 гласови потребен за усвојување на законот, објави […]

Сенатот го одобри планот на Трамп: Намалување на милијарди долари за странска помош и јавни медиуми


Американскиот Сенат во четврток го потврди планот на Доналд Трамп за намалување на милијарди долари странска помош и финансирање на јавни медиуми, уште една без противник победа за републиканскиот претседател во Конгресот. Сенатот, со 51 глас „за“ и 48 „против“, го прифати барањето на Трамп за намалување на девет милијарди долари од средствата, кое претходно […]

Сенатот го отфрли обидот за ограничување на овластувањата на Трамп за војна со Иран


Американскиот Сенат вчера го отфрли предлогот на демократите да се спречи претседателот Доналд Трамп во иднина да употреби воена сила против Иран без одобрение од Конгресот, само неколку часа откако Трамп изјави дека ќе размисли повторно да го бомбардира Иран ако збогати ураниум до нивоа потребни за нуклеарно оружје. Сенатот, во кој доминираат републиканците, гласаше […]

Четворица републикански сенатори против Трамп. Сакаат да му ги намалат овластувањата за царина


Четири претставници на републиканците во американскиот Сенат вчера, на вториот ден од падот на берзите, изразија поддршка за нацрт-законот според кој воведувањето нови царини треба да го одобри Конгресот. Во Сенатот моментално има 53 републиканци, 45 демократи и двајца независни сенатори. Републиканските сенатори Лиза Мурковски од Алјаска, Мич Меконел од Кентаки, Џери Моран од Канзас […]

Американскиот Сенат го блокира тарифниот удар на Трамп врз Канада


Американскиот Сенат изгласа закон со кој се укинуваат новите царини наметнати на Канада од страна на претседателот Доналд Трамп. Гласањето се одржа само неколку часа откако Трамп воведе опсежни тарифи за увозните производи од најголемиот дел држави во светот. Законскиот акт беше усвоен со 51 гласа „за“ и 48 „против“, по што беше испратен на […]

Сослушувања за потврда за номинацијата на Трамп за американски државен секретар се закажани за 15 јануари


Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат следната недела ќе одржи сослушување за потврдување на номинацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за државен секретар, изјави портпаролот на комисијата. Сослушувањето на републиканскиот сенатор Марко Рубио, висок член на Комитетот за надворешни односи и кандидат на Трамп за државен секретар, ќе се одржи на 15 јануари. Се […]

Републиканците го зголемија своето ново стекнато мнозинство во Сенатот на 52 места


Републиканците го зголемија своето новостекнато мнозинство во Сенатот откако го презедоа местото во Монтана од демократите, па сега имаат 52 од 100-те достапни места во Сенатот, јавуваат американските медиуми. Тие, исто така, постигнаа успех во трката за контрола на Претставничкиот дом, и ако освојат мнозинство, ќе бидат во позиција да ја диктираат агендата во Вашингтон, […]

Американскиот Сенат усвои буџетски пакет во износ од 1,2 билиони долари


Сенатот на американскиот Конгрес рано изутрината усвои буџетски пакет во износ од 1,2 билиони долари, со кој е отстранета заканата за блокирање на работата на владините агенции и се обезбеди финансирање на американската влада до септември. За усвојување на буџетот гласаа 74 сенатори, а против беа 24, откако на полноќ истече рокот за финансирање на […]

(Фото) Погледнете каков автомобил му подари Путин на Ким Џонг-ун – 2 метра широк, 6 тона тежок


Рускиот претседател Владимир Путин му подари автомобил на својот севернокорејски колега Ким Џонг-ун, објавија во вторникот севернокорејските државни медиуми. Тоа е уште еден знак за затоплување на односите меѓу двете земји, што предизвика загриженост во светот. Автомобил од руско производство за лична употреба на Ким беше испорачан од руска делегација во неделата, објави Корејската централна […]

Сенатот сака да го одземе правото на американските претседатели за повлекување на САД од НАТО


Американскиот Сенат синоќа гласаше за вклучување на амандман во законот за трошоци за одбрана за 2024 година според кој претседателот на САД ќе го изгуби правото за унилатерална одлука за повлекување на САД од НАТО.  Двајца американски сенатори, демократот од Вирџинија Тим Кејн и републиканецот од Флорида Марко Рубио, се креатори на оваа легислатива, а […]

Американскиот Сенат го усвои нацрт-законот за зголемување на лимитот на долгот


  Во четвртокот, американскиот Сенат го усвои законот за кој преговараа претседателот Џо Бајден и претседателот на Конгресот Кевин Мекарти за зголемување на плафонот на американскиот долг за 31,4 милијарди долари. Сенатот гласаше со 63 гласа „за“ и 36 „против“ законот што во средата го усвои Претставничкиот дом по неколкумесечни несогласувања меѓу демократите и републиканците. […]

Сенатот бара да се ограничи пристапот до податоците на американската Влада


 Претседателот на Комитетот за разузнавање на американскиот Сенат, Марк Ворнер, рече дека премногу луѓе имаат пристап до најтајните информации на американската Влада и оти тие треба да се преиспитаат. Изјавата доаѓа по големото протекување на податоци на Пентагон, за кое е обвинет гардистот на воздухопловните сили Џек Тешеира кој ги украл податоците и ги споделил на социјалните […]

Републиканецот Мич Меконел стана партиски лидер со најдолг стаж во историјата на американскиот Сенат


  Американскиот Сенат одржа конститутивна седница на која положија заклетва сите сенатори кои беа избрани или реизбрани на конгресните избори во ноември, а лидерот на опозициското републиканско малцинство Мич Меконел (80) стана лидер на партија со најдолг мандат во историјата на горниот дом на Конгресот на САД, пренесува Си-Ен-Ен. Во новиот состав на Сенатот, Демократската […]