Седлоски: Сè се случи неверојатно брзо


Македонската фудбалска репрезентација со поразот од 4:0 од Данска во Копенхаген синоќа го заврши настапот во баражот за Светското првенство 2026. Во своето деби селекторот Гоце Седлоски имаше непријатно искуство, особено што по првиот дел резултатот беше 0:0, а на стартот на вториот дел за десет минути Данска постигна три гола. – Се распаднавме. Првиот […]

Седлоски: Против Данска треба да одиграме храбро, нема што да изгубиме


Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, ги искажа своите очекувања за претстојното учество во плејофот за пласман на Светското првенство 2026. – Треба да излеземе на теренот и да одиграме храбро против еден доста сериозен противник. Данска е фаворит на хартија, но теренот ќе покаже како ќе биде на крајот. Ние нема од што […]

Вардар ја пречекува Лозана, Седлоски најави максимална борбеност против фаворизираниот противник


 Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, вечер ја пречекува Лозана во 2. квалификациско коло во Конференциската лига. Тренерот Гоце Седлоски фаворитската улога ја препушта на швајцарскиот тим, но најави максимално залагање на неговите избраници во обид да остварат добар резултат пред реваншот на гостински терен.  -Нѐ очекува тежок натпревар. Швајцарскиот фудбал е во подем. Ја респектираме […]

Гоце Седлоски нов тренер на Вардар


Вардар  од почетокот на сезоната во неполни три месеци го добива и четвртиот предводник, откако вчера управата на клубот реши да се раздели со Срѓан Захариевски, а на негово место го назначи Гоце Седлоски. Популарниот Срле беше трет избор по заминувањата на Горазд Михаилов и Горан Петрески, но бидејќи резултатите не одеа во прилог на […]

Седлоски повторно на клупата на Шкупи


Само десет денови откако му беше прифатена оставката на тренерското место на Гоце Седлоски, 48-годишниот стратег се врати на клупата на Шкупи, потврди денеска актуелниот македонски фудбалски шампион.  Седлоски подбесе оставка по неуспешните настапи на европската сцена и бледиот старт на Шкупи во Првата македонска фудбалска лига, но серијата слаби резултати на клубот од Чаир […]

Седлоски: Одиме на победа со два разлика


Македонскиот фудбалски првак Шкупи утре ќе го игра реваншот од третото квалификациско коло за Лигата на Европа. Противникот на чаирчани, Шамрок од Ирска на првиот меч пред четири дена победи со 3:1. Тренерот на Шкупи, Гоце Седлоски верува дека неговите избраници можат да ја анулираат предноста на Шамрок. – Одиме на победа со два гола […]

Седлоски: Веруваме во историска победа


Имаме одличен резултат, но Динамо и натаму е фаворит, истакна денеска тренерот на македонскиот првак Шкупи, Гоце Седлоски, пред утрешниот реванш во Скопје во рамки на 2. квалификациско коло во Лигата на шампиони. – Сè е отворено. Ние мораме да ги отстраниме грешките од првиот натпревар. Ќе бидеме подготвени на сè, па ќе видиме колку […]

Гоце Седлоски нов тренер на Широки Бриег


Македонскиот фудбалски стручњак Гоце Седлоски кариерата ќе ја продолжи во Босна и Херцеговина каде ќе го води тимот на Широки Бриег. Седлоски потпиша двегодишен договор, а на тренерската позиција ќе го замени Борис Павиќ, кој само по два и пол месеци си заминува од клубот. Тренерската кариера Седлоски ја започна како асистент во Матерсбург, а […]