Водата во Северното Море со рекордно висока температура од 21,5 степени


Водата во Северното Море минатиот викенд достигна рекордно висока температура од 21,5 степени Целзиусови, највисока откако започнале мерењата во 1984 година, соопшти Кралскиот холандски метеоролошки институт. Температурата е измерена кај платформата „Гуре“, на околу 30 километри од холандскиот брег, во близина на Хук ван Холанд. Претходниот рекорд изнесуваше 21,4 степени, измерени на 8 август 2018 […]

Експлодира цената на нафтата од Северното Море, пробиен прагот на ИЦЕ


Затворениот Ормуски теснец продолжува да предизвикува големи нарушувања на пазарот, па трката на европските и азиските рафинерии за испораки на нафта од Северното Море достигна историски нивоа. Како што пишува „Фајненшл тајмс“, нафтата „Фортиес бленд“, веднаш подготвена за испорака, достигна цена од речиси 147 долари за барел во четврток – што е повисоко отколку пред […]

Трамп ја повика Британија да ги демонтира турбините на ветер во Северното Море


Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска ја повика Велика Британија да ги демонтира своите турбини на ветер во Северното Море како одговор на одлуката на американска нафтена компанија да го напушти регионот богат со нафта. – Велика Британија прави многу голема грешка. Отворете го Северното Море. Ослободете се од ветерниците, напиша Трамп на својата платформа, […]

Неколку исчезнати лица по судар на товарни бродови во Северното Море кај Германија


 Неколку лица се водат како исчезнати откако два товарни брода се судрија во Северното Море кај Германија, соопшти денеска Централната команда за поморски вонредни состојби. Несреќата се случила утрово на околу 22 километри југозападно од островот Хелголанд и 31 километар североисточно од островот Лангеог, се вели во соопштението. Потрагата по исчезнатите е во тек.

Нордиски земји: Русија се подготвува да ја саботира инфраструктурата на Северното Море


 Русија има програма да ги саботира крајбрежните ветерници и телекомуникациските кабли во Северното Море, покажуваат податоците од заедничкото истражување на нордиските ТВ станици. Во истражувањето на јавните телевизии на Данска, Норвешка, Шведска и Финска, се тврди дека Русија има флота од бродови маскирани како рибарски и истражувачки бродови во Северното Море. Тие носат опрема за […]

Четири членки на ЕУ ќе го искористат ветрот на Северното Море за премин кон зелена енергија


Данска – Четири членки на Европската Унија планираат да ја забрзаат транзицијата кон зелена енергија и да помогнат во независноста од руските енергенти, преку нов голем проект за изградба на ветроелектрани во Северното Море, информираше данската премиерка Мете Фредериксен. Данска, заедно со Белгија, Холандија и со Германија, сака да го зголеми вкупниот капацитет на ветрот во […]

Блиска средба на британски и на руски воен брод


Кралската флота денеска информираше дека на Божиќ британската фрегата Свети Албанс интервенирала во Северното Море за да ја принуди руската фрегата Адмирал Горшков да се повлече од британските територијални води. „Ние нема да се поколебаме во одбраната на нашите води и нема да толерираме било каков вид на агресија“, изјави денеска британскиот секретар за одбрана […]