За неколку дена и официјално Северна Македонија


По исполнување на сите правни услови за влегување во сила на Договорот од Преспа и Уставните амандмани, Владата на Република Македонија, ќе го објави во Службен весник датумот на влегување во сила на Уставните амандмани и Уставниот закон, информираа од македонското МНР. Потоа, Република Северна Македонија и Грција ќе достават заедничко писмо до Генералниот секретар […]

Вулин: Дали војската на Косово ќе ја нападне Северна Македонија?


Српскиот министер за одбрана, Александар Вулин изјави денеска дека формирањето војска на Косово е предизвик и закана по безбедноста во регионот. Тој, исто така, оцени дека српскиот претседател Александар Вучиќ со право е загрижен поради случувањата во Косово. – Формирањето војска на Косово покажува намера и каква политика сакате да водите и каква е потребата […]

BBC почна да го користи името Северна Македонија


Првите промени веќе се направени по потпишувањето на Договорот меѓу Македонија и Грција за името, откако BBC на својата мапа земјава веќе ја означи како Северна Македонија. BBC во својата репортажа посветена на договорот за името што го постигнаа Заев и Ципрас, го промени името на Македонија на својата мапа. Претходно на мапата името на земјата […]

Коѕијас: Го решивме спорот со името со Северна Македонија


На прес конференцијата за медиумите во Москва, по средбата со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас одговарајќи на новинарско прашање за името го искористи новото договорено име „Северна Македонија“. Никос Коѕијас рече дека во регионот постои култура луѓето да се караат за имиња. – Надворешната политика на […]

Австрија го поздрави договорот меѓу Скопје и Атина


Министерката за надворешни работи на Австрија Карин Кнајсел им честиташе на Атина и на Скопје на изнаоѓањето решение за долгогодишниот спор за името на Македонија. Кнајсел во таа прилика веќе го употреби идното име на Македонија. – Честитки за Грција и за Северна Македонија за решавањето на долгогодишниот спор за името. Тоа е успех на […]

Од референдум за самостојност до референдум за името


Кога на 8 септември 1991 година Македонија прогласи независност по одржаниот референдум, ретко кој можеше да предвиди дека ќе чека цели 27 години за да добие име признаено од јужниот сосед и од целокупната меѓународна заедница. По барањето за признавање под уставното име во Обединетите нации, врз основа на извештајот на Бадентеровата комисија, Грција се […]

Грчки медиуми: Северна Македонија со македонски јазик и македонски идентитет


Република Северна Македонија ерга омнес, со македонски јазик и идентитет е она што го содржи договорот што треба да го потпишат Македонија и Грција, според информациите на грчкото радио „247“ и новинарите кои открија детали од решението. Конкретно, грчките новинари објавија дека во договорот: – Се отстрануваат наводите во Уставот за „заштита на македонското малцинство“ […]

Грчки медиуми: Има договор за Северна Македонија, ќе се потпише викендов во Преспа


Република Северна Македонија е името за кое се договориле двајцата премиери, а договорот меѓу двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе го потпишат во текот на викендот, веројатно во сабота во Преспа, на грчка територија, објавуваат медиумите во Грција. Сепак, сѐ ќе биде појасно по денешниот телефонски разговор меѓу двајцата премиери, за кој грчките […]