Филипче: Св. Кирил и Методиј не се само симбол на писменоста, туку и темел на нашиот идентитет, јазик и култура


Лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче упати честитка по повод Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј во која истакнува дека тие не се само симбол на духовноста и писменоста кај словенските народи, туку и темел на нашиот македонски идентитет, јазик и култура. – Нивното дело е вкоренето во националната и културната […]

Сиљановска-Давкова: Да го чуваме споменот за Св. Кирил и Методиј, да градиме општество на знаење и меѓусебно почитување


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка по повод Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј во која порачува да се чува нивниот спомен и преку нивните дела да ја зацврстиме заложбата за градење на општество засновано на знаење, меѓусебно почитување и достоинство. – Овој ден е силен потсетник за трајната вредност на нивната мисија – […]

Јаневска: Ова е земја на просветители, со реформи и заедничка посветеност да работиме УКИМ да се вброи на листата на најдобрите


Овој ден не е само одбележување на една бројка или на патронат. Тој е потсетник на една долга и вредна историја, на генерации професори, студенти и научници кои го трасираа патот на знаењето, напредокот и општествениот развој во нашата држава и пошироко. Од само неколку факултети во 1949 година, денес УКИМ брои 23 факултети, пет […]

Денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј е неработен ден за сите граѓани


Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, 24 мај – Денот на сесловенските просветители св. Кирил и Методиј е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Северна Македонија им го честита празникот.

Среда е неработен ден – се слават Св. Кирил и Методиј


Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 24 мај 2023 година (среда) „Св. Кирил и Методиј“, Ден на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.   Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани […]

Ковачевски во Ватикан и Рим во чест на Денот на Светите Кирил и Методиј


Премиерот Димитар Ковачевски денеска во рамките на посетата на Рим и Ватикан, по повод одбележување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Светите Кирил и Методиј, ќе има тет-а-тет средба, а потоа и аудиенција кај неговата светост папата Франциск. На аудиенцијата кај папата Франциск, заедно со Ковачевски ќе присуствуваат и ќерката Тамара Ковачевска, како […]

Македонија и Бугарија на заедничко поклонение во Рим во чест на св. Кирил


Премиерот, Зоран Заев со делегација на владини претставници, како и претставници од Македонската православна црква и Римокатоличката Црква во Македонија, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Италија и Светата Столица по повод манифестацијата „Македонија во чест на св. Кирил“. Како што соопшти владината прес служба, денеска, премиерот Заев и делегацијата ќе […]