Герасимовски на терен со деканот на Градежниот факултет: Се затрупува и обезбедува градилиштето на ,,Теодосиј Гологанов”


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска изврши увид на терен на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, заедно со деканот на Градежниот факултет, инспекциските служби на Општина Центар и стручни лица, каде се спроведуваат итни мерки за обезбедување и стабилизација на просторот по евидентираното свлечиште на земјиштето во непосредна близина на градежен […]

Големо свлечиште во Албанија, триесетина камиони заглавени на Ќафасан


Блокадата на патниот правец  Либражд – Прењас поради големо свлечиште продолжува да создава сериозни проблеми во сообраќајот кон југоисточна Албанија, парализирајќи го и граничниот сообраќај со Македонија.    – Поради уништување на дел од коловозот на Ќафасан – Елбасан, како и големото оштетување и поместување на мост кај Прењас, сообраќајот е целосно во прекин, а […]

Драма во Италија: Свлечиште зафати град на Сицилија, повеќе од 1.000 евакуирани (видео)


Повеќе од 1.000 луѓе се евакуирани на Сицилија откако се сруши дел од карпа долг 4 км за време на бура, предизвикувајќи уривање на некои куќи, додека други се несигурно сместени на работ In Sicilia a fare paura in queste ore è la frana di #Niscemi. Un fronte di circa quattro chilometri che ha inghiottito […]

ЦУК: Граѓаните да не патуваат кон тетовско Бањиче поради свлечиште


 Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека по добиена пријава на бројот за итни повици 112, поради врнежи од дожд повторно има свлечиште на патот кон Бањиче, тетовско. – Се апелира до граѓаните да не патуваат на оваа делница додека не се стабилизира состојбата. Општинските екипи се на терен и ја следат ситуацијата, наведуваат […]

Свлечиште кај Шипковица – четири семејства ќе се евакуираат


Поради обилните врнежи на дожд кои го зафатија западниот регион, преку единствениот број за итни повици 112 е добиена пријава за настанато свлечиште во селото Шипковица.   Свлечиштето е во населено место кое претставува опасност за жителите, каде што директно се загрозени четири куќи. Активиран е Кризниот штаб на Општина Тетово, а на терен се […]

Најмалку илјада луѓе загинаа во свлечиште во Судан, тврди бунтовничка група


Најмалку 1.000 луѓе загинаа во лизгање на земјиште во оддалечените планини Мара во западен Судан, соопшти бунтовничката група Движење за ослободување на Судан/Армија (The Sudan Liberation Movement/Army). Како што пренесува Би-Би-Си, обилните дождови кои го зафатиле регионот неколку дена предизвикале одрон во неделата, кој оставил само еден преживеан и „израмнил“ голем дел од селото Тарасин, […]

Над 60 луѓе се водат како исчезнати при свлечиште во Непал


 Најмалку 66 лица се водат како исчезнати откако два автобуса паднале во река по лизгање на земјиштето во Непал. Спасувачките екипи се обидуваат да ги лоцираат автобусите, но силниот дожд ги попречува нивните напори. Во едниот автобус имало 24 лица, а во другиот 42. Патот што води до местото на несреќата е блокиран на неколку […]

Свлечиште од ѓубре се движи и се заканува да затрупа село во Данска


Луѓето во данското село Олст живеат во страв дека нивните домови ќе бидат затрупани од свлечиште со загадено тло во една од најлошите еколошки катастрофи во историјата на Данска, пишува „Гардијан“. Свлечиштето полека се движи кон Олст, село со 400 жители јужно од Рандерс во Јитланд, откако земјата почна да се поместува во блискиот објект, […]

Голем одрон во Грузија: Најмалку шест загинати, се трага по уште 30 лица


Најмалку шест лица загинаа, а околу 30 се сметаат за исчезнати во лизгање на земјиште во планинската област Рача, во северозападна Грузија, соопштија властите на таа земја на Кавказ. Две тела биле пронајдени вчера, а четири денеска, потврди грузиското Министерство за внатрешни работи. „Во погоденото подрачје, во општина Они, спасувачите без одмор ја продолжуваат акцијата […]

Најмалку 33 загинати во свлечиште во северозападна Колумбија


  Најмалку 33 лица загинаа, а девет лица се спасени откако пред два дена свлечиште затрупа автобус во северозападна Колумбија, изјави вчера министерот за внатрешни работи на оваа латоноамериканска земја АЉлфонсо Прада. Како што пренесуваат западните медиуми, несреќата се случила меѓу Пуебла Рико и Санта Сесилија, во провинцијата Рисаралди, на околу 230 километри северозападно од […]

Најмалку 43 загинати во свлечиштето во Венецуела, повеќе од 50 исчезнати


  Најмалку 43 лица загинаа во големо лизгање на земјиштето во северна Венецуела, а повеќе од 50 се сметаат за исчезнати, соопшти потпретседателката на земјата Делси Родригез. Венецуелскиот претседател Николас Мадуро рече дека потрагата по преживеани од лизгањето на земјиштето во саботата во Лас Техеријас, на околу 50 километри југозападно од Каракас, ќе продолжи, и […]

Свлечиште на патот кај село Косоврасти, забрана за тешки товарни возила


Патниот правец Маврово – Дебар кај село Косоврасти изутрина од 06:30 часот сообраќајот е дозволен само за лесни возила кој се одвива по девијација. Забрана за сообраќај важи само за тешки товарни возила. Патот  беше затворен за сообраќај во двата правци од ноќеска во 02.15 часот поради свлечиште на земја. -Сообраќајот на државните патишта се […]

Поради свлечиште во прекин сообраќајот Битола-Ресен кај с. Крклино


Поради свлечиште во прекин е сообраќајот на патот Битола-Ресен кај с. Крклино. Како што соопшти АМСМ, поради свлечиште над патот А3 Битола – Ресен поточно на раскрсница за с.Крклино до бензинска пумпа Лукоил кај м.в Билбил Камен, истиот е затворен во двата правци од 19.40 часот.