СП 2022: Германија последна во Е-групата по две одиграни кола


Германската репрезентација по 2. коло на Светското првенство 2022 година го зазема последното место во групата Е. Избраниците на Ханс-Дитер Флик вечерва одиграа нерешено 1:1 со Шпанија. Мората ги доведе Шпанците во водство во 62. минута, резултатот го израмни Филкруг во 83. минута. Лидер на табелата во оваа група е Шпанија со 4 бода, Јапонија […]

СП 2022: Хрватска со прва победа, Канада не ја помина групата


Репрезентацијата на Хрватска ја победи Канада со 4:1 и ги задржаа шансите за пласман во плејофот, додека Канада не успеа да ја помине Ф-групата на Светското првенство, откако го претрпи вториот пораз. Головите за Хрватска ги постигнаа Крамариќ (два) Ливаја и Мајер, за Белгија погоди Дејвис. Канаѓаните во 1. коло загубија од Белгија (0:1) и […]

СП 2022: Мароко ја победи Белгија и направи голем исчекор кон осминафиналето


Во вториот денешен натпревар на Светското првенство во Катар, Мароко ја победи Белгија со 2:0. Сабири во 73. минута и Абукхлал во 90+2. минута се стрелците на головите за мароканскиот национален тим. За Мароко ова е прва победа на Мундијалот по која значително се доближи до плејофот, додека Белгија ќе мора да брка победа во […]

СП2022: Костарика ја совлада Јапонија


 Костарика триумфираше попладнево над Јапонија со 1-0 (0-0) во рамки на воведниот натпревар од второто коло во групата Е на Светското првенство во Катар. Костарика, која во првото коло претрпе катастрофален пораз од Шпанија (7-0), ја забележа првата победа на Мундијалот со гол во финишот на натпреварот во Ал Рајан. Стрелец на победоносниот гол беше […]

Талибанците заработиле милиони од Светското првенство


Талибанците заработиле милиони од организацијата на Светското првенство така што обезбедиле градежна опрема за изградба на стадионите во Катар, пишува англискиот „Телеграф“. Високи талибански функционери користеле пари кои ги добиле за мировните преговори за купување, со изнајмување тешки машини за изградба на стадионите во изминатата деценија, открива извор од талибанската канцеларија во Доха. Значителен контингент […]

Анчелоти: Навивам за Канада на СП 2022 – ова е мојот втор дом


 Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кажа за кого ќе навива на Светското првенство во Катар во 2022 година. – На Светското првенство ќе навивам за Канада. Таа не беше на Мундијалите многу години, а ова е мојот втор дом. Покрај ова, претседателот на Канадската федерација (претседател на КОНКАКАФ и потпретседател на ФИФА Виктор Монтаљани) […]

СП2022: По победата над Аргентина утре е државен празник во Саудиска Арабија


Саудискиот владетел, кралот Салман, го прогласи утрешниот ден за државен празник во земјата по повод денешната сензационална победа на фудбалската репрезентација на Саудиска Арабија над Аргентина (2-1) на Светското првенство во Катар. Среда ќе биде неработен за сите вработени во јавниот сектор, а затворени ќе останат и училиштата и факултетите. Саудиските власти, исто така, соопштија дека влезот во три […]

Шпанија и Португалија сакаат организација на СП2030 заедно со Украина


Шпанија и Португалија, кои заеднички сакаат да бидат домаќини на фудбалскиот Мундијал 2030, ја приклучија кон својата кандидатура и со војна погодената Украина, објави денеска првиот човек на португалскиот фудбал Фернандо Гомеш. – Нашата кандидатура има сè што е потребно: инфраструктура, искуство и одличен човечки капитал. Од таа гледна точка, нудиме најдобра кандидатура. Сега имаме дополнителна работа поврзана со вклучувањето на […]

Катар бара од ФИФА Мундијалот да почне ден порано


Традицијата Мундијалот да биде отворен од домаќинот или актуелниот шампион според сегашниот календар треба да се урне. Тоа не им се допаѓа на домаќините кои побараа од ФИФА да направи промена во календарот. Мундијалот во Катар треба да почне на 21 ноември во 13 часот по локално време со натпреварот помеѓу Сенегал и Холандија. Тука […]

Македонските ракометари се пласираа на Светското првенство 2023


Македонската ракометна репрезентација го обезбеди своето осмо учество на Светските првенства, откако вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ ја совлада Чешка со 27:25. „Црвено-жолтите“ френетично бодрени од околу 7.000 навивачи, ја исполнија целта, континуирано учество на големите натпреварувања. Овој меч ќе остане запишан во историјата на македонскиот ракомет и по завршувањето на репрезентативната кариера на Филип […]

ФИФА: СП го отвораат Холандија и Сенегал


 Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го измени распоредот за претстојното Светско првенство во Катар, и спротивно на востановената традиција првиот натпревар да го игра домаќинот, завршниот турнир ќе го отворат Холандија и Сенегал. Тоа ќе биде дуел од 1. коло во групата А во која се и Катар и Еквадор, но Холандија и Сенегал ќе истрчаат на теренот на стадионот Ал Тумам во Доха во 11 часот по средноевропско […]

Светско првенство без Португалија е незамисливо за Роналдо


Капитенот на португалската репрезентација Кристијано Роналдо порача дека неговите соиграчи нема да ги потценат македонските фудналери и најави оти очекува сигурен пласман на Мундијалот во Катар. -Утре е финале и ние сме подготвени. Дали сме фаворити? Јас секогаш се сметам себе си за фаворит, без оглед дали играм на домашен или гостински терен. Свесни сме дека со […]

Милевски: Италија ја победивме во италијански стил


Македонскиот селектор Благоја Милевски не го криеше задоволството по синоќешната сензационална победа над Италија (1-0), истакнувајќи на прес-конференцијата по натпреварот во Палермо дека е горд на своите играчи. – Победивме во италијански стил против Италијанците, со гол од два обиди. Многу сум среќен поради оваа победа и горд на овие играчи, изјави Милевски, кој ја однесе македонската […]

Барди: Детали ќе го одлучат баражот против Италија


Со попладневниот тренинг на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија во Скопје, македонската фудбалска репрезентација денеска ги почна мини подготовките за полуфиналниот бараж против Италија, на 24 март во Палермо, за историски пласман на Светското првенство, чиј домаќин на крајот од оваа година ќе биде Катар. Репрезентативецот од средниот ред, Енис Барди, посочи оти во […]

СП во хокеј на мраз: Франција и Австрија на местото на Русија и Белорусија


Извршниот комитет на Меѓународната федерација во хокеј на мраз (ИИХФ) донесе одлука репрезентациите на Франција и Австрија да настапат на местото на Русија и Белорусија на Светското првенство, чиј домаќин од 13 до 29 мај ќе биде Финска. Франција ќе ја замени Русија во групата А, во која покрај бранителот на титулата Канада, се и репрезентациите на Германија, Швајцарија, Словачка, Данска, Казахстан и Италија. […]

Меси фокусиран на СП, а ПСЖ му ја дава секоја можност да се подготви


Најдобриот фудбалер на светот Лионел Меси е задоволен од неговата позиција во Пари Сен-Жермен. Според „L’Équipe“, Аргентинецот веќе се адаптирал во Франција. Напаѓачот е фокусиран на Светското првенство во 2022 година во декември, а ПСЖ му ја дава секоја можност да се подготви за турнирот. Како и Нејмар, и Меси не сака да го напушти […]

Жозе Мурињо со прогноза за осминафиналето на Светското


Жозе Мурињо ја даде својата прогноза за групната фаза на Светското првенство. Португалецот јасно вели дека навива за своите и дека очекува успех, но смета дека тие не би можеле да бидат пред Шпанците во групата Б, иако се очекува дека двете репрезентации лесно ќе се справат против Мароко и Иран. Во групата А, Мурињо […]