Сарај поделила милиони евра по разни основи без критериуми


Општина Сарај се соочува со слабости во процесот на буџетирање, сметководствено евидентирање и процена на имотот, несоодветно субвенционирање на ЈП, незаконски спроведена постапка за даден под закуп „Спортско-рекреативниот објект и базен во Сарај“ на 25 години и неправилности при спроведување на јавните набавки во однос на предметот на набавка, изведени активности надвор од техничката спецификација […]

Отворена нова канцеларија на управните служби на МВР во Сарај


Во Полициското одделение во Сарај денеска е отворена нова канцеларија на управните служби на МВР, која има за цел да овозможи побрз пристап на граѓаните од овој дел на Скопје. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој денеска ја отвори новата канцеларија, посочи дека станува збор за канцеларија која е трета по ред отворена за […]

Без струја делови од Сарај


 Регионалниот центар за управување со кризи информира дека од ЕВН Македонија АД добиле известување дека  денеска без електрична енергија ќе биде дел од општина Сарај. Како што велат од РЦУК, во периодот од 08.30 до 13.00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат дел од корисниците од село Кондово во општина Сарај. 

Иљас Весели ќе го замени Блерим Беџети на градоначалничкото место во Општина Сарај


Откако градоначалникот на Општина Сарај, Блерим Беџети доби пратенички мандат, на неговото место до следните локални избори ќе биде Иљас Весели, советник во оваа општина. -Изразив честитки за мисијата што ја презеде г. Иљас Весели. Исто така, изразив подготвеност за безрезервна поддршка, со единствена цел Општина Сарај да ја одржи динамиката на реализација на проектите […]

Сарај остана без градоначалник, Беџети реши да биде пратеник


Градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети повеќе нема да ја предводи општината, туку ќе продолжи како пратеник во Собранието. Беџети истакнал дека ќе биде гласот на волјата на народот, додека на гласачите им се заблагодарил за поддршката на локалните и сега на парламентарните избори. „Почитувани граѓани на општина Сарај и пошироко, сакам да ве информирам […]

Ковачевски во Сарај: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија


„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе се откажеме од борбата. СДСМ сè уште е силна партија. Ние ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во […]

Меџити: Изградбата на Поликлиника Сарај е во завршна фаза, следните денови ја пуштаме во употреба


Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити информира дека изградбата на Поликлиниката Сарај при Здравствен Дом – Скопје е во завршна фаза и во следните денови треба да биде пуштена во употреба.   – Ново, убаво, чисто и средено! Изградбата на Поликлиниката Сарај е во завршна фаза и за неколку денови ја пуштаме во употреба! Горд […]

Утре без струја делови од Сарај и Бутел


Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Сарај и Бутел. -Во периодот од 9:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од село Кондово во близина на обиколницата на магистралниот автопат кон Тетово во општина Сарај, а во периодот од 8:30 до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците од […]

Роденденска прослава во Сарај завршила со групна тепачка


Во текот на денешниот ден во 02.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Сарај, скопско, по претходно недоразбирање околу роденденска прослава, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Н.И.(64), Д.И.(35), Д.И.(41), Е.И.(28), А.И.(66) и една малолетничка, од една страна и нивните роднини Џ.Е.(43), А.И.(23), Д.И.(41), Џ.И.(18), А.И.(21), Џ.И.(19) и З.И.(38), […]

Арсовска на 1 Мај на излет во Сарај


Спортскиот Центар Сарај во минатото беше едно од најпосетените излетнички места за скопјани, а со неговата реконструкција се враќа во својот полн сјај. Градот Скопје во континуитет вложува во нови спортски содржини за сите свои граѓани со цел создавање навики за спортување и здрав живот кај сите генерации.   „Денеска ги посетивме спортските терени во […]

Со базенот во Рекреативниот центар ќе управува Општина Сарај


Општина Сарај соопшти дека по барање на општината, Владата ја одобри одлуката базенот во Рекреативниот центар да поминеа под управување на Општина Сарај. – Имајќи ја предвид состојбата на демолираниот базен и околните објекти кои не се во функсионалност повеќе од 30 години, сега со менаџирањето на Општина Сарај се отвораат можности овој базен да се ревитализира и […]

Дел од Карпош и Сарај утре без струја


Дел од корисниците од улицата „Варшавска“ во општина Карпош утре од 9 до 11 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Од 9 до 13.30 часот, без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Љубин, а од 9 до 14.30 часот, корисниците од селата Раовиќ и Паничари во општина Сарај. Како што […]

Со пари од ТАВ се прави пат во Сарај


Премиерот Димитар Ковачевски и првиот вицепремиер Артан Груби ја посетија Општина Сарај, по повод реконструкцијата на патот Буковиќ-Раовиќ, еден од 94-те инфраструктурни проекти од ТАВ програмата во износ од 49,7 милиони евра. Патот Буковиќ-Раовиќ е во завршна фаза на реализација, долг е шест километри и ги поврзува двете села. Износот на инвестицијата е 748 илјади […]

Утре без струја делови од општините Петровец, Сопиште, Кисела Вода, Центар и Сарај


Неколку улици во скопските општини Петровец, Сопиште, Кисела Вода, Центар и Сарај, утре ќе останат без електрична енергија. Како што информираат од Центарот за управување со кризи во периодот од 08:05 до 12:35 часот, без електирчна енергија ќе бидат корисниците од улица „1“ лоцирани на потегот од основното училиште во Петровец кон село Ржаничино, како […]

Дивоградбата на Матка не може да се сруши, во Сарај немале инспектори


Дрвена конструкција и скали што водат од патеката кај кањонот директно до водите на езерото Матка. На таблите со натпис на англиски јазик: „Возење со чамец – Ќенан“ пишува дека се нуди прошетка низ вештачкото езеро што чини 200 денари. Цена пониска отколку на конкуренцијата. Платформа со штици што наликува како иден подиум за кафуле […]

Најважното ветување


Ќе направам Сарај да биде економски развиен и урбанизиран, викна митингашки лани кандидатот за градоначалник, Блерим Беџети. Ја бараше довербата од триесетината илјади граѓани на општината Сарај, колку што се запишани во избирачкиот список. Како главни проекти беа наведени изградба на поликлиника и ревитализација на езерото Треска. Беше крај на септември и почеток на октомври […]

Од ОНА сакаат и другите сметки да им бидат платени


Сарај – Мрачен четврточен ден во скопски Сарај. Дупките на главната улица изгледаат уште подлабоки, прашината го стеснува погледот, но успевате да забележите дека покрај патот има голем број празни дуќани. Некои се издаваат, други се затворени со години, трети веќе преадаптирани. Нема некоја раздвиженост, иако станува збор за сообраќајница што го поврзува Сарај со […]

Момче од роднина со закани барал да му ја даде ќерката за жена


Деветнаесетгодишно момче му се заканувало на роднина дека ќе го убие доколку не му ја даде ќерката за жена. Од МВР соопштија дека во Полициското одделение Сарај Е.Б. (46) од с.Љубин-скопско, пријавил дека од страна на неговиот внук Е.Б. (19) му била загрозена сигурноста. Преку вибер, Е.Б. му испратил пораки со закана дека ќе го […]

Исчезнат скопјанец пронајден мртов


Шеесет и деветгодишниот Е.О. од скопското село Грчец, кој во понеделникот дена беше пријавен за исчезнат, вчера е пронајден мртов. Неговиот син го здогледал мртвото тело околу 7.30 часот во пошумениот дел од Горни Грчец, по што повикал полиција. По извршениот увид, телото е предадено за обдукција, која што треба да ги открие причините за […]