Распоредувањето американски сили на Блискиот Исток не е само за заплашување на Иран


САД распоредуваат воздушни и поморски сили на Блискиот Исток со две цели-– заплашување на Техеран и да се осигури опција за евентуален напад врз Иран ако пропаднат преговорите за нуклеарната програма на Техеран, изјавија неименувани извори за Си-ен-ен. Според нив, американски воени авиони стационирани во Велика Британија, вклучително и танкери за дополнување гориво, се приближуваат […]

Ројтерс: Трамп се подготвува да започне повеќенеделни напади на Иран


  Американската војска се подготвува да спроведе серија операции во следните неколку недели доколку Доналд Трамп нареди воена акција против Иран. Ова го објави Ројтерс, повикувајќи се на двајца американски функционери кои зборуваа под услов на анонимност. Според нив, планирањето на операција против Техеран овој пат е посложено отколку што беше за претходните напади врз […]

Приходите од царини во САД се зголемија за околу 300 проценти


Владата на САД објави дека приходите од царината се за 304 проценти повисоки отколку во истиот период минатата година, што доведе до намалување на буџетскиот дефицит. Само во јануари, вкупно 30 милијарди долари се собрани преку царински давачки, а 124 милијарди долари од почетокот на фискалната година, објави Си-Ен-Ен. Владата, исто така, соопшти дека евидентирала […]

Ќе купуваме ЛНГ од САД: Што предвидува Рамковниот договор за трговија со Македонија


  Соединетите Американски Државии и Република Северна Македонија постигнаа  Рамковен договор за реципрочна, фер и балансирана трговија за зајакнување на билатералните економски односи, што ќе им обезбеди на извозниците на двете земји проширен пристап до пазарите на другите, објави синоќа Белата куќа. „Договорот ќе ги зајакне нашите трговски односи, ќе ги поддржи заедничките стратешки интереси, […]

Мицкоски: Продлабочување на стратешкото партнерство со САД


Објавата на Белата куќа на заедничката изјава меѓу САД и Македонија за реципрочна трговија претставува јасен сигнал за продлабочување на стратешкото партнерство и потврда за силната поддршка што Македонија ја ужива од САД, вели премиерот Христијан Мицкоски. Тој на својот фејсбук-профил пишува дека по договорот за партнерство со Обединетото Кралство и затворањето на постмониторинг-дијалогот со Советот на […]

Двајца убиени во пукотница на американскиот кампус


Две лица се убиени, а едно е рането во пукотница што се случи во студентскиот дом на Државниот универзитет во Јужна Каролина доцна во четврток, што доведе до итно блокирање на кампусот. Инцидентот, според соопштението објавено на Фејсбук страницата на универзитетот, се случил околу 21:15 часот по локално време во студентскиот дом „Хуџин Свитс“, објавува […]

Мицкоски очекува убава вест од САД за царините


Премиерот Христијан Мицкоски изјави предпладнево дека денеска очекува убава вест од САД за царините за македонските производи. „Да очекувам убава вест. Изминатите месеци жестоко преговаравме, се сеќавате кога излегуваа тогаш опозициските, условно кажано медиуми, кои што критикуваа како Македонија добила 34 отсто тарифи и не знам што и не знам како“, изјави Мицкоски одговарајќи  на […]

САД се повлекуваат од две важни команди во НАТО, ги преземаат европски генерали


САД ќе предадат две исклучително високи командни места во НАТО – во Неапол, Италија и Норфолк, Вирџинија – на европски офицери, изјави вчера  воен извор за британските медиуми. Одлуката е во согласност со барањата на американскиот претседател Доналд Трамп европските нации да преземат поголема одговорност за сопствената безбедност. Неговата администрација сака НАТО, долго доминиран од […]

Кризата околу Гренланд ја зголеми популарноста на данските мобилни апликации за бојкот на американски производи


Создавачите на мобилни апликации што им помагаат на клиентите да идентификуваат и бојкотираат американски производи велат дека забележале пораст на интересот во Данска и пошироко по неодамнешните зголемени тензии околу притисокот на американскиот претседател Доналд Трамп за Гренланд. Создавачот на апликацијата „Made O’Meter“, Иан Розенфелд, вели дека на врвот на трансатлантската дипломатска криза кон крајот […]

САД денеска организираат „глобална коалиција“ за ретките минерали


Откако се врати на функцијата, во јануари минатата година, американскиот претседател Доналд Трамп ја спроведува својата политика „Америка на прво место“ и им се заканува на традиционалните сојузништва, но неговата администрација денеска, на средба со претставници на над 50 земји, ќе се обиде да создаде „глобална коалиција“ за стабилно снабдување со ретки минерали. Кина, како […]

Повторно блокада на владата на САД, одложено објавувањето на клучни економски податоци


Втор пат за четири месеци, затворањето на федералната влада на САД го одложи објавувањето на клучните економски податоци. Бирото за статистика на трудот на САД (BLS) потврди дека поради делумното затворање на владата, нема да го објави својот извештај за работни места во јануари оваа недела, како и други важни податоци за пазарот на трудот. […]

Белата куќа и демократите постигнаа договор за финансирање, избегната блокада на владата


Демократите и републиканците во американскиот Сенат постигнаа договор за привремено финансирање на Министерството за внатрешна безбедност (ДХС) со цел да се избегне нова блокада на работата на владата. Договорот го поддржа и американскиот претседател Доналд Трамп, јави Еуроњуз. Двете страни се согласија да го издвојат финансирањето на внатрешната безбедност од сеопфатниот закон за буџет и […]

САД денеска и формално се повлекоа од Парискиот договор за климата


 Во согласност со минатогодишната изјава на американскиот претседател, Доналд Трамп, САД денеска и формално се повлекоа од Парискиот договор за климата, клучна меѓународна рамка за борба против глобалното затоплување. Повлекувањето на САД, втор најголем емитер на стакленички гасови во светот, по Кина, веројатно ќе зададе дополнителен удар врз напорите за борба против климатските промени, објавува […]

Историска бура: Приватен авион се урна при полетување во САД


Приватен авион со осум лица се урна при полетување на Меѓународниот аеродром Бангор во американската држава Мејн, објави CNN. Состојбата на лицата во авионот кога се случила несреќата е непозната. Инцидентот е пријавен во 19,45 часот по локално време, а во него учествувал авион „Бомбардиер Челинџер 650“. „Екипите за итни случаи остануваат на местото на […]

Најмалку седум лица загинаа во зимската бура што ги погоди САД


Зимската бура што ги погоди САД усмрти седум луѓе, а стотици илјади домови се без електрична енергија. Поради лошите временски услови затворени се училишта, патишта, откажани се летови од Тексас до Нова Англија. Најмалку двајца починаа од хипертермија во Лујзијана, и по две лица во Тексас, Тенеси и Канзас. Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани пред […]

Поради снежната бура откажани околу 12.000 летови низ САД


Околу 12.000 летови низ САД закажани за викендот беа откажани денеска откако голема снежна бура и мраз предизвика хаос низ целата земја, заканувајќи се да предизвика прекини во електричната енергија. Околу 140 милиони луѓе, или повеќе од 40 проценти од населението на САД, беа под предупредувања за зимска бура од Ново Мексико до Нова Англија. […]

Голема зимска бура во САД. Откажани 9.000 летови, милиони луѓе под закана на студот


Голема зимска бура им се заканува на Соединетите Американски Држави, предизвикувајќи откажување на повеќе од 9.000 летови закажани за викендот. Милиони луѓе се под закана, а властите стравуваат од неколкудневни прекини на електричната енергија и блокади на главните патишта, пишува АП. Предупредување за зимска бура е издадено за околу 140 милиони луѓе во областа од […]

Европа е сè уште важна, но не е приоритет, се наведува во новата Стратегија за национална одбрана на САД


САД ќе останат клучен сојузник на НАТО и партнер на Европа, но како приоритет ќе ја постават одбраната на земјата и одвраќањето на Кина, според новата верзија на Стратегијата за национална одбрана на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, која беше објавена доцна синоќа и цитирана од ДПА. Во документот се наведува дека Вашингтон ќе продолжи […]

Трамп ја презира Европа. А Европа мора да се одлучи што да прави со тоа


  Откако претседателот Трамп го искажа својот презир кон Европа, нејзините лидери ќе се соберат во Брисел в четврток за да разгледаат што следи. Длабочината на јазот меѓу претседателот Трамп и Европа беше целосно очигледна во средата, кога Трамп одржа говор во Давос, Швајцарија, изразувајќи го својот презир кон имиграциските политики на Европа, нејзините регулативи […]

Германските компании речиси ги преполовија своите инвестиции во САД откако Трамп се врати на власт


Германските компании се многу повнимателни кога станува збор за инвестирање во САД бидејќи нивните директни инвестиции во првата година од вториот мандат на претседателот Доналд Трамп се речиси преполовени, се нагласува во студијата на Германскиот економски институт (IW). Од февруари до ноември 2025 година, германските директни инвестиции во САД се намалиле за 45 проценти, на […]