САД бараат итна седница на СБ на ОН за Венецуела


САД побараа утре да биде свикана итна седница на Советот за безбедност на ОН, на која ќе се разговара за ситуацијата во Венецуела, откако силите на претседателот Николас Мадуро ги спречија конвоите со странска хуманитарна помош да влезат во земјат. Вашингтон врши притисок од 15-члениот Совет формално да повика на слободни и фер претседателски избори […]

„Катимерини“: Филип Рикер нов помошник државен секретар на САД


Поранешниот американски амбасадор во Скопје, Филип Рикер е новиот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, објави грчкиот весник „Катимерини“, без притоа да е наведен изворот на информацијата, јави МИА од Атина. Според грчкиот весник, Рикер доаѓа на местото на Вес Мичел, а должноста ќе ја презеде во март. Од 2014 до 2017 […]

ЕУ подготвена да возврати ако САД воведат царини за европските возила


Европската комесарка за трговија Сесилија Малмстром изјави дека има „целосна поддршка“ од земјите членки на ЕУ, Унијата да возврати доколку американскиот претседател Доналд Трамп воведе царини за увоз на автомобили и автомобилски делови од Европа. Малмстром информира дека европските министри за трговија разговарале за трговските односи на Унијата со Вашингтон за време на денешниот неформален состанок […]

САД: Изјавите на Путин се пропаганда


САД како пропаганда ја оценија изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека Москва ќе одговори соодветно на секое ново поставување на американски нуклеарни ракети во близина на Русија. САД сметаат дека тоа е пропаганда, која има за цел да го пренасочи вниманието од руското кршење на Договорот за уништување на ракети од среден и краток […]

Шанахан: САД се посветени на НАТО


– Вршителот должност министер за одбрана на САД Патрик Шанахан изјави денеска дека поддржува силно НАТО и оти САД се посветени на Алијансата. – Нашата обврска врз основа на член 5 останува несменета и САД ќе продолжи да ги предводи и поддржува евроатлантското единство и безбедност, изјави тој пред новинарите во Брисел. По дводневните разговори […]

Поради невреме затворени училиштата во северозападниот дел на САД


Во повеќе американски сојузни држави училиштата се затворени поради снегот и ледените бури што повторно го зафатија северозападниот дел на САД. Во сојузната држава Вашингтон во текот на месецот забележани се три снежни бури, а снежната покривка изнесува 36 сантиметри. Според метеоролозите се очекуваат снег да паѓа и во текот на денот. Северна Калифорнија односно […]

Снег го изненади северозападот на САД, Сиетл блокиран


Граѓаните на Сиетл, кои се навикнати на дожд, ги изненади снегот, па се шегуваат дека северозападот на САД се соочува со „снежна апокалипса“. Делови од северозападот на САД се погодени од необично големи наноси од снег, а се работи за дел од Америка кој повеќе навикнал на дожд, па снежната бура ги изненади и властите […]

Амбасадата на САД го честита потпишувањето на Протоколот за НАТО


Амбасадата на САД во Скопје преку Фејсбук го честиташе денешното потпишување на Протоколот за членство на Македонија во НАТО. -Честитки за овој историски чекор, пишува на на фејсбук статусот на Амбасадата. Амбасадорот Џес Бејли и вработените во Амбасадата заеднички го следеле потпишувањето на Протоколот. Меѓу 29-те потписници на Протоколот за членство на Македонија во НАТО […]

Влатко Ѓорчев на средба со портпаролката на Трамп


Еден од претседателските кандидати на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, кој е во САД бидејќи е поканет да присуствува на традиционалниот појадок во Вашингтон со американскиот претседател, се сретна со Сара Сандерс, портпаролка на Доналд Трамп. „Денес имав можност да се сретнам со Сара Хакаби Сандерс, портпаролка на Белата куќа на претседателот на САД, Доналд Трамп. За […]

Димитров во посета на САД


Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска и утре ќе престојува во работна посета на Вашингтон, САД, каде што ќе има повеќе средби со претставници на американската администрација, Конгресот и тинк-тенк заедницата. Како што соопшти МНР, Димитров утре ќе се обрати на трибина посветена на иднината на Македонија и Југоисточна Европа, организирана […]

Помпео: САД ја поздравуваат одлуката на Парламентот на Грција за ратификација на Договорот од Преспа


САД ја поздравуваат одлуката на Парламентот на Грција да го ратификува Договорот од Преспа и нагласија дека решението на деценискиот спор ќе придонесе идната Република Северна Македонија да го завземе своето место во НАТО и ЕУ. „ САД ја поздравуваат одлуката на грчкиот парламент за ратификување на Преспанскиот договор. Лидерите на Грција демонстрираа визија, храброст и […]

Оваа недела Сенатот ќе гласа за деблокада на Владата на САД


Лидерот на републиканците во американскиот Сенат, Мич Меконел изјави денеска дека Сенатот оваа недела ќе се изјасни за предлогот на претседателот Доналд Трамп, со кој треба да заврши делумната блокада на Владата на САД. Меконел потсети дека Трамп пред три дена понуди предлог кој е претставен како компромис и со кој може да се реши […]

Американски шпионски сателит лансиран во орбитата


САД– Ракетата „Делта 4 Хеви“ со американски шпионски сателит вчера е лансирана од Калифорнија. Ракетата беше лансирана од воздухопловната база Ванденберг. Лансирањето минатата година беше одложувано повеќепати од различни причини, меѓу кои истекување на хидроген, силни ветрови и проблеми со опремата за комуникација на Земјата.

Таен состанок на претставници на САД и на Северна Кореја во Шведска


Високи претставници на САД и на Северна Кореја имале денеска ненајавен состанок во Стокхолм. Според претставник од шведското Министерство за надворешни работи, на состанокот присуствувал заменикот министер за надворешни работи на Северна Кореја, Чо Сон Хви и специјалниот претставник на САД за Северна Кореја, Стивен Бигун. – Тоа се само разговори од мал формат во […]

Бугарскиот Парламент одобри купување осум борбени авиони „Ф-16“ од САД


Бугарскиот Парламент одобри план на Владата за купување осум нови борбени авиони Ф-16 од САД што треба да ги заменат старите руски авиони МИГ-29. Зделката е повеќе од милијарда долари, а според министерот за одбрана Красимир Каракачанов преговорите ќе траат четири месеци. Првиот состанок со американски партнери ќе се одржи во февруари во Брисел.

Во САД почнаа да се чувствуваат последиците од блокадата на Владата


Вашингтон– Американските федерални службеници и туристите почнаа да ги чувствуваат последиците од блокадата на Владата, јавуваат локалните медиуми. Додека претседателот Доналд Трамп и членовите на Конгресот преговараат, околу 800.000 вработени во федералната Влада се прашуваат кога ќе ја добијат следната плата. За тоа време, улиците на Вашингтон се пусти, поради затворените музеи кои се финансираат […]

Ненси Пелоси нов претседател на Претставничкиот дом на САД


САД– Претставничкиот дом на САД на денешната конститутивна седница за свој нов претседател ја избра демократката Ненси Пелоси. За изборот на Пелоси гласаа 220 конгресмени во 435-члениот Долен дом на американскиот Конгрес. Ова ќе биде втор мандат на 78-годишната Пелоси на местото прв човек на Претставничкиот дом, откако на оваа функција беше и од јануари […]

Коснет: 2019 треба да биде година на договор меѓу Косово и Србија


Амбасадорот на САД во Приштина, Филип Коснет изјави дека очекува 2019 година да биде годината во која ќе се постигне конечниот договор меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Коснет за косовскиот портал на српски јазик „Коссев“ изјави дека Вашингтон сака да види „еден креативен и сеопфатен договор меѓу двете земји“. – […]

Пад на индексите на Берзата на Волстрит


По вчерашниот најголем дневен раст на вредноста на индекси на Њујоршката берза од март 2009 година, денеска на стартот на нејзиното берзанско работење, индикаторите бележат пад. Индексот Дау Џонс се намали за 300 поени, откако вчера забележа раст од речиси 1.000 индексни поени. Стандард енд Пурс 300 имаше пад од 1,3, а Насдак од 1,6 […]

Сенатот на САД не постигна договор за спречување на делумната блокада на Администрацијата


САД – Членовите на Американскиот Сенат не успеаја да постигнат компромис околу законот за финансирањето на федералните институции, со што би се спречила делумната блокада на Администрацијата, што започна од ноќеска на полноќ по локално време во Вашингтон (6 часот утрово по средноевропско време). Лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Мекконел соопшти дека синоќешната сенатска […]