Во првата година од пандемијата, најнизок раст на населението во САД од основањето на државата


Растот на населението во САД во првата година од пандемијата на коронавирус падна на најниска стапка од основањето на државата бидејќи пандемијата ја ограничи имиграцијата, влијаеше на одложувања на бременоста и предизвика смрт на стотици илјади жители на САД. Населението на САД пораснало за само 0,1 отсто од јули 2020 година до јули оваа година, или за 392.665 луѓе, според […]

Јапонија ќе плати 13,6 милијарди долари за американските војници на нејзина територија


Јапонија – Јапонија и САД постигнаа договор дека Токио ќе плати  13,64 милијарди долари во текот на следните пет години за американските војници стационирани на јапонска територија. Како што јави денеска јапонската телевизиска мрежа НХК дека Договорот ќе важи од април следната година и ќе трае пет години. Во просек, Јапонија ќе плаќа 211 милијарди јени […]

Трагедија во САД: Седум члена на едно семејство починале во сон


  Најмалку седум члена на едно семејство во семејната куќа во Минесота најдени се мртви, а веројатно починале во сон. Како што јавува „Дејли меил“, татко, мајка, три деца, вујна и внука, најдени се мртви во куќата, а властите се сомневаат дека починале од труење со гас. Властите за сега не ги потврдуваат тврдењата на […]

САД донира дополнителни 1,78 милиони дози од вакцината на Фајзер на Бангладеш


САД донираа уште 1,78 милиони дози вакцина против коронавирус од Фајзер/БиоНТек на Бангладеш во обид да и помогнат на јужноазиската земја да ја зајакне својата кампања за имунизација на младите над 12 години, соопшти американската амбасада во Дака. „Американскиот народ донираше вкупно 18,5 милиони дози вакцини за Ковид-19 на Бангладеш“, се вели во соопштението на […]

Воздухопловните сили на САД неуспешно тестираа хиперсонична ракета


 Новото тестирање на американската хиперсонична ракета AGS-183A во рамките на програмата ARRW (Air-Launched Rapid Response Weapon) беше неуспешно, објави специјализираниот портал The War Zone, цитирајќи претставник на американските воздухопловни сили. Според ограничените информации објавени од воздухопловните сили, властите во четвртокот тестирале хиперсонична ракета што требало да биде лансирана од стратешкиот бомбардер Б-52. Локацијата на лансирањето […]

Во САД отпуштени од работа 103 маринци, одбиле вакцина против Ковид-19


Маринскиот корпус во САД отпушти 103 припадници на службата затоа што одбиле да ја примат вакцината против Ковид-19, откако војската почнува да спроведува извршни дејствија за спроведување на одлуката за задолжителна вакцинација на војниците, јави Си-Ен-Ен. Досега, 95 отсто од активните маринци се вакцинирани, покажуваат најновите податоци од Маринскиот корпус, но службата сè уште ги […]

САД се закануваат со санкции против политичари од Република Српска


САД– Вршителот на должност помошник секретар во американското Министерство за финансии Пол Ахерн денеска ги предупреди политичарите на Република Српска дека ќе се соочат со финансиски санкции доколку продолжат да ја дестабилизираат БиХ. Според соопштението објавено од американската Амбасада во БиХ, американскиот функционер разговарал со водечките претставници на БиХ во Сараево во последните денови, и им пренел […]

Со американска донација од 475.000 долари реновирани просториите во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“


Со американска донација од 475.000 долари реновиран е објектот во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“, кој е оперативен штаб на Единицата за брзо распоредување. Донирано е и едно санитетско возило за потребите на оваа Единица. На пригодната церемонија по повод пуштањето во употреба на реновираниот објект на која присуствуваше и американската амбасадорка во нашата држава Кејт […]

САД ќе донираат дополнителни милион дози вакцини на Авганистан


САД– САД ќе донираат дополнителни милион дози вакцини против Ковид-19 во Авганистан, изјави американскиот специјален пратеник за Авганистан, Томас Вест. „САД им понудија на народот во Авганистан дополнителни милион дози од вакцината против Ковид преку програмата Ковакс“, објави Вест на Твитер. Тој напомена дека САД донирале 4,3 милиони дози во Авганистан и истакна дека оваа […]

Американскиот Сенат го одобри буџетот за одбрана за 2022 година што ќе изнесува 768 милијарди долари


САД– Американскиот Сенат го одобри нацрт-буџетот за одбрана на земјата за 2022 година, по што овој многу битен дикумент ќе му биде испратен на потпис на претседателот Џо Бајден. „Документот беше поддржан од мнозинството сенатори“, се наведува во соопштението објавено на интернет страницата на американскиот Законодавен дом. Со тоа финансискиот проект беше поддржан од двата […]

Во САД од Ковид-19 починаа над 800.000 луѓе


САД– Повеќе од 800.000 Американци досега починаа од последици од Ковид-19, што е најголем национален број на смртни случаи во глобалната пандемија. Во САД бројот на потврдени случаи достигна 50 милиони, Најголем број смртни случаи се регистрирани помеѓу невакцинираните и повозрасните лица. Повеќе Американци починаа во 2021 отколку во 2020 година. Во САД повторно е […]

Отпуштени 27 припадници на воздухопловните сили на САД, одбиле да се вакцинираат


Воздухопловните сили на САД соопштија дека 27 војници биле отпуштени откако одбиле да се вакцинираат против Ковид-19. Пентагон ја прогласи во август вакцината за задолжителна за сите припадници на војската, а повеќето активни војници примија најмалку една доза. Портпаролката на воздухопловните сили Ен Стефанек рече дека војниците добиле шанса да објаснат зошто одбиле да бидат […]

Во САД бројот на починати од Ковид-19 достигна 800.000 лица


Бројот на смртни случаи од Ковид-19 во СAД достигна 800.000, додека земјата се подготвува за потенцијален нов бран поради повеќе собири во затворени простории во текот на зимските месеци и високо заразниот сој Омикрон. Бројот на жртви од коронавирусот во САД сега го надминува целото население на Северна Дакота. И покрај достапноста на вакцината, оваа […]

Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Кентаки по смртоносни торнада


Американскиот претседател Џо Бајден прогласи состојба на голема катастрофа во Кентаки, откако во петокот серија смртоносни торнада ја погодија сојузната држава, изјави претставник на администрацијата. Таквата одлука го отвора патот за дополнителна федерална помош. Донесување таква одлука вчера официјално побара гувернерот на Кентаки, Енди Бешер. Гувернерот оцени дека торнадата се најразорните во историјата на државата, […]

САД ќе испратат војници во Источна Европа при евентуална инвазија на Русија врз Украина


САД– САД имаат намера да испратат војници не во Украина, туку во соседните НАТО земји, во случај на евентуална инвазија на Русија. Ова синоќа го соопшти американскиот претседател Џо Бајден, одговарајќи на прашања на новинари во Вилмингтон, во државата Делавер, каде го минува викендот. Неговата изјава веднаш беше објавена на интернет страницата на Белата куќа. […]

САД ја испраќаат Карен Донфрид за посредник во спорот меѓу Украина и Русија


САД- Американскиот помошник државен секретар за европски прашања, Карен Донфрид, следната недела ќе ги посети Украина и Русија за да разговара за воените тензии на границата меѓу двете земји, соопшти вечерва американското Министерство за одбрана. Донфрид од понеделник до среда ќе престојува во Киев и Москва, а со претставниците на земјите домаќини ќе разговара за посветеноста […]

(Видео) Смртоносни торнада оставија пустош во САД – повеќе од 70 жртви, најлошо е во Кентаки


Метеоролог го нарече апсолутно чудовиште, а Бајден изјави дека станува збор за „незамислива трагедија“   Најмалку 30 торнада се пријавени во шест американски сојузни држави. Најлошиот удар се случи во Кентаки, од каде доаѓаат ужасни слики од уништени домови, цркви, пренатрупани патишта… Расте бројот на жртви, кој веќе се искачи на 79. Претседателот Џо Бајден […]

Зошто инфлацијата е толку висока и колку е опасна?


Највисока стапка на инфлација во сад од 1982 година. Сега таа изнесува 6,8 отсто   Потрошувачките цени во САД скокнаа за 6,8 отсто во ноември 2021 година во однос на претходната година – што е највисока стапка на пораст од 1982 година, според податоците на Бирото за статистика на трудот објавени на 10 декември 2021 […]

ЕУ и САД го осудија негирањето на масакрот во Рачак


Србија– Европската унија и САД го осудија негирањето на масакрот на албанските цивили во селото Рачак, на Косово во 1999 година, посочувајќи дека ова злосторство е „добро документирано“, пишува Радио Слободна Европа. Министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, одговори дека нивна желба е тој да не биде во Владата на Србија, јави дописникот на МИА од […]

Двајца мртви во серија торнада што го зафатија централниот дел на САД (видео)


САД – Силно невреме, проследено од најмалку 19 торнада, доцна синоќа погоди пет држави во централниот дел на САД, предизвикувајќи големи штети. Откако едно од торнадата погоди старечки дом во местото Моне, во сојузната држава Арканзас, судијата на округот Крегхед, Марвин Деј,изјави дека едно лице загинало. -Сите беа извадени од домот за стари лица и […]