САД планираат нови царини за Канада и Мексико


Американскиот трговски претставник, Џејмисон Гриер, синоќа изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп планира воведување нови царини за партнерите од договорот за слободна трговија меѓу САД, Мексико и Канада (УСМКА). Гриер наведе дека Вашингтон има сериозни нерешени прашања во трговските односи со Канада и оти е неопходно воведување царини поради големиот трговски дефицит. „Ќе мора […]

Повеќе луѓе повредени при експлозија во фабрика за хартија во САД


Повеќе лица се повредени при денешната експлозија во фабриката за целулоза и хартија „Нипон“ во градот Лонгвју, во американската сојузна држава Вашингтон. Властите не прецизираа колку луѓе се повредени, а локалните жители се предупредени да го избегнуваат реонот, каде се случи експлозијата. Фабриката е лоцирана на реката Колумбија, на граница со сојузната држава Орегон. 

Додека трае примирјето и преговорите САД го нападнаа Иран со ракети


  САД започнаа напади врз јужен Иран како тест на седумнеделното примирје, откако двете страни ги намалија надежите за непосреден мировен договор дури и кога преговарачите од Техеран започнаа нови разговори во Катар. Американските сили ги таргетираа местата за лансирање ракети и бродовите што се обидуваа да постават мини, соопшти во вторникот американската централна команда […]

Американската војска повторно го нападна Иран


Американската војска соопшти дека извршила напади во јужен Иран, таргетирајќи места за лансирање ракети и бродови кои се обидувале да постават мини, и покрај прекинот на огнот меѓу двете земји. Централната команда на САД (CENTCOM) во соопштението изјави дека нападите биле преземени во „самоодбрана“ и дека нивната цел била „да ги заштитат нашите трупи од […]

Администрацијата на Трамп воведува ново правило за аплицирање за „Зелена карта“


Странските државјани кои сакаат да аплицираат за американската „Зелена карта“, во иднина ќе мора да ја покренат процедурата надвор од територијата на САД, согласно новото правило на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, јави агенцијата ДПА. Службата за државјанство и имиграција на САД (УСЦИС) вчера соопшти дека отсега секој странски државјанин кој престојува привремено во САД, […]

Отворањето на американскиот конзулат на Гренланд предизвика протести


  НУУК, Гренланд – Инаугурацијата на новиот американски конзулат во главниот град на Гренланд во четврток предизвика големи протести, претворајќи го она што Вашингтон се надеваше дека ќе биде кулминација на еднонеделната офанзива за шармирање во неуспех во односите со јавноста. Околу 1.000 луѓе се собраа пред новиот комплекс од 3.000 квадратни метри во Нуук, […]

Трамп и Нетанјаху планирале на чело на Иран да го донесат омразениот Ахмадинеџад. Планот се распадна


  Додека официјален Вашингтон и Ерусалим тврдат дека целта на војната против Иран била ограничена на уништување на нуклеарните и воените капацитети на Техеран, нов извештај на „Њујорк тајмс“ открива дека наводно зад сцената се разработувал многу поамбициозен план. Според американските претставници запознаени со операцијата, Израел и САД ја разгледале можноста за соборување на иранскиот […]

Цената на горивото експлодираше во Америка, се размислува за укинување на даноците


Министерот за енергетика на САД, Крис Рајт, вчера изјави дека администрацијата на Доналд Трамп може да размисли за привремено укинување на федералниот данок на гориво. Како што објави Си-Ен-Ен, Рајт истакна дека Белата куќа поддржува „скоро сите мерки“ што се обидуваат да ги намалат цените на бензинските пумпи. „Да, оваа администрација ги разгледува сите потези […]

Авион во САД при полетување удри и уби човек на пистата


Авион на „Фронтиер ерлајнс“ удри и уби пешак на пистата на Меѓународниот аеродром во Денвер додека се подготвувал за полетување доцна во петокот навечер, потврдија властите. Инцидентот предизвикал краток пожар на моторот и сите 224 патници и членови на екипажот биле евакуирани од авионот, јавува Би-Би-Си. Аеродромот соопшти дека човекот скокнал преку надворешна ограда и […]

САД добија 13,5 килограми збогатен ураниум, нк не од Иран


Министерството за енергетика на САД објави дека, од истражувачи реактор во Каракас се отстранети 13,5 килограми високо збогатен ураниум. Операцијата, според соопштението, е спроведена со соработка на САД со Велика Британија и Венецуела и е опишана како „победа за светот“, додека материјалот е префрлен во објектот на Министерството за енергетика на САД во Јужна Каролина, […]

Трошоците за авионско гориво во САД се зголемија за 1,8 милијарди долари


Големите патнички авиокомпании потрошија малку повеќе од пет милијарди долари за гориво за авиони во март, што е за 1,8 милијарди долари или 56 проценти повеќе отколку во февруари, објави Министерството за транспорт. Цената по галон гориво во март изнесуваше 3,13 долари, што е зголемување од 74 центи или 31 процент во споредба со февруари. […]

Бензинот во САД не бил поскап уште од јули 2022 година


Просечната цена на бензинот во САД се искачи на 4,51 долари за галон, што е највисоко ниво од јули 2022 година, покажаа податоците на компанијата „GasBuddy“. Растот на цените се поврзува со продолжувањето на конфликтот во Иран и нарушувањата во Ормуската Теснина, клучен правец за глобален транспорт на нафта каде сообраќајот е ограничен. Според наводите […]

САД повеќе не планираат да испраќаат помош за Украина. Хегсет: Европа треба да ја финансира


Предлогот за федералниот буџет на САД за 2027 година не вклучува наменски средства за Иницијативата за безбедносна помош на Украина (USAI), клучна програма преку која се доставува воена помош во Киев. Информациите беа откриени за време на сослушувањето на Комитетот за вооружени сили на американскиот Сенат, објавува Украинска правда. Хегсет: Европа треба да го преземе […]

Пентагон: САД ќе повлечат 5.000 војници од Германија


САД ќе повлечат 5.000 војници од Германија, објави Пентагон. Главниот портпарол на Пентагон, Шон Парнел, изјави вчера дека се очекува повлекувањето да биде завршено во следните шест до 12 месеци. Овој потег доаѓа во услови на растечки тензии меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Европа околу војната во Иран. Трамп претходно оваа недела се закани […]

САД се „понижени“ и надмудрени од Иран, изјави Фридрих Мерц


  САД се „понижени“ од раководството на Иран, според Фридрих Мерц, германскиот канцелар, кој посочи дека администрацијата на Трамп е надмудрена на преговарачката маса од страна на Техеран. Пред два дена, Доналд Трамп го откажа патувањето на американските преговарачи во Исламабад за индиректни разговори со иранска делегација. Претходната рунда во пакистанската престолнина две недели претходно, […]

САД го одобрија првиот голем договор за подморници во рамките на АУКУС


САД го одобрија првиот голем договор за подморници според безбедносниот пакт АУКУС, пренесе ДПА. Договорот вреден 196 милиони долари, доделен на американската компанија „Electric Boat“, вчера беше објавен од американската влада. Според безбедносниот договор од 2021 година, Австралија ќе набави подморници на нуклеарен погон со поддршка од Велика Британија и САД, заедно со соработка во […]

Израел: Ништо нема да произлезе од договорот меѓу Американците и Иранците, подготвени сме веднаш да ја продолжиме војната


Израел се сомнева дека ќе се постигне договор меѓу Иран и Соединетите Американски Држави во очекуваните преговори меѓу нив и се подготвува заедно со Вашингтон за продолжување на војната, изјави висок безбедносен службеник за јавната служба Кан. „Иранците се обидуваат да купат време и зборуваат со многу различни гласови. Ние и Американците сме координирани и […]

(Видео) САД запленија брод под иранско знаме во близина на Ормуз, Техеран вети одговор


Американските сили пресретнаа и презедоа контрола врз товарен брод под иранско знаме во Оманскиот Залив, откако се обидел да ја пробие поморската блокада во близина на Ормуската Теснина, изјави претседателот Доналд Трамп, додека Техеран вети дека ќе одговори. Иран „наскоро ќе одговори“, пренесе Press TV, медиум близок до раководството на земјата, цитирајќи ја врховната заедничка […]

Осум деца убиени во пукотница во САД, најмладата жртва било едногодишно бебе 


Властите објавија дека осум деца се убиени во семеен спор во американската држава Луизијана. Пукањето се случило околу 6 часот наутро во неделата во градот Шривпорт, изјави началникот на полицијата Вејн Смит. Тој додаде дека вкупно десет лица биле застрелани. Најмладата жртва имала една година, а најстарата 14 години, според официјални лица. Според достапните информации, […]

САД ги прошируваат визните ограничувања за земјите од Западната хемисфера


Администрацијата на американскиот претседател Трамп ги проширува визните ограничувања за да ги заштити националните интереси во Западната хемисфера, според објавената Стратегија за национална безбедност. Целта е да се спречат конкурентските сили да ја загрозат безбедноста и просперитетот на САД во регионот, да се зајакне американското лидерство и да се обезбеди пристап до клучните рути и […]