Спасувачите во јужните делови на САД тргаат по преживеани по торнадото


  Спасувачи забрзано трагаат по преживеани во урнатините на куќите, откако неколку торнада поминаа низ јужните делови на САД, а најмалку девет лица загинаа во невремето во сојузните држави Алабама и Џорџија, јавија светските агенции. Националната метеоролошка служба соопшти дека е забележана штета од торнадо во најмалку 14 окрузи во Алабама и пет во Џорџија, […]

Инфлацијата во САД забави и во декември


  Инфлацијата во САД забави и во декември, како одраз на благ пад на цените на горивото, покажаа владините податоци во четвртокот. Годишната стапка на инфлација падна на 6,5 отсто во декември, што е најниско ниво од октомври 2021 година, објави Министерството за труд. Во ноември беше 7,1 отсто, а во октомври 7,7 отсто. Таа […]

Во САД обновени домашните летови


 Во САД обновени се сите домашни летови откако беа суспендирани поради дефект во компјутерскиот систем за следење летови. Првите авиони што полетаа беа од Атланта и од аеродромот Њуарк во областа Њујорк, објави американската Федерална управа за авијација (ФАА) на Твитер. Според ФАА постигнат е напредок во отстранувањето на компјутерски дефект поради што беа приземјени авионите. Претходно во САД беа […]

Кевин Мекарти конечно избран за спикер на Претставничкиот дом по 15 рунди гласање


  Републиканскиот лидер Кевин Мекарти беше избран за претседател на Претставничкиот дом на САД со драматично гласање доцна во ноќта, откако го задуши повеќедневниот револт од блокот на крајнодесничарските конзервативци за конечно да го добие спикерскиот чекан во историскиот 15-ти обид со само 216 гласови, во раните утрински часови во саботата. Изборот на Мекарти, републиканец […]

Три дена. Единаесет гласања. Сѐ уште нема спикер на Претставничкиот дом на САД


  Републиканскиот лидер на Претставничкиот дом, Кевин Мекарти, не успеа во неговиот последен обид да биде избран за спикер во парализата на американската влада што не е забележана од ерата пред Граѓанската војна. Група десничари во неговата партија го исфрли од колосек единаесеттиот обид да го изберат на третиот ден од гласањето. Републиканците го презедоа […]

САД месечно ќе примаат и до 30 илјади мигранти од Куба, Хаити, Никарагва и Венецуела


До 30.000 мигранти од Куба, Хаити, Никарагва и Венецуела месечно ќе примаат САД, додека се заоструваат ограничувањата за тие кои сакаат да влезат илегално, изјави висок американски функционер. – Тие мерки ќе ги прошират и забрзаат правните патишта за уредна миграција и ќе резултираат со нови последици за тие кои нема да ги користат тие […]

Првата зимска бура во САД донесе снег, дожд и торнада


Првата голема зимска бура шти ги зафати САД донесе интензивни врнежи од снег и смрзната лапавица на пространството од северните рамнини до Големите езера, како и закани за појави на торнада и поплави во јужните делови на земјата. Националната метеоролошка служба предвидува обилни снежни врнежи од 2,5 до 7,5 сантиметри на час во делови на […]

Хаос меѓу републиканците во САД – не можат да изберат спикер на Претставничкиот дом


  ВАШИНГТОН – Републиканците во Претставничкиот дом на САД ќе го отворат вториот ден од новиот Конгрес слично како и првиот – со лидерот Кевин Мекарти кој се обидува да стане претседател на Домот и покрај поразот во неколку круга гласање што го фрли новото мнозинство на Републиканската партија во хаос. Тоа беше прв пат […]

Анкета: Приближно 80 отсто од Американци очекуваат економски проблеми во 2023 година


Голем дел од Американците очекуваат економски тешкотии и во новата година, откако високите трошоци за живот и инфлацијата ја влошија 2022 година, покажуваат денеска објавените резултати од најновата анкетата на Галуп. Речиси 80 отсто од испитаниците очекуваат дека новата година ќе донесе поголеми економски тешкотии од 2022 година, а две третини од нив предвидуваат голем пораст на цените, покажува истражувањето […]

САД се загрижени поради усогласувањето на Кина со Русија


САД се загрижени за усогласувањето на Кина со Русија додека Москва ја продолжува својата инвазија врз Украина, соопштија САД откако рускиот и кинескиот претседател Владимир Путин и Си Џинпинг одржаа видео средба. Портпаролот на американскиот Стејт департмент изјави дека Пекинг тврди дека е неутрален, но неговото однесување јасно покажува дека сè уште инвестира во блиски врски со Русија, објави британскиот весник […]

(Видео) Зимската бура во САД и Канада однесе 60 животи


Најмалку 56 лица досега ги загубија животите во силната зимска бура која ги погоди САД и Канада за време на празничниот викенд и се уште трае, јавува Би-Би-Си. Официјални лица соопштија дека 28 лица загинале во американската сојузна држава Њујорк, од кои повеќето во Бафало, бидејќи застрашувачката зимска бура продолжува да ја зафаќа Северна Америка. […]

Американските авиокомпании откажаа илјадници летови поради смртоносната зимска бура


  Силната зимска бура што ги зафати САД предизвика откажување на илјадници летови за време на долгиот божиќен викенд. Вкупниот број на откажувања денеска изнесува 2.767. Доцнеле 5.319 летови. Според веб-страницата за следење летови FlightAware, само Southwest Airlines откажала 725 летови, а 103 летови биле одложени. Во петокот беа откажани 1.238 летови на Southwest. China Eastern Airlines […]

Нестварни слики од „најлошата од најлошите снежни бури“ некогаш забележана


  Милиони луѓе останаа заковани во длабокиот мраз во неделата за време на зимската бура која уби најмалку 25 луѓе ширум Соединетите Држави и се очекува да однесе повеќе животи откако зароби некои жители во куќите со големи снежни наноси и ја прекина струјата на неколку стоици илјади домови и деловни објекти. Фотографииве што ги […]

„Божикен пекол“ во САД: Гигантска зимска бура остави милиони без струја


  Зимската бура која синоптичарите ја нарекоа „Елиот“ во петокот се засили во цилонска бомба во близина на Големите езера на САД, носејќи силни ветрови и услови за снежна бура од северните рамнини до западниот и северниот дел на Њујорк, заедно со опасни по живот поплави, замрзнување и патувачки хаос. Откажувањето на авиокомпаниите надмина 5.700 […]

(Видео) Арктичка бура за Божик во САД: Температури од -45, се очекува хаос


  Илјадници летови се откажани откако американските метеоролози вчера предупредија на „потенцијално парализирачки временски услови во средниот и источниот“ дел на земјата, кои би можеле да создадат широки нарушувања во сообраќајот за време на празниците. „Ова не е како снежен ден кога сте биле дете. Ова е сериозна работа3, порача американскиот претседател Џо Бајден. Spectacular […]

Студен бран кој се случува „еднаш во генерација“: Голема зимска бура во САД, температури од минус 45 степени


Големата зимска бура што ќе ги погоди САД оваа недела би можела на делови од земјата да го донесе најстудениот Божиќ во последните четири децении, велат метеоролозите. Студениот бран „еднаш во генерација“ што започна на северозападниот дел на Пацификот во вторникот пред да се пресели на исток ќе стане „циклон на бомби“ до петок, јавува […]

Американската администрација ослободува лекови од националните резерви поради премногу болни од грип


  Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден соопшти дека поради прераното појавување на грипот, ќе пушти одредени дози на лекови за грип на рецепт од Стратешките национални залихи во државите чии жители сè уште ги полнат лекарските ординации низ земјата. Локалните медиуми јавија дека луѓето кои сакале да земаат лекови без рецепт поради зголемениот број […]

САД ќе и испорачаат на Украина напреден систем за противвоздушна одбрана „Патриот“


САД ќе ѝ испорачаат на Украина напреден систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ за да и помогнат во спротивставувањето на воздушните напади на Москва, објави Стејт департментот. – Денешната помош за првпат вклучува систем за противвоздушна одбрана „Патриот“, способен да соборува крстосувачки ракети, балистички ракети со краток дострел и авиони на значително повисок плафон од претходно […]

САД го обвинија Гутереш дека попуштил пред руските закани


  САД го обвинија генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш дека „очигледно попуштил пред руските закани“ и оти не испратил официјални лица во Украина за да ги проверат беспилотните летала што ги користи Русија, за кои Вашингтон тврди дека се од Иран. Велика Британија, Франција, Германија, САД и Украина истакна дека со испораката на […]

Безбедносно известување од Амбасадата на САД поради дојавите за бомби во земјава


Амбасадата на Соединетите Американски Држави во земјава издаде безбедносно известување за граѓаните поради дојавите за бомби. На веб-страницата на Амбасадата на САД се апелира дека „доколку се најдете на локација на која има дојава за бомба, следете ги упатствата на лицата одговорни за безбедноста и полицијата“. Се наведува и дека поради потенцијално зголемен криминал за време на […]