Ле Мер: Франција води независна политика од САД


Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер изјави дека Франција и Европа сакаат да го следат патот на независна политика од Соединетите Американски Држави и Кина, но имаат намера да бидат „силни и сигурни сојузници на САД“. На маргините на пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка, тој рече дека постоела силна координација […]

Прогласена за виновна мајката на детето кое пукаше во учителката во училиште во Вирџинија


Големата порота во американската сојузна држава Вирџинија ја прогласи за виновна мајката на шестгодишното дете кое пукаше во учителката, под обвинение за занемарување и загрозување на детето со тоа што му бил достапен пиштолот на обвинетата во семејната куќа, соопшти обвинителот.  Мајката има 25 години. Детето на 6 јануари пукаше и ја повреди учителката Еби […]

Го пренесувал во живо на Инстаграм: Вработен во банка во Луисвил убил петмина свои колеги


Конор Старџен (25), вработен во банка во градот Луисвил, во американската сојузна држава Кентаки, уби петмина свои колеги, меѓу кои и близок пријател на гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар. Американските медуими пренесуваат дека нападот го пренесувал во живо на Инстаграм. Полицијата пристигнала на местото на злосторството додека се уште се слушале истрели во зградата на […]

САД истражуваат од каде протекуваат доверливи документи


Протекувањето на доверливи воени документи кои беа објавени на социјалните мрежи ги вознемири американските служби, кои се обидуваат да го идентификуваат изворот за кој некои безбедносни експерти се сомневаат дека може да биде некој од САД. Официјални лица рекоа дека опсегот на темите опфатени во документите, од војната во Украина до прашањата поврзани со Кина, […]

Во торнадо во југоисточен Мисури загинаа најмалку четири лица


Најмалку четири лица загинаа во торнадо што го погоди југоисточниот дел на Мисури рано во средата, додека екипите за итни случаи трагата по жртви во уништените домови и деловни објекти. Смртта била пријавена во округот Болингер, каде што повеќе локални агенции учествуваат во спасувачката операција, изјави началникот на полицијата Кларк Парот за Ројтерс. Тој додаде […]

Оружени напади во училиштата во САД: Стотици убиени и повредени во изминатите две децении


Во изминатиот век, Соединетите Американски Држави често беа сцена на вооружени напади во училиштата и образовните институции од сите нивоа, а крвавите напади продолжија и во изминатите две децении на 21 век, во кои стотици ученици, наставници и друг персоналот го загубија животот. Пукањето и контролата на оружјето се едно од најитните прашања во историјата […]

Пекинг ги отфрли критиките од Џенет Јелен, вели дека ФЕД ги предизвикал проблемите со долговите во светот


Проблемите со долговите во светот се влошиле поради зголемувањето на каматните стапки од Федералните резерви на САД, тврдат од кинеската Влада Кина ги нарече „неодговорни“ и „неразумни“ изјавите на американската министерка за финансии Џенет Јелен, која рече дека кредитните активности на Пекинг ги оставаат земјите во развој „заробени во долгови“. Кинеската Влада соопшти дека проблемите […]

(Видео) Нови детали за нападот во училиштето во САД, објавена снимка од напаѓачката


Вчера, три деца и тројца возрасни беа убиени во пукање во приватно основно христијанско училиште во Нешвил, на југот на САД. Нападот го извршила 28-годишна жена идентификувана како Одри Елизабет Хол, поранешна ученичка во училиштето, која била убиена од полицијата на местото на настанот. Убиените деца биле на возраст меѓу осум и девет години. Џон […]

САД предвидуваат 106,2 милиони долари за поддршка на реформите на Балканот во 2023 година


Во предлог-буџетот на Стејт департментот за фискалната 2023 година, во делот што предвидува помош за надворешни операции, предвидени се 106,2 милиони долари за Западен Балкан, објави вечерва Гласот на Америка. Како што е наведено во официјалниот документ на Стејт департментот, се планира американска помош за Косово, Босна и Херцеговина, Србија, Северна Македонија, Албанија и Црна […]

Петмина мртви, од кои три деца, во напад во дом на американски војник


Поранешен војник застрела и уби активен припадник на американската војска и три деца во дом во Јужна Каролина пред да се застрела, соопштија денеска официјални лица. Двајца американски официјални лица потврдија дека станува збор за воени лица. Полицијата соопшти дека се пронајдени телата на три деца и двајца мажи, а се претпоставува дека едниот од […]

Заштитата на Украина не е витален интерес на САД, вели можниот кандидат на Републиканците за претседател


Гувернерот на сојузната држава Флорида и можен претседателски кандидат на Републиканската партија на претседателските избори следната година, Рон де Сантис, во интервју за Фокс Њуз изјави дека заштитата на Украина не е витален интерес на САД. Де Сантис одговори на прашалникот испратен од водителот на Фокс Њуз, Такер Карлсон, до потенцијалните претседателски кандидати на Републиканската […]

Амбасада на САД: На Црна Гора ѝ се потребни вонредни парламентарни избори


Амбасадата на САД во Подгорица изрази загриженост поради напорите на старото парламентарно мнозинство за формирање нова влада и оцени дека на Црна Гора и се потребни вонредни парламентарни избори. Во изминатите денови медиумите објавија дека премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, се обидува да ја реконструира владата на која парламентот и изгласа недоверба во август. […]

Угледен адвокат од САД ги убил сопругата и син му поради своите финансиски злоупотреби


Поротата во Јужна Каролина (САД) вчера го прогласи поранешниот угледен адвокат Ричард А. Мардо за виновен за убиството на неговите сопруга и син, по шестнеделните сослушувања што го привлекоа вниманието на јавноста ширум земјата. По тричасовно заседавање, 12-члената порота го прогласи Мардо (54) за виновен за убиство на Меги (52) и Пол (22), кои биле […]

САД одобри продажба на оружје за Тајван во вредност од 619 милиони долари


САД одобрија потенцијална продажба на оружје за Тајван во вредност од 619 милиони долари, а во оваа сума се вклучени и ракети за борбени авиони Ф-16, во моменти кога Тајван секојдневно јавува за упад на кинеските воздухопловни сили во неговиот простор за воздушна одбрана. Продажбата на оружје веројатно дополнително ќе ги влоши и онака заладените […]

Се урна болнички авион во Америка, пет лица загинаа


СВЕТСе урна болнички авион во Америка, пет лица загинааОбјавено пред 2 минути – 25 февруари, 2023Од Макфакс Пет лица загинаа, меѓу кои пациент и медицински персонал, при уривање на болнички авион во американската сојузна држава Невада. Несреќата се случила околу 21 часот и 15 минути во петокот вечерта, кога диспечерскиот центар на округот Лион почнал […]

САД ќе воведат царина од 200 отсто на алуминиумот од Русија


Почнувајќи од 10 март САД ќе воведат царина од 200 отсто за алуминиумот произведен во Русија, соопшти денеска Белата куќа, најавувајќи широк спектар на санкции поради руската инвазија на Украина. Според Белата куќа, САД од 10 април, исто така, ќе воведат царина од 200 отсто за увезениот алуминиум што содржи алуминиум од Русија. Рускиот алуминиум […]

Соборениот кинески балон бил насочен кон Хаваи, но излетал од курсот


Американски претставници веруваат дека кинескиот балон што беше соборен откако прелета над континенталниот дел на САД првично бил на траекторија што би го однела над Гуам и Хаваи, но ветровите го однеле од курсот. Ова го изјави американски функционер кој сакаше да остане анонимен. Балонот, за кој Вашингтон го обвинува Пекинг дека го користи за […]

САД треба да докажат дека не го уништиле Северен тек, тврди Руската амбасада во САД


САД треба да се обидат да докажат дека не стојат зад уништувањето на гасоводот „Северен тек“ што ја поврзуваше Русија со Западна Европа, соопшти Руската амбасада во САД. Москва смета дека уништувањето на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ во септември минатата година е „акт на меѓународен тероризам“ и нема да дозволи тоа […]

Американската војска ги извлече од океанот сензорите од кинескиот балон


Сензори од наводниот кинески шпионски балон соборен над САД се пронајдени од Атлантскиот Океан, соопшти американската војска. Екипите за пребарување пронајдоа „значителни остатоци, вклучително и идентификувани делови од сензори и електроника“, соопшти војската на САД. ФБИ ги испитува предметите за кои САД тврдат дека биле користени за шпионирање на чувствителни воени локации. САД соборија уште […]

Тројца убиени и петмина повредени во пукање во американски универзитетски кампус


Три лица се убиени, а петмина се ранети откако маж отвори оган во кампусот на државниот универзитет во Мичиген во градот Лансинг. Нападот се случил нешто по 20:00 часот по локално време (01 GMT) во зграда на универзитетот. – Откако отворил оган таму, вооружениот напаѓач заминал во друга зграда и продолжил да пука, рече Крис […]