Русија не исклучува контакти со САД во наредните денови


Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека не исклучува можност за контакти со претставници на САД во наредните денови. Оваа најава доаѓа по денешните разговори меѓу САД и Украина во Саудиска Арабија, како и по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој најави дека очекува разговор со рускиот претседател Владимир Путин оваа недела. Трамп, зборувајќи […]

Западно разузнавање: Путин поставува невозможни барања за Украина


  Владимир Путин нема намера да прави отстапки во разговорите за ставање крај на непријателствата во Украина, пишува Блумберг. Тој не е подготвен на компромиси за окупираните територии, неутралниот статус на Украина или западните мировници. Путин упати намерно „максималистички“ барања пред разговорите за ставање крај на војната за кои знае дека најверојатно ќе бидат неприфатливи […]

Америка е најголемиот светски извозник на оружје. Европа би требало да знае


Соединетите Држави го зголемија своето водство пред другите нации како најголем светски извозник на оружје, а Европа сега е нејзин главен клиент. САД учествуваа со 43 отсто од глобалниот извоз на оружје меѓу 2020 и 2024 година, повеќе од четири пати повеќе од уделот на Франција, вториот по големина извозник во светот, според новите податоци […]

САД нема да споделуваат податоци за загадениот воздух. Научниците: Тоа е голем удар


Американската влада ќе престане да ги споделува податоците за квалитетот на воздухот собрани од нејзините амбасади и конзулати, предизвикувајќи загриженост кај локалните научници и експерти кои велат дека програмата е клучна за следење на глобалниот квалитет на воздухот и заштита на јавното здравје, пренесува Си-Ен-Ен. Како одговор на барањето на Асошиејтед прес, Стејт департментот пред […]

Кина им се заканува на САД: „Големите сили не треба да ги малтретираат послабите“


  Пекинг решително ќе се спротивстави на американскиот притисок за царините и прашањето за фентанил, рече кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји, додавајќи дека големите сили „не треба да ги малтретираат послабите“, алудирајќи на надворешната политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Министерот Ванг ја претстави Кина како сигурна глобална сила во услови […]

Трамп повторно ја доведува во прашање посветеноста на САД кон НАТО


Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја доведе во прашање посветеноста на САД кон НАТО, нагласувајќи дека САД не треба да им помагаат на земјите кои, според него, не трошат доволно за сопствената одбрана. „Ако не платат, нема да ги бранам“, изјави американскиот претседател пред новинарите во Белата куќа, додавајќи дека земјите-членки на НАТО „треба да […]

Канада има одговор за царините на Трамп – извозот на нафта и гас


 Канада потенцијално би можела да го искористи извозот на нафта и гас како преговарачка алатка доколку ескалира спорот со САД околу царините за канадскиот извоз, изјави министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Џоли. Канада се заканува дека ќе воведе царини на американски увоз во вредност од околу 108 милијарди американски долари, но се уште […]

Европските лидери се подготвуваат за нивниот кошмарен самит „од 5 минути до полноќ“


Европската унија е навикната на кризи, но претстојната би можела да ги надмине сите претходни. Имено, додека 27-те лидери на земјите-членки се собираат во Брисел в четврток, знаат дека целата безбедносна архитектура по 1945 година – онаа која зависи од поддршката на САД – може да се урне во секој момент. Откако Доналд Трамп се […]

Хегсет: САД се подготвени за војна со Кина


Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет денеска изјави дека „Соединетите американски држави се подготвени за војна“, откако Кина објави дека е подготвена за секаков вид војна со САД. -Ние сме подготвени, рече тој. Тој посочи дека поради тоа САД ја обновуваат својата војска и предупреди дека Америка живее во опасен свет, со моќни земји и […]

САД планираат да отпуштат повеќе од 80.000 вработени во Министерството за прашања на ветераните


 Американското Министерство за ветерани  планира да отпушти повеќе од 80.000 вработени, или 15 отсто од својата работна сила, објави  синоќа секретарот Даг Колинс, како дел од драстичните намалувања што ги најави претседателот Доналд Трамп во федералниот апарат. „Нашата цел е да го намалиме бројот на вработрени во Одделот за ветерани на нивоа од 2019 година […]

САД ја „преиспитуваат“ суспензијата на помошта за Украина


Прес секретарката на Белата куќа Каролин Левит изјави синоќа дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп „ја преиспитува“ паузата за испраќањето помош за Украина. Таа не кажа дефинитивно дали и паузата во размената на разузнавачки информации со Украина е привремена или трајна. По вербалниот судир со украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела во Белата куќа, […]

Само што започнав, порача Трамп во обраќањето до Конгресот


Американскиот претседател Доналд Трамп го одржа своето инаугуративно обраќање пред двата дома на Конгресот во кое ги презентираше активностите на неговата администрација во првите 40 дена и најави дополнителни мерки, опишувајќи го првиот месец од неговиот мандат како најуспешен во американската историја. „Првиот месец од мојот мандат е најуспешен во историјата“, тврди Трамп, наведувајќи го […]

Кремљ: Разговори меѓу Русија и САД откако амбасадите ќе бидат во функција


Малку е веројатно дека преговорите меѓу Русија и САД за Украина ќе започнат додека дипломатските претставништва на двете земји не почнат да работат со полн капацитет, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. На прашањето кога се очекува да започнат овие преговори, Песков рече дека тоа е малку веројатно додека амбасадите не бидат целосно оперативни. На […]

Како дојде до царини и што значат тие за економиите на САД, Канада и Мексико


Новите царини на американскиот претседател Доналд Трамп од 25 отсто за увоз од Мексико и Канада денеска стапија на сила, како и удвоените тарифи за кинески стоки на 20 отсто, што предизвика нови трговски конфликти со трите главни трговски партнери на САД. Царините, кои би можеле да влијаат на речиси 2,2 трилиони долари во двонасочната […]

САД и Русија започнаа тајни преговори за рестартирање на „Северен тек“


  За време на неговиот прв претседателски мандат, Доналд Трамп се бореше против германската влада, барајќи таа да се откаже од изградбата на „Северен тек 2“, па дури и да воведе санкции против него. Сега неговата администрација се обидува да преговара со Кремљ за рестартирање на гасоводот и обновување на испораките за Германија со американско […]

Њујорк Тајмс: САД ги суспендираат кибер операциите против Русија како дел од напорите за подобрување на односите


Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет и нареди на американската кибер команда да ги запре офанзивните кибер операции против Русија, во обид да ги обнови односите со Русија и да постигне договор со Москва за мир во Украина, објави денеска Њујорк Тајмс. Во извештајот на американскиот весник, во кој се цитираат изјави на актуелен функционер […]

Американски стартап испорачува 6.000 дронови FPV на Украина без кинеска технологија


Со цел да се зголемат воените способности на украинските сили, во САД се одржа натпревар за стартап компании за купување и производство на беспилотни летала FPV. Договорот претставува највисока стапка на производство за кој било американски производител на беспилотни летала до сега. Процесот на селекција за овој договор започна со 260 конкурентни компании, кои поминаа […]

Економијата на САД стагнира, невработеноста не се намалува


Во САД постои неизвесност околу најавените увозни царини и кратењето на државните работни места, при што економијата стагнира додека невработеноста не се намалува, јавуваат дел од американските медиуми повикувајќи се на мислења на аналитичари и економисти. Во четвртото тромесечје од 2024 година бруто домашниот производ на земјата  пораснал на очекуваните 2,3 отсто, соопшти денеска Министерството […]

Зошто Путин конечно преговара?


Додека американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин размислуваат за средба во наредните недели, можеби е корисно да се праша зошто Москва сега се чини дека е склона да стави крај на војната во Украина. Три години по конфликтот, Путин му покажа на светот дека не се грижи за крвопролевањето. И, ако неговата […]

На црната листа на САД има 46 лица и компании од Македонија


  Соединетите Американски Држави (САД) имаат 398 активни санкции за поединци, компании и организации од Западен Балкан, според податоците од 31 јануари 2025 година, според истражувањето на Гласот на Америка. Убедливо најголем број санкции се однесуваат на Босна и Херцеговина (БиХ) – 177, потоа Србија (80), Косово (60), Северна Македонија (46), Албанија (23) и Црна […]