РФМ полноправна членка на медитеранското ракометно семејство


На денешниот,седми конгрес на Медитеранската ракометна конфедерација, Македонија беше примена во медитеранското семејство како полноправна членка, објави Македонската ракометна федерација. Конгресот на Медитеранската конфедерација се одржа во рамките на изборниот конгрес на Меѓународната ракометна федерација во главниот град на Египет, Каиро. Нашата земја досега имаше статус на придружна членка. Наредната година во февруари, на Медитерански […]

РФМ и Пивара Скопје одбележаа 45 години партнерство


Во присуство на македонските ракометни репрезентативци, Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и компанијата Пивара Скопје денес на свечена церемонија потпишаа Договор за спонзорство и одбележаа на 45 години партнерство. Продолжувањето на соработката беше поздравено од Огњен Лазиќ-генерален директор на Пивара Скопје, Александар Стефанов претседател на РФМ и Филип Миркуловски – спортскиот директор на машките репрезентации. […]

РФМ објави конкурс за избор на официјална маскота


Ракометната федерација на Македонија (РФМ) објави денеска конкурс за избор на официјална маскота која ќе биде заштитен знак на македонскиот ракомет на домашната и меѓународната сцена. Конкурсот ќе биде отворен до 15 декември и на истиот можат се пријават сите заинтересирани. Идејното решение на маскотата, како што е соопштено, треба да го „претставува нашиот ракометен […]

РФМ ја одреди цената за дуелот на ракометарките со Словенија во Битола


Македонската женската ракометна репрезентација на 19.октомври го игра натпреварот против Словенија од квалификациите за ЕП 2026. Дуелот ќе се игра во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола со почеток во 18 часот. РФМ објави дека денеска почна продажбата на влезници за натпреварот и тоа online на интернет-страницата на МК Тикетс (https://mktickets.mk). Влезници можат да се […]

Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија


 Ракометната федерација на Македонија (РФМ) денеска за нов претседател го избра Александар Стефанов, давајќи му доверба на досегашниот член на Управниот одбор да го води македонскиот ракомет во следните четири години. Стефанов беше избран за прв човек на РФМ со акламација на редовното изборно Собрание во Скопје како единствен кандидат, на местото на долгогодишниот претседател […]

РФМ ќе поднесе жалба за судењето на мечот со Холандија


Генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Филип Милошевски, најави дека РФМ ќе поднесе жалба до ИХФ за делењето на правдата на средбата со Холандија. -За 12 години во ракомет не сум видел натпревар со повеќе пенали, повеќе украдени топки, повеќе искалкулирани фаули. Во превод… дробење. Досега ретко сме се жалеле, може двапати до сега, […]

РФМ приходот од ракометниот спектакл ќе го донира во „СОС Детско село“


  Ракометната федерација на Македонија, со особена чест и задоволство го најавува мечот на деценијата, во чии рамки спортските сили ќе ги одмерат ракометните ветерани и актуелните репрезентативци на ревијален, пријателски натпревар, кој ќе се одигра на 3 јануари 2023 година со почеток во 19 часот, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ и истиот ќе биде […]

РФМ ќе субвенционира 40 отсто од износот на билетите за натпреварите на националниот тим во Скопје на 5, 7 и на 9 ноември


  Ракометната федерација на Македонија ќе субвенционира 40 отсто од износот на билетите за натпреварите на националниот тим од претстојното Ракометно првенство за жени  во Скопје, соопшти РФМ. Станува збор за билети од категорија 2 и од категорија 3, купени во периодот од 2 до 9 ноември 2022 година преку овластените агенции „Евентим“ и „МК […]

РФМ ја исплати премијата од 40.000 евра на сениорската репрезентација за пласман на ЕП 2020


Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 40.000 евра на машката сениорска репрезентација за пласманот на Европското Првенство кое ќе се одржува во Австрија, Норвешка и Шведска 2020 година. Македонските репрезентативци го освоија првото место во квалификациската група за ЕП во која уште се наоѓаа и репрезентациите на Исланд, Турција и Грција, со што […]

Брестовац е нов селектор на ракометната репрезентација на Македонија


Тренерот на РК Металург, Данило Брестовац, денеска на прес-конференцијата што се одржа во „Холидеј Ин“ во Скопје, беше официјално претставен пред медиумите како нов селектор на Сениорската машка репрезентација на Македонија. Данило Брестовац до јуни паралелно ќе извршува две функции – тренер на Металург и селектор на кадетите и сениорите. Тој вели дека е подготвен […]

Раул не е повеќе селектор на Македонија


Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) денеска соопшти дека ја прекинуваат соработката со Шпанецот Раул Гонзалез по взаемна согласност. – Земајќи ја предвид потребата машката А-селекција да има стратег кој секојдневно ќе биде посветен и во тек со сите збуднувања поврзани со репрезентацијата, како и оддалеченоста и професионалните клубски обврски на досегашниот селектор, обете страни пријателски и фер […]

Мукаетов за ракометарите: Ме засрамивте во Кожани


Живко Мукаетов „распали“ по ракометарите. Претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) на вчерашниот состанок на Управниот одбор (УО) упати грст критики кон националниот тим за бледите игри во квалификациите за Европското првенство во 2020 година. Особено се осврна на поразот од Грција во Кожани, но предупреди и на потребата за менување на односот во […]

„Халкбанк“ официјален спонзор на РФМ


„Халкбанк“ од денеска е официјален спонзор на Ракометната Федерација на Македонија. Договорот за годишно спонзорство помеѓу Халкбанк и Ракометната Федерација на Македонија, беше потпишан денеска. На претстојниот утрешен квалификациски натпревар помеѓу репрезентацијата на Македонија и Турција за Европското првенство во 2020 година, ракометарите на Македонската репрезентација за прв пат ќе носат дресови со логото на Халкбанк. […]

Мукаетов: Комплименти до Раул, поединци да ги остават суетите дома


Претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов на денешното редовно Годишно собрание се осврна на настапот на репрезентацијата на Европското првенство во Хрватска. Тој изрази задоволство од прикажаното во Загреб, во првата групна фаза, но и забелешки за игрите во Вараждин во вториот дел од шампионатот. „Настапот во првата фаза беше максимално успешен. […]