Руте: Русија е на ред да го направи следниот чекор во преговорите за мир со Украина


 Русија е на ред да го направи следниот чекор во преговорите за мир со Украина, изјави генералниот секретар на НАТО Марк Руте во Анталија. – Украина е подготвена за прекин на огнот и итни преговори, додаде Руте кој во турскиот туристички град Анталија учествува на неформалниот состанок на министри за надворешни работи од земјите членки […]

Руте: Зајакнувањето на одбранбените капацитети на Кина е зачудувачко


Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, го опиша зајакнувањето на кинеските одбранбени капацитети како „зачудувачко“. Тој го изјави ова за време на неговата посета на Јапонија, која започна денеска и има за цел да го прошири влијанието на Алијансата во азиско-пацифичкиот регион. „Да не бидеме наивни во однос на Кина. Јакнењето на нејзините вооружени сили, […]

Руте: Целосно сум убеден дека НАТО ќе продолжи да постои и САД ќе бидат дел од Алијансата


Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте на денешната прес-конференција пред дводневниот Самит на министрите за одбрана истакна дека е убеден дека Алијансата ќе продолжи да постои и САД ќе бидат дел од сојузот. – САД повеќепати го потврдија членот 5 од Вашингтонскиот договор, но јасно кажаа дека очекуваат од сојузниците повеќе да трошат на одбраната. […]

Руте: Четворицата американски војници кои исчезнаа за време на воена вежба во Литванија се загинати


Четворицата американски војници кои исчезнаа за време на воена вежба во Литванија загинаа, изјави генералниот секретар на НАТО Марк Руте. Тој додаде дека се уште не знае детали за тоа што се случило со војниците. Генералниот секретар, кој е во посета на Полска, рече дека неговите мисли во овој момент се со семејствата на четворицата […]

Руте: Нема да дозволиме безбедносен вакуум во БиХ како во 1992 година


НАТО целосно ги поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина и порачува дека мора да се почитува Дејтонскиот мировен договор, како камен темелник на мирот во земјата, истакна денеска во Сараево генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте.  – Секоја активност што ги поткопува Дејтонскиот договор, уставниот поредок или националните институции, е неприфатлива. Поттикнувачката […]

Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп


Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте изјави дека побарал од украинскиот претседател Володимир Зеленски да најде начин да ги поправи односите со Трамп, пренесоа светските агенции. „Она што му го кажав на претседателот Зеленски е: „Верувам, драг Володимир, дека вие треба да најдете начин да ги поправите вашите односи со Доналд Трамп и американската администрација“, […]

Руте: Европа е подготвена да и даде безбедносни гаранции на Украина


Европа е подготвена да преземе иницијатива за обезбедување безбедносни гаранции за Украина, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по вчерашната вонредна средба за Украина во Париз. „Европа е подготвена и има волја да се активира, да преземе иницијатива за да и овозможи безбедносни гаранции на Украина“, рече Руте, истакнувајќи дека тоа е клучниот заклучок […]

Трет ден на Давос: Руте бара зголемена поддршка за Украина заради постигнување траен мир со Русија


Генералниот секретар на НАТО Марк Руте ги повика светските лидери да ја „засилат, а не да ја намалуваат“ поддршката за Украина, со цел земјата да влезе во евентуални мировни преговори со Русија во најдобра можна позиција, пренесува Гардијан. Руте истакна дека е клучно да се „промени текот на војната“, предупредувајќи дека фронтот се движи во […]

Руте: Длабоко сум загрижен за безбедносната ситуација во Европа


„Длабоко сум загрижен за безбедносната ситуација во Европа“, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, пред европратениците од Комитетот за надворешни работи и за безбедност и одбрана во Европскиот парламент во Брисел. „Иднината на европската и глобалната безбедност зависи од исходот на војната во Украина. Сите сакаме оваа војна да заврши. Но, пред сe, […]

Руте: Членките на НАТО мора да издвојуваат повеќе од два отсто од БДП за одбраната


Одвојувањето за трошоци за одбраната од два отсто од националните БДП не е доволно и земјите членки на НАТО ќе мора да издвојуваат повеќе средства за зајакнување на своите одбранбени капацитети, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте на прес-конференција пред почетокот на дводневниот состанок на шефовите на дипломатиите на Пактот, на кој учествува […]

Руте: Севернокорејските трупи во Европа се пресвртна точка


Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во текст за „Политико“ наведува дека севернокорејските трупи на европска територија се историски факт – и тоа од погрешни причини. – Русија првпат по еден век покани странски војници во земјата. Тоа има неверојатна цена. Русија има околу 1.200 жртви дневно, повеќе од 600.000 од февруари 2022 година. И […]

Руте очекува функциите во ЕУ да се распределат според договорот на трите групи во ЕП


Холандскиот премиер во заминување Марк Руте денеска изјави дека очекува договорот на лидерите на ЕУ за распределба на водечките позиции да биде таков како што се договориле трите политички групи во Европскиот парламент. „Очекувам дебати, но трите центристички политички семејства се договорија. Мислам дека договорот ќе биде таков, но ќе треба да видиме“, изјави Руте […]

Руте: Голема чест е што сум назначен за генерален секретар на НАТО


Холандскиот премиер Марк Руте денеска, откако беше официјално назначен за следен генерален секретар на НАТО, изјави дека Алијансата ќе остане камен-темелник на колективната безбедност на нејзините членки. „Извонредна чест е да се биде назначен за генерален секретар на НАТО. Алијансата е и ќе остане камен-темелник на нашата колективна безбедност. Водењето на оваа организација е одговорност […]

Марк Руте е новиот генерален секретар на НАТО


НАТО официјално го именува холандскиот премиер во заминување Марк Руте за нов шеф на Алијансата откако амбасадорите од сите 32 земји-членки го одобрија неговото назначување. „Северноатлантскиот совет одлучи да го назначи холандскиот премиер Марк Руте за следен генерален секретар на НАТО, наследувајќи го Јенс Столтенберг“, се вели во соопштението на Алијансата. Руте беше силно поддржан […]

НАТО в среда формално ќе го назначи Руте за следен шеф


НАТО официјално ќе го именува холандскиот премиер во заминување Марк Руте за нов шеф на Алијансата в среда, откако амбасадорите од сите 32 земји-членки одобрија негово назначување, соопштија дипломати. Дипломати од неколку земји на НАТО нагласија дека Руте, кој беше силно поддржан од САД, ќе ја преземе функцијата од сегашниот генерален секретар Јенс Столтенберг кога […]

Руте ќе биде новиот генерален секретар на НАТО


 Холандскиот премиер во заминување Марк Руте ќе биде следниот генерален секретар на НАТО, откако сите 32 членки на Алијансата се договорија тој да го наследи Јенс Столтенберг, објави бриселскиот портал Политико. По поддршката од Унгарија и Словачка пред два дена, Романија денеска потврди дека ќе гласа за Руте, откако романскиот претседател Клаус Јоханис ја повлече […]

Руте: БиХ направи доволно за да добие старт на преговорите, но не и да ја усогласиме Преговарачката рамка 


Холандија ќе го поддржи предлогот на Европската комисија за старт на преговорите за членство со Босна и Херцеговина, но во исто време пред да се усогласи преговарачката рамка земјата мора да ги спроведе сите неопходни чекори наведени во Извештајот на ЕК, изјави денеска холандскиот премиер Марк Руте при пристигнувањето на Самитот на ЕУ.  – Босна […]

Руте: ЕК да си „го затегне ременот“, наместо да бара уште пари од земјите членки


Европската комисија треба да го затегне ременот, наместо да бара од земјите на ЕУ дополнителни средства, изјави холандскиот премиер Марк Руте коментирајќи го предлогот на ЕК за ревизија на Повеќегодишната финансиска рамка (МФФ) на Унијата за периодот 2021-2027 година, со кој се бараат дополнителни 66 милијарди евра. Во предлогот на Еврокомисијата се наведува дека тие […]

Холандскиот премиер Руте му ја врачи оставката на кралот откако владејачката коалиција се распадна


Холандскиот премиер Марк Руте денеска го посети кралот и му ја врачи оставката на неговата четирипартиска коалиција, што ќе значи дека поделената Холандија ќе оди кон општи избори оваа година, јавија светските агенции. Кралот Вилем-Александар се врати од семеен одмор во Грција за да се сретне со Руте. Проблемот со ограничувањето на миграцијата, кој со […]

Руте во Приштина: ЕУ не треба да го вперува прстот во „виновникот“ во косовско-српскиот спор


Премиерот на Холандија, Марк Руте, кој заедно со неговиот луксембуршки колега, Ксавиер Бетел, престојува денеска во Косово, изјави дека неговата држава ги поддржува Косово и Србија на патот на дијалогот со цел нормализирање на односите меѓу двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина. Обраќајќи им се на новинарите по средбата со косовскиот премиер, Албин […]