Украински командант во Покровск: „Ова повеќе не е бојно поле, туку гробишта“


  Додека украинските сили се борат да го задржат Покровск, притисокот од руските трупи расте на фронтовската линија во регионот Запорожје, околу 88 километри југозападно. Јужната команда на Украина во среда соопшти дека нејзините сили се повлекле од селото Ривнополе, што е последното во серијата повлекувања од областа од вторник. Повлекувањето ги донесе руските трупи […]

Откритие на АјСтори: Србија ѝ издавала пасоши на руската елита по инвазијата на Украина


Српските власти издале пасоши на десетици Руси поврзани со Кремљ од почетокот на сеопфатната инвазија на Украина, објави денеска порталот за истражувачко новинарство IStories, цитирајќи владини податоци. Вкупно 204 Руси биле натурализирани како српски државјани во периодот од почетокот на 2022 година до април 2025 година, вклучително и многумина со врски со руската одбранбена индустрија […]

„Балет на Украина“ настапи во Шведска и Финска. Се испостави дека тоа биле Руси


Балет-група која тврди дека ја претставува Украина ги обиколувала Шведска и Финска под лажен идентитет, мамејќи ја публиката и наводно пренасочувала пари во Русија, дознава шведскиот медиум СВТ. Истрагата на шведските и финските медиуми откри дека компанијата зад таканаречениот „Балет на Украина“ е регистрирана во Москва, а приходите од настапите завршуваат на сметки поврзани со […]

Естонскиот модел за малцинствата, друга планета за Македонија


  Неколку часа лет од Естонија до Македонија, и првиот впечаток е дека дистанцата не е само географска, туку и ментална. Откако ќе се изнаслушате дека Естонија е најбрзорастечка европска економија, дека е најдигитализирана нација не само во Европа туку и во светот, дека има најдобро образование во Европа и дека зборот иновативност е најомилениот, […]

Драматично во Латвија: На 6.000 Руси им се заканува иселување


Советот за човекови права при Канцеларијата на претседателот на Русија ги повика ОН, Советот на Европа и ОБСЕ да одговорат на заканата за протерување на Русите од Латвија. Ова за Спутник го соопшти шефот на комисијата за меѓународна соработка на Советот за човекови права, извршниот директор на медиумската групација „Северна Русија“, Кирил Вишински. „Во Латвија, […]

Русите останаа без „златните пасоши“ во Малта и Кипар


Во екот на руската инвазија врз Украина, земјите-членки на ЕУ, Кипар и Малта, укинаа неколку десетици таканаречени „златни пасоши“ што им ги издале на руски државјани, соопшти Европската унија. Фразата се однесува на контроверзната практика на доделување државјанства на граѓани кои не се членки на ЕУ, најмногу во замена за инвестиции. Кипар им одзеде кипарско […]

Холандскиот пратеник за Украина поднесе оставка поради изјавата дека Украинците се Руси


Дипломатот Рон ван Дартел, кој беше назначен пред помалку од три недели да го промовира холандското учество во обновата на Украина, поднесе оставка поради неодамнешната изјава дека Украинците се Руси. Ван Дартел, поранешен холандски амбасадор во Србија, Полска и Русија, поднесе оставка поради коментарите што ги дал на авторот на една нова книга. – Украинците исто така се Руси. […]

Блумберг: Најбогатите Руси изгубиле 93 милијарди долари од почетокот на војната во Украина


Од почетокот на руската инвазија на Украина, најбогатите Руси изгубиле повеќе од 93 милијарди долари од своето богатство, пишува Блумберг а пренесува Новаја Газета Европа. Според агенцијата, руските бизнисмени изгубиле 46,6 милијарди долари на првиот ден од руската инвазија на Украина. Во месеците по воведувањето на западните санкции изгубиле уште 47 милијарди долари. Според украинскиот […]

Литванија им забранува на Русите и на Белорусите да поседуваат оружје


На руските и на белоруските граѓани во Литванија ќе им биде забрането да поседуваат огнено оружје, според новиот Закон усвоен денеска од литванскиот Парламент.   Новата легислатива што ќе стапи на сила од 1 април следната година, има за цел да спречи формирање оружени групи, што би се спротивставиле на властите во случај на немири […]

Околу 100.000 руски ИТ стручњаци ја напуштиле Русија


  Околу 100.000 руски ИТ стручњаци ја напуштија татковината од почетокот на годината, што е приближно десетина од сите такви стручњаци во Русија, вели рускиот министер за дигитален развој, комуникација и масовни медиуми, Максут Шадаев, во државната Дума. „Ако ги анализираме двата брана на заминување на информатичарите, до 10 отсто вработени во информатички компании ја […]

Инвестициите на Руси во недвижен имот во Турција зголемени за речиси 200 отсто оваа година


Руските инвестиции во недвижности Турција се зголемија за 199 проценти во првите девет месеци годинава во споредба со истиот период од 2021, покажаа податоци од турскиот статистички институт. Според податоците, руските граѓани купиле околу 9.311 домови во периодот од јануари до септември. Продажбата на имот на странци в целата земја се зголеми за 32.5 отсто […]

Млади Руси со јахта побегнале во Јужна Кореја, одбиен им е влезот


Повеќе од 20 Руси впловиле со јахти во Јужна Кореја, во очаен обид да избегнат мобилизација во Русија, но на повеќето им е одбиен влезот, јавија повеќе медиуми. Откако рускиот претседател Владимир Путин нареди делумна мобилизација на 21 септември, дојде до егзодус на мажите на возраст за служење воен рок од Русија, иако повеќето бегаа […]

Финска утре ја затвора границата за Русите


Финска утре ќе ја затвори својата граница за руските туристи, потврди денеска финскиот шеф на дипломатијата Пека Хависто. Границата ќе биде затворена за сите руски туристи, но не и за сите руски државјани. Имено, Русите кои ги посетуваат членовите на семејството, работат или студираат во Финска и понатаму ќе можат да влезат во таа земја. […]

Од почетокот на воената агресија врз Украина илјадници Руси пристигнале во Белград


  Од почетокот на воената агесија на Русија врз Украина во февруари, зголемен е бројот на доселување на руски државјани во Србија, најмногу во Белград и Нови Сад, а по мобилизацијата на интензитет добија и барањата за засолниште и за трансфер, јави дописникот на МИА од Белград. Доселувањето на голем број Руси во Србија, се […]

Фронтекс: Бројот на Руси кои влегуваат во ЕУ зголемен за 30 проценти


  Бројот на Руси кои влегуваат во ЕУ нагло се зголеми по најавената делумна мобилизација на Москва, при што илегалните гранични премини веројатно ќе се зголемат доколку Русија одлучи да ги затвори границите за потенцијалните регрути, соопшти европската гранична служба Фронтекс. – Минатата недела, речиси 66.000 руски граѓани влегоа во ЕУ, што претставува зголемување за […]

Илјадници Руси со часови чекаат за влез во Монголија


Илјадници државјани на Русија со часови чекаат да влезат во Монголија во обид да ја избегнат мобилизацијата. Според очевидци, Русите чекаат повеќе од 16 часа за да влезат во Монголија. Поединци тврдат оти тоа им е „единствен избор“, откако рускиот претседател Владимир Путин најави „делумна мобилизација“ на 300.000 резервисти. Монголија, што речиси целосно е зависна […]

Казахстан ќе ги заштити Русите кои бегаат од мобилизација


Казахстанскиот претседател рече дека ќе ги заштити Русите кои бегаат во Казахстан за да ја избегнат воената мобилизација, која е во тек во Русија, поради праќање во војна во Украина. „Последните денови ни пристигнуваат полно луѓе од Русија. Повеќето се приморани да заминат поради безизлезната ситуација“, вели Касим Жомарт Токаев. „Мора да ги згрижиме и […]

Финска им ја затвора границата на Русите


  Финска ќе ја затвори границата за руските туристи откако Русите, поттикнати од мобилизацијата за војната во Украина која завчера ја најави Владимир Путин, масовно тргнаа да бегаат во таа нордиска земја. Финските министри вечрева најавија дека владата ќе забрани влез на руски туристи во земјата следните неколку дена. „Нашата цел и желба е значително […]

Русите нагрнаа кон границите по објавувањето на мобилизацијата


  Видеото на социјалните мрежи од копнените граници на Русија со неколку земји покажува долги сообраќајни колони од автомобили кои се обидуваат да ја напуштат земјата на денот откако претседателот Владимир Путин најави „делумна мобилизација“. Редици имаше на граничните премини кон Казахстан, Грузија и Монголија. Едно видео покажа десетици возила како се редат на контролниот […]

Најинтересните трофеи што ги оставија Русите при бегството од Харков


  Повеќе стотини парчиња воен хардвер оставија руските војски при ферентичното бегство од своите позиции за време на украинската офанзива во регионот на Харков. Беа оставени многу оклопни возила, тенкови, артилериски орудија, многу муниција… Еве неколку од најинтересните трофеи што го оставија Русите.   Радарски систем „1L219 Zoopark-1m“ Ракетниот и артилериски разузнавачки радарски систем „Zoopark-1“, […]