Русија заработила три пати повеќе од нафта, гас и јаглен отколку што била вкупната западна помош за Украина


Глобално, од почетокот на војната, Русија заработила три пати повеќе пари од продажба на нафта, гас и јаглен отколку што е издвоено за помош на Украина. Истиот сооднос важи и кога се гледаат членките на Европската Унија. Дури и кога станува збор за земјите од НАТО, Русија заработува повеќе од продажба на енергетски производи отколку […]

Во Русија повикуваат на нуклеарен одговор откако Украина им уништи 13 авиони


Последиците од големиот украински напад со беспилотни летала врз руските воздухопловни бази сè уште се чувствуваат, а Москва е под зголемен притисок да одговори. Украинските власти тврдат дека најмалку 13 руски авиони се уништени, додека повеќе се оштетени, вклучувајќи бомбардери способни да носат нуклеарно оружје. Како што известува Ивор Бенет, дописник на Скај њуз од […]

(ВИДЕО) Операција како „Невозможна мисија“: Украина ги десеткуваше со дронови руските бомбардери


  Украина презедо голем напад со дронови против руски воени бомбардери во Сибир, погодувајќи повеќе од 40 воени авиони илјадници километри од својата територија, изјави безбедносен функционер. Функционерот, кој зборуваше под услов да остане анонимен, рече дека нападите биле спроведени од домашната разузнавачка агенција на Украина (СБУ) и истовремено погодиле четири руски воени воздухопловни бази. […]

Еден загинат, неколку повредени во руски напади врз Украина


Најмалку едно лице загина, а неколку се повредени во последните руски ноќни напади врз Украина, соопштија денеска локалните власти. Во меѓувреме, наводно била предизвикана штета од украински напади врз Москва, пренесе ДПА. Еден цивил загина, а една жена е повредена во градот Билопилија во североисточниот украински регион Суми, во близина на руската граница, соопшти регионалната […]

Како Владимир Путин го претвори Бразил во фабрика за шпиони


  Руската разузнавачка служба го претвори Бразил во вистинска производствена лента за „производство“ на своите тајни шпионски оперативци, но тим бразилски агенти успеа да ја разоткрие и демонтира оваа тајна мрежа во последниве години, пишува „Њујорк тајмс“ во својот специјален истражувачки извештај од четвртокот. Еден од клучните членови на шпионскиот октопод бил извесен Артем Шмирев, […]

За Русија, изборите во Романија се „чудни“


Кремљ доцна вчера ги опиша претседателските избори во Романија како „чудни“, велејќи дека прорускиот кандидат кој победи на поништените избори минатата година бил неправедно дисквалификуван. Проевропскиот центрист Никусор Дан го победи десничарскиот и националистички ривал во вториот круг на изборите во неделата, откако фаворитот на изборите во 2024 година, Калин Георгеску, беше дисквалификуван бидејќи романските […]

Мерц: Европа ќе ги заостри санкциите кон Русија


 Европските лидери се согласија да го зголемат притисокот врз Русија со санкции, откако американскиот претседател Доналд Трамп ги брифираше за својот разговор со рускиот колега Владимир Путин, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц доцна синоќа. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера телефонски разговараше со Путин, украинскиот претседател Володимир Зеленски и лидерите на Европската Унија, Франција, Италија, Германија […]

Украина и Русија ги почнаа преговорите, очекувањата се мали


  Делегации од Русија и Украина сега се среќаваат во Истанбул – првите разговори лице в лице од раните денови на војната. Иако лидерите на двете земји се држат настрана, фактот дека тие воопшто се заедно во просторијата е значаен момент. Украинскиот тим го предводи министерот за одбрана Рустем Умеров, додека руската страна ја предводи […]

Во Истанбул денеска ќе има тројни средби на претставници на САД и Турција со Украинците и Русите


Во Истанбул денеска треба да се одржат тројни средби на претставници на Турците, Американците и Русите од една страна, како и на Турците, Американците и Украинците од друга страна, јавија синоќа извори блиски до турското Министерство за надворешни работи. „Уште една рунда состаноци ќе се одржи утре во различни формати. На дневен ред се трипартитни […]

Руте: Русија е на ред да го направи следниот чекор во преговорите за мир со Украина


 Русија е на ред да го направи следниот чекор во преговорите за мир со Украина, изјави генералниот секретар на НАТО Марк Руте во Анталија. – Украина е подготвена за прекин на огнот и итни преговори, додаде Руте кој во турскиот туристички град Анталија учествува на неформалниот состанок на министри за надворешни работи од земјите членки […]

Путин го утврди тимот за преговори во Турција


Претседателот на Русиј Владимр Путин го утврди сосавот на руската делегација која ќе отпатува во Турција на преговори со Украина, соопшти Кремљ. Делегацијата ја предводи помошникот на рускиот претседател Владимир Медински. Во делегацијата се и заменикот на рускиот министер за надворешни работи Михаил Галузин, началникот на Главната управа на Генералштабот на руската војска Олег Костјуков […]

Агенцијата на ОН за цивилно воздухопловство пресуди: Русија е одговорна за соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година


Русија е одговорна за соборувањето на летот MH17 на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година и ги прекршила меѓународните договори за цивилно воздухопловство, пресуди денеска Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) по жалбата поднесена од Холандија и Австралија. Холандија поднесе жалба откако Русија се повлече од преговорите за утврдување на одговорноста за соборувањето на […]

Туск: Русија го организираше минатогодишниот пожар во трговскиот центар во Варшава


Премиерот на Полска, Доналд Туск по едногодишната истрага изјави дека руските тајни служби го организирале големиот пожар при што целосно беше уништен трговски центар во Варшава во мај 2024 година. – Сега со сигурност знаеме дека големиот пожар на улицата Маривилска е резултат на палење нарачано од руските служби. Акциите биле координирани од лице кое […]

Венс: Русија „бара премногу“ за крај на војната во Украина


Русија поставува нереалистични барања за крај на војната во Украина, и во Белата куќа постои растечко незадоволство околу обидите да се продолжат мировните разговори со Москва, изјави денеска американскиот потпретседател Џеј Ди Венс. На средба со групата лидери од Минхенска безбедносна конференција денеска во Вашингтон, Венс рече дека САД се фокусираат на долгорочно решени откако […]

Си во четиридневна посета на Русија, утре средба со Путин, во петок на воената парада во Москва


Кинескиот претседател Си Џинпинг денеека ја почнува четиридневната посета на Москва како највисок државен гостин на комеморацијата на Денот по повод победата во Втората светска војна во Русија. Според Кремљ, средбите со рускиот претседател Владимир Путин ќе бидат фокусирани на изградбата на долго планираниот втор гасовод за извоз на гас во Кина. Меѓународните прашања ќе […]

На воената парада во Москва ќе присуствуваат 29 странски лидери


На воената парада на 9 мај во Москва по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија се очекува да присуствуваат 29 странски лидери, воени претставници од Кина и претставници од уште 12 држави, изјави денеска советникот на рускиот претседател за надворешна политика, Јуриј Ушаков. Тој додаде дека е предвидено рускиот претседател Владимир Путин да има […]

Економскиот пад на Русија: Крај на постсанкцискиот бум


По години на неочекувана отпорност, руската економија покажува јасни знаци на забавување. Индикаторите укажуваат дека годишната стапка на раст паднала од 5% на речиси 0%. Високата инфлација ја натера Централната банка да ги задржи каматните стапки на 21%, а глобалните трговски тензии дополнително ги ослабуваат руските пазари, кои во голема мера зависат од извозот на […]

Франција ја обвини Русија за серија кибер напади од 2015 година


Франција денеска ја обвини Русија за серија кибер напади врз француски институции и настани, вклучувајќи ги минатогодишните Олимписки игри и изборите во 2017 година.  Франција ги осудува нападите и верува дека единица на руската воена разузнавачка служба, групата APT28, е одговорна за нив, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи.   Оттаму наведуваат […]

ЕУ на готовс прeд хибридната офанзива на Русија врз европските демократии


Европската Унија сè повеќе ја загрижуваат обидите на Русија да влијае врз блокот преку поширока хибридна кампања на Москва за да го обессили Западот. Обраќајќи се на состанокот на Специјалниот комитет на Европскиот парламент во вторникот каде што се зборуваше за Европскиот штит за демократија, бугарскиот истражувачки новинар Христо Грозев рече дека хибридното војување на […]

Северна Кореја потврди дека испратила војници во Русија да се борат против Украина


 Северна Кореја за првпат официјално потврди дека испратила свои војници во Русија за поддршка на Москва во војната против Украина, во рамки на нивниот договор за взаемна одбрана, јави јужнокорејската агенција Јонхап. Според државната севернокорејска новинска агенција КЦТА, испраќањето на војниците било наредено од лидерот Ким Џонг-ун. Ова е прва официјална потврда на присуството на […]