За Москва, украинските барања за безбедносни гаранции се „гаранции за опасност“


 Русија ги осуди барањата на Киев за безбедносни гаранции во рамки на мировно решение за конфликтот и ги нарече „гаранции за опасност за европскиот континент“. – Русија нема планови да разговара за распоредување на странски трупи во Украина во кој било формат и го смета за неприфатливо, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни […]

Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони


Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако Русија почна воздушни напади насочени кон западна Украина, блиску до границата со Полска, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили. – Руската Федерација повторно изведува напади врз цели кои се наоѓаат на територијата на Украина, се наведува во соопштението на […]

Руско-индискиот енергетски сојуз ги диктира глобалните цени на нафтата


Цените на нафтата паднаа во петокот, но и натаму се на пат за неделен раст, одразувајќи го напнатото балансирање помеѓу намалената потрошувачка по завршувањето на летната сезона во Соединетите Американски Држави и растечката неизвесност околу руските залихи на глобалниот пазар. Северноморската нафта од типот Брент за испорака во октомври падна на 68,09 долари за барел, […]

Путин одговори на притисокот за мир со масивен напад на Киев. Погодени мисијата на ЕУ и Британскиот совет


  Притисокот што Доналд Трамп и европските лидери го вршат врз Владимир Путин за прекин на војната во Украина не покажува знаци дека има ефект. Голем руски воздушен напад врз Киев рано во четвртокот, вклучувајќи редок напад во центарот на градот што ги оштети дипломатските канцеларии на Европската унија и Британскиот совет, уби најмалку 17 […]

Унгарија ја тужи ЕУ за користење на замрзнати руски средства за помош на Украина


Унгарија покрена судска постапка против Европската Унија поради нејзината одлука да користи милијарди евра приходи од замрзнати руски средства за воена помош на Украина. Случајот, поднесен од Будимпешта, официјално беше примен од Судот на правдата на Европската Унија на 25 август. Оспорена одлука на Советот на ЕУ Во срцето на спорот е одлуката на Советот […]

Децата учат како да фрлаат бомби: Русија создава нова генерација војници во летни кампови


Во Русија, училиштето започнува на почетокот на септември, а многу ученици – околу 4,5 милиони од нив – ги поминуваат последните денови од летото во летни кампови. Но, наместо пливање, работилници и игри, некои од нив учествуваат во воена обука и учат „како да ја сакаат Мајка Русија“. На бреговите на Дон, недалеку од Ростов […]

Застрашувачки бројки за вистинските загуби во војната меѓу Русија и Украина


Неодамна беа објавени информации од руски хакери. Имено, според нивните изјави, за кои тврдат дека се засновани на хакирање на базата на податоци на украинската армија, украинската армија изгубила 1,7 милиони војници. Со оглед на тоа што хакерите излегле со многу малку информации и не ги објасниле дополнително податоците, многу аналитичари се сомневаат во нивната […]

Декласифицирани документи откриваат: Клинтон бил подготвен да ја прими Русија во НАТО


Поранешниот американски претседател Бил Клинтон му рекол на рускиот претседател Владимир Путин во 2000 година дека проширувањето на НАТО нема да претставува закана за Москва и ветил дека ќе ја разгледа можноста Русија да се приклучи на алијансата. Ова го покажуваат декласифицираните документи објавени од истражувачката организација „Архива за национална безбедност“ на Универзитетот „Џорџ Вашингтон“. […]

Десетина европски земји се подготвени да испратат војници во Украина, Русија жестоко реагираше


Десина земји се подготвени да испратат свои војници во Украина за да обезбедат евентуални безбедносни гаранции, објавува Блумберг, повикувајќи се на извори. Агенцијата не прецизира кои земји се подготвени да го сторат тоа. Се очекува првата фаза од безбедносните гаранции што се развиваат за Киев да биде обука на украински воен персонал. Европските претставници во […]

„Никој не остана“: Трамп ги отпушти сите експерти за Русија пред средбата со Путин


  Доналд Трамп се упатува кон средбата со Владимир Путин во Алјаска неподготвен. Со радикални намалувања на персоналот за надворешна политика и претседателот кој регрутира лојални луѓе наместо експерти во својот тим, администрацијата останува без никој што ги разбира намерите и методите на руското раководство и нејзиниот лидер. На Трамп му требаат само советите од […]

Каспаров: Трамп се преправа дека „се фрустрира од Путин“


Нема да се сретне, па ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин – ако не седи на маса и украинаскиот претседател Володомир Зеленски.  Шпанскат серија наречена преговори за мир во Украина продолжува, а никој не верува во успех, освен ако Трамп не ги „предаде“ интересите на Киев, т.е. направи остапки кон Русија. И самиот […]

Русија во дигитален мрак, се почесто и се подолго Кремљ го блокира интернетот


Во Ростовскиот регион во западна Русија, Татјана повторно го зема телефонот со слаба надеж дека ќе може да стапи во контакт со своите пријатели или семејство. Поминаа денови откако таа не можеше да се поврзе на интернет, да отвори мапа, да ја префрли платата или да користи која било друга од нејзините безбројни апликации.Постои добра […]

Русија разгледува „воздушно примирје“ како отстапка кон Трамп, тврди Блумберг


Кремљ размислува за привремено запирање на својата кампања за напади со долг дострел во Украина како потенцијална отстапка кон американскиот претседател Доналд Трамп, објави Блумберг, повикувајќи се на неименувани извори запознаени со дискусиите. Остануваат уште три дена до крајниот рок на Трамп на 29 јули за Русија да ја заврши војната во Украина. Според Блумберг, […]

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел


Русија повеќе не смета дека е обврзана со ограничувања во врска со распоредувањето ракети со среден и краток дострел, соопшти денес руското Министерство за надворешни работи. Во согласност со Договорот за елиминација на ракети со среден (1.001-5.500 километри) и краток (500-1.000 километри) дострел распоредени на копно, страните се обврзаа да не произведуваат, тестираат или распоредуваат […]

Трамп: Виткоф би можел да ја посети Русија в среда или четврток


 Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа изјави дека специјалниот претставник Стив Виткоф би можел да ја посети Русија, евентуално в среда или четврток, предупредувајќи дека ќе воведе санкции ако Москва не се согласи на прекин на огнот во Украина до петок. -Ќе има санкции, но се чини дека се доста добри во избегнувањето на санкциите, […]

Кина и Русија започнаа заеднички поморски вежби во Јапонското Море


Кина и Русија денеска започнаа заеднички поморски вежби во Јапонското Море. Вежбите „Заедничко Море-2025“ започнаа во водите во близина на руското пристаниште Владивосток, соопшти кинеското Министерство за одбрана. Двете војски ќе спроведуваат операции за спасување на подморници, борба против подморници, воздушна и ракетна одбрана и поморска борба. Четири кинески бродови, вклучувајќи уништувачи со водени ракети, […]

Над 100 украински дронови соборени над руска територија, соопшти руското Министерство за одбрана


 Руските системи за противвоздушна одбрана синоќа пресретнаа и уништија вкупно 112 украински дронови над различни региони на Русија и над водите на Азовското и Црното Море, соопшти Министерството за одбрана. Од 20 часот по московско време синоќа до 4:40 часот утрово, дежурните системи за противвоздушна одбрана соборија 34 дронови над територијата на Ростовскиот регион, 31 […]

Трамп сака војната на Русија во Украина да заврши до 8 август


Американскиот претседател Доналд Трамп јасно стави до знаење дека до 8 август мора да се постигне договор за прекин на војната на Русија во Украина, изјавија САД пред Советот за безбедност на ОН. „Русија и Украина мора да се согласат на прекин на огнот и траен мир. Време е за договор. Претседателот Трамп јасно стави […]

Кој ќе профитира најмногу на пазарот на дизел од новите санкции против Русија


Новите европски санкции против Русија повторно ќе го преуредат светскиот пазар на дизел, со повисоки цени и можни победници во Персискиот Залив, според анализата на колумнистот на Ројтерс, Рон Бусо. Претседателот на САД, Доналд Трамп, најави бран царини во април, поттикнувајќи стравувања дека светската економија нагло ќе забави. Сепак, овој страв се покажа како неоснован, […]

Украинските напади со беспилотни летала парализираа осум аеродроми во Русија


Поради напад од непознати беспилотни летала, во Русија истовремено беше воведена оперативна безбедносна постапка (план Ковјор, н.з.) на осум аеродроми, според руски јавни извори. Летовите се суспендирани на аеродромите Владикавказ, Грозни, Магаш, Минераљне Воде, Налчик, Ставропол, Сочи и Тамбов, објавува РБЦ-Украина. Воздушниот простор над овие аеродроми е привремено затворен. Како резултат на нападот со беспилотни […]