Јилдирим: САД и Русија се расправаат како уличари


Турскиот премиер Бинали Јилдирим ги повика САД и Русија да се откажат од „улични расправии“, објави електронското издание на турскиот весник „Акшам“. – Објавуваат твитови, се закануваат еден на друг. Се расправаат како уличари, како да  се во улична расправија, изјави Јилдирим во врска со кризата меѓу Вашингтон и Москва. – Едниот вели: Јас имам […]

Захарова до Трамп: Да почнеме со уништување на американското оружје


Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова коментирајќи го твитот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на трката во вооружување, истакна дека тоа е „одлична идеја“. – Постои предлог да се почне со уништување на хемиското оружје. Американското, напиша Захарова. Таа исто така го коменираше и првиот денешен твит на Трамп, со […]

Бела куќа: Русија не ја почитува обврската Асад да стави крај на хемиската програма


Белата куќа ја обвини Русија дека не ја почитува обврската која ја презела, оти ќе стави крај на сириската програма за хемиско оружје, во контекст на нападот во Сирија во текот на викендот, за кој постои сомнеж дека е извршен со хемиско оружје. Портпаролката на Белата куќа Сара Сандерс изјави дека тој напад е во […]

Русија тврди дека Израел е одговорен за нападот врз сириската база


Руската армија тврди дека два израелски авиони Ф-15 извршиле напад врз сириската воздухопловна база Т-4 во провинцијата Хомс. Руското МНР нагласува дека израелските авиони извршиле напад во кој загинаа најмалку 14 луѓе, преку либански воздушен простор и дека сирискиот систем за ПВО соборил пет од осум испукани ракети. Портпарол на израелската армија засега не сакаше […]

Трамп го осуди хемискиот напад во Сирија, Русија тврди дека информациите се лажни


Американскиот претседател Доналд Трамп го осуди наводниот хемиски напад во Сирија и наведе дека сирискиот претседател Башар ал Асад ќе плати „висока цена“ за тоа. Трамп додаде дека „во безумниот хемиски напад“ има многу загинати, вклучувајќи жени и деца. Тој на Твитер го обвини и рускиот претседател Владимир Путин, како и Иран поради поддршката за, […]

Македонските ракометари загубија од Русија


Македонската ракометна репрезентација ослабена без неколкумина стандардни од првиот состав, загуби на пријателскиот натпревар против селекцијата на Русија. Избраниците на Раул Гонзалез играа одлично во првото полувреме кое го завршија со предност од 19:15, но Русија знаеше да ги искористи проблемите со реализацијата на нашиот состав во текот на второто полувреме и направи пресврт за […]

САД воведоа санкции против руски олигарси, меѓу нив е и сопругот на ќерката на Путин


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе дополнителни санкции против седум руски олигарси, кои имаат врска со шефот на руската држава Владимир Путин преку 12 компании кои се во нивна сопственост или под нивна контрола. Новите мерки ги објави денеска Министерството за финансии, а со нив се опфатени и 17 претставници на руската Влада и […]

И Стоилов нема да настапи на контролниот натпревар против Русија


Македонскиот репрезентативец Стојанче Стоилов поради повреда во сабота нема да настапи на контролниот натпревар против Русија. Ракометарот на Вардар се пожалил на болки во ципите и најверојатно ќе мирува две до три седмици. Повредата на Стоилов е во исклучително неповолен момент и за Вардар, бидејќи „црвено-црните“ влегуваат во завршната фаза од одбраната на титулите во […]

Кремљ: Бришењето руски сајтови од Фејсбук „мириса“ на цензура


Бришењето на профилите на Фејсбук на повеќе руски медиуми е непријателски чин, кој „мириса“ на цензура, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Изјавата на Песков претставѕва реакција на соопштението на Фејсбук дека избришал стотици руски профили и сајтови поврзани со т.н. „фабрика на тролови“, која американските власти ја обвинуваат за ширење на лажни политички […]

Трамп ќе воведува санкции за руски олигарси


САД планираат оваа недела воведување санкции за руски олигарси поради наводното мешање на Москва во американските избори во 2016 година. Тој потег се надоврзува на одлуката на Вашингтон од 15 март кога беа санкционирани 19 поединци. Според американски медиуми кои се повикуваат на извори, таа одлука може да биде соопштена веќе денеска. – Тоа би […]

Столтенберг: НАТО не сака да ја изолира Русија, таа е наш сосед и ќе остане


НАТО не се обидува да ја изолира Русија, но мораше да реагира за да го манифестира своето незадовоство поради случајот со Сергеј Скрипал, порача денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. – Ние и натаму тежнееме кон подобри односи со Русија, бидејќи таа држава е наш сосед и ќе остане тоа. Не сакаме да ја изолираме […]

Русија,Турција и Иран ги повика ОН да ја зголеми помошта за Сирија


Претседателите на Турција, Русија и Иран, Реџеп Тајип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани денеска ја повикаа меѓународната заедница да ја зголеми помошта за Сирија. Во заедничката изјава на Ердоган, Путин и Рохани од тристраната средба во Анкара, се повикува меѓународната заедница и, посебно, ОН да ја зголемат помошта за Сирија, односно да испратат дополнителна хуманитарна […]

Едно лице загина при пожар во трговски центар во Москва


Едно лице загина, тројца пожарникари се повредени, а речиси 600 луѓе се евакуирани откако изби пожар во трговски центар во источниот дел од Москва. Четирикатниот трговски центар „Персеј“ е со површина од 6.000 метри квадратни, а во него најмногу има продавници за деца и игротеки. Објектот работи од 2009 година. Пожарот изби во момент кога […]

Британците категорични: Истрага со Русите за Скрипал не доаѓа предвид


Британската делегација во Организацијата за забрана на хемиско оружје го отфрли рускиот предлог за заедничка британско-руска истрага за труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал. – Тоа е диверзантска тактика, направена со цел со новите дезинформации да се избегнат прашања на кои руските власти мора да одговорат, пишува на Твитер британската делегација која предлогот го […]

Стејт департмент: САД се благодарни на Македонија за солидарноста околу случајот Скрипал


САД во неколку прилки досега на средби на високо ниво со сојузниците искажале благодарност до Македонија за вклученоста во заедничката американско-европска акција против Русија, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Во денешната изјава за МИА висок претставник на Стејт департментот укажа дека САД високо ја ценат солидарноста на Македонија со зедничката американско-европска акција против Русија. […]

Собир пред Руската амбасада во Скопје за поддршка на протераниот дипломат


Педесетина граѓани и членови на партијата Единствена Македонија попладнево организираа граѓански собир пред Амбасадата на Русија во Скопје во знак на поддршка на рускиот дипломат кој беше протеран од Македонија. На собирот се обрати  претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев, кој рече дека „Македонија не сака во НАТО“, туку дека сака да влезе во Евроазиската […]

Ајткенхед: Британците се уште немаат докази дека „Новичок“ бил произведен во Русија


Раководителот на британскиот воен истражувачки центар Гери Ајткенхед изјави денеска дека уште не може со сигурност да се тврди дека нервниот агенс, со кој беше нападнат двојниот шпион Сергеј Скрипал, бил произведен во Русија. – Утврдивме дека се работи за „Новичок“, воен боев отров. Уште не го идентификувавме прецизниот извор, но на Владата и ги доставивме […]

Македонија без Кирил Лазаров на контролниот натпревар против Русија


Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров нема да настапи на контролниот натпревар против Русија. Тој и се приклучи на репрезентацијата, која под водство на Раул Гонзалез ќе ја искористи ЕХФ неделата за подготовка пред мундијалскиот бараж со Романија за пласман на СП во Данска и Германија. Капитенот ќе биде дел од тренинзите, но нема […]

Путин и Ердоган го обележаа стартот на изградбата на првата нуклеарна централа во Турција


Претседателите на Турција и Русија, Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин денеска преку видео конференција го означија стартот на изградбата на првата турска нуклеарна централа „Акују“. Во обраќањето до присутните на церемонијата на поставување на камен темелникот на нуклеарката, претседателот на Русија изјави дека би сакал првиот од вкупно четирите енергетски блока да биде пуштен во […]

Лавров: Русија ќе ги брани српските интереси по прашањето за Косово


Русија е подготвена и во иднина на српските партнери да им дава поддршка во одбрана на легитимните национални интереси по прашањето за Косово, пред се во меѓународните структури, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во писмото до српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ. Во писмото кое Лавров го испрти како одговор на Дачиќ […]