САД усвоија нов пакет санкции против Русија


Соединетите Американски Држави усвоија нов пакет санкции против Русија, во кој се вклучени 17 лица, соопшти денеска американското Министерство за финансии на својата веб-страница. Меѓу лицата опфатени со санкциите е и Сергеј Ролдугин, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин. Најновите санкции се насочени и кон 16 субјекти, седум пловни објекти и три авиони, се вели во соопштението. 

Српски аналитичар: Лавров доаѓа во Белград да ја сврти Србија од патот кон ЕУ


  Неодамна зборував за тоа како мислам дека помина вистинскиот и најпогодниот момент за воведување санкции кон Русија, од самиот почеток кога гласавме за резолуцијата на Генералното собрание на ОН за осуда на руската агресија врз Украина. Ако тогаш не гласавме така, немаше да разговараме дали и кога да воведеме санкции кон Русија, туку како […]

Зеленски: Не планираме да ја нападнеме Русија


Киев не планира да ја нападне територијата на Русија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. -Знам дека луѓето во САД или некој во Белата куќа вели дека би можеле да искористиме американските повеќенеменски ракетни системи за да ја нападнеме Русија. Видете, ние немаме планови да ја нападнеме Русија. Ние не сме заинтересирани за Руската Федерација […]

Руските нуклеарни сили одржуваат маневарски вежби источно од Москва


Руските нуклеарни сили одржуваат вежби во провинцијата Иваново, североисточно од Москва, објавија денеска медиуми, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана. Според Министерството, околу 1.000 војници вежбаат во интензивни маневри, користејќи над 100 возила, вклучително и фрлачи на интерконтинентални балистички ракети Јарс. 

Русија протерува пет хрватски дипломати


Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека протерува пет членови од персоналот на хрватската амбасада во Москва како одговор на тоа што Загреб донел одлука да протера дел од нејзиниот персонал. Во април Хрватска побара 24 претставници на руската амбасада да ја напуштат Хрватска поради акцијата на Москва во Украина. Русија започна инвазија на соседна […]

И „Најк“ ја напушта Русија – испораките се веќе суспендирани, залихите во продавниците се намалуваат


Американскиот производител на облека и обувки „Најк“ не го обновил договорот за франшиза со руската „Инвентив ритејл груп“ (ИРГ), пренесува „Ведомости“, повикувајќи се на писмото на претседателот на ИРГ Тихон Смиков до вработените во компанијата. „Најк“ не го обнови договорот за франшиза со ИРГ, кој го поседува трговскиот синџир на најголемиот американски производител на спортска […]

Генерал на руската авијација убиен на небото над Луганск


  Генерал мајор на руските воздухопловни сили загина на небото над регионот Луганск, што ја означи последната во долгата низа високи воени загуби што ги претрпе Русија за време на нејзината инвазија на Украина. Генерал мајор Канамат Боташев (63) уживаше во пензија кога руските тенкови ја поминаа границата на 24 февруари и не леташе уште […]

Австрија замрзна имот на руски олигарси „тежок“ 253 милиони евра


Австрија- Австрија досега се замрзнати 253 милиони евра, имот на руски олигарси, соопшти австриската влада. Надлежната работна група, предводена од Управата за државна безбедност и разузнавачки служби во МВР, како што пишуваат медиумите, ги „замрзнала“ парите на вкупно 97 жиро сметки. Тоа е речиси двојно повеќе отколку што Германија најави во март, се наведува во […]

Каде се руските шпиони?


Повеќе од 400 руски дипломати мораа да ја напуштат Европа од почетокот на војната во Украина. Се вели дека биле шпиони. Безбедносните власти претпоставуваат дека Русија ги прилагодува своите шпионски активности. Линк до целиот текст на Дојче Веле тука

Британско МО: Русија за три месеци во Украина претрпе загуби и жртви колку Советскиот Сојуз во Авганистан за девет години


За првите три месеци од својата „специјална воена операција“ во Украина, Русија најверојатно претрпе жртви колку Советскиот Сојуз за време на својата деветгодишна војна во Авганистан, се наведува во најновиот извештај на британското Министерство за одбрана. Комбинацијата на „лоша тактика, ограничена воздушна поддршка и недостаток на флексибилност“ и пристап кон командата што се карактеризира со […]

Русија до есен планира да произведе 50 нови интерконтинентални балистички ракети „Сармат“


Русија планира до крајот на есента да произведе и распореди околу 50 нови интерконтинентални балистички ракети „Сармат“, способни за нуклеарни напади, изјави Дмитриј Рогозин, генералниот директор на руската вселенска агенција „Роскосмос“. Ракетите ќе бидат избработени во производствените капацитети во сибирскиот град Краснојарск, изјави тој синоќа за новинската агенција „Интерфакс“. Русија во април го изведе првото […]

Седум европски земји ги прифатија новите услови за плаќање на рускиот гас


Седум европски земји ги прифатија новите услови за плаќање на рускиот гас и отворија две сметки во Гаспромбанк, а 11 земји го известија Газпром дека тоа не го прифаќаат, пренесе Тасс. Со овие услови, како што се наведува, се согласиле Германија, Италија, Франција, Австрија, Унгарија, Словачка и Северна Македонија, кои подразбираат отворање сметка во девизи […]

Украина тврди дека од почетокот на војната загинале 28.850 руски војници


Генералштабот на Украина соопшти дека од почетокот на војната биле убиени околу 28.850 руски војници. Украинскиот Генералштаб информираше за загубите на руската армија во периодот од 24 февруари до 21 мај. Се наведува дека досега се убиени 28.850 руски војници, од кои 150 во последните 24 часа. Уништени се и 204 руски авиони, 169 хеликоптери, […]

Дроновите играат клучна улога во руско-украинската војна за двете страни


  Британското министерство за одбрана објави нов дневен извештај од Украина во кој се истакнува дека користењето на дроновите во руско-украинската војна играат клучна улога за двете страни. „Руско-украинската војна доведе до тоа беспилотните летала (UAV) да играат клучна улога за двете страни, иако претрпеа висока стапка на исцрпување. Беспилотните летала се покажаа ранливи и […]

Пентагон: Нема знаци дека Русија користи ласерско оружје во Украина


Пентагон вчера соопшти дека нема индиции дека Русија користела ласерско оружје во Украина, по тврдењата од Москва дека таму почнала да користи нова генерација на моќни ласери за уништување на непријателски беспилотни летала. -Немаме индикации за употребата на ласери, а не, пак, за ласерско оружје во Украина. Нема потврда за тоа, рече портпаролот на Пентагон […]

Русија од утре го прекинува природниот гас за Финска


 Руското снабдување со природен гас за Финска ќе биде прекинато од утре наутро, соопшти денеска финската државна енергетска компанија Гасум, откако нордиската земја одби да му плати на снабдувачот „Газпром“ во рубли. – Многу е жално што испораките на природен гас според нашиот договор за снабдување сега ќе бидат прекинати. Сепак, внимателно се подготвувавме за […]

Покрај француските, Москва протера и 24 италијански и 27 шпански дипломати


Русија соопшти дека протерува вкупно 85 дипломати од Франција, Шпанија и Италија како одговор на слични потези на тие земји, истакнувајќи дека односите со водечките членки на ЕУ се затегнати од почетокот на војната против Украина. Амбасадорите на Франција, Италија и Шпанија денеска се повикани на разговор во руското Министерство за надворешни работи, каде и […]

Русија протерува 34 француски дипломати


Русија – Руското Министерство за навдворешни работи денеска соопшти дека протерува 34 вработени во француските дипломатски претставништва. – Триесет и четворица вработени во француските дипломатски претставништва во Русија се прогласени за „персона нон грата“.Тие имаат рок од две недели да ја напуштат земјата, се наведува во соопштението. Протерувањето на француските дипломати е реципрочна мерка по протерувањето […]

Три можни сценарија на Путин по ширењето на НАТО


  Американската телевизиска куќа Си-Ен-Би-Си анализираше како би можела Русија да реагира ако продолжи ширењето на НАТО. Издвоени се три можни реакции, а тоа се уште поинтензивно провоцирање на НАТО, кибер напади и енергетска војна. Русија остро се спротивстави на можноста Финска и Шведска да станат членки на НАТО, па најави реакција која нема да […]

Новак: Унгарија ќе гласа за санкции и ембарго доколку ЕУ ѝ обезбеди енергетска безбедност


Унгарија ќе гласа за шестиот пакет санкции против Русија, вклучувајќи го и ембаргото за нафта доколку ЕУ ја финансира нејзината енергетска безбедност, изјави унгарската претседателка Каталин Новак во Варшава. – Унгарија е во многу тешка ситуација од енергетски аспект. Гласавме за сите претходни пет пакети санкции. Ќе му бидам многу благодарен на претседателот (на Полска) […]