Американската нуклеарна индустрија има проблем без гориво од Русија


  Американските компании што произведуваат нова генерација мали нуклеарни електрани, со цел да помогнат во намалувањето на емисиите на јаглерод, имаат голем проблем бидејќи само една фирма го продава потребното гориво, а таа е руска, пишуваат дел од британските медиуми. Затоа американската Влада итно ја разгледува множноста за користење дел од своите ураниумски резерви за […]

Милановиќ: Војната во Украина ќе заврши кога Русија ќе победи или ќе дојде до смена на власта во Москва


„Русија не смее да ја загуби војната, не може да си го дозволи тоа, има огромна енергија и ресурси да победи во војна против речиси секого и тие се таму како нуклеарна сила. Единствениот начин што го гледам дека може да стави крај на оваа агресија против Украина е промена на власта во Русија“. Ова […]

Иран испрати тренери на Крим за да ѝ помогне на руската војска со дроновите


  Иран испрати обучувачи во окупирана Украина за да им помогнaт на Русите да ги надминат проблемите со флотата беспилотни летала што ги купија од Техеран, според сознанијата на сегашни и поранешни американски официјални лица информирани за доверливите разузнавачки информации, што е дополнителен сигнал за зголемената блискост меѓу Иран и Русија по инвазијата на Москва […]

Балтичките држави повикаа на формирање специјален суд за руската војна против Украина


 Балтичките држави Естонија, Латвија и Литванија ја повикаа ЕУ да соработува со меѓународните партнери за формирање специјален суд за војната на Русија против Украина. „Додека бруталниот напад на Русија против Украина продолжува, ЕУ мора да дејствува за да се осигура дека потрагата по правда и одговорност за ужасните злосторства на Русија во Украина е во […]

„Мојот син е мртов“: Русија тагува за брзата смрт на мобилизирани војници


  Андреј Никифоров, адвокат од Санкт Петербург, беше еден од стотиците илјади Руси мобилизирани од минатиот месец за да ги држат првите борбени линии во неуспешната војна на неговата земја во Украина. На 25 септември тој ги добил документите за повик. До 7 октомври, само две недели подоцна, тој беше мртов. „Не знаеме што се […]

„Марионета, предавник…“: Русите го навредуваат Вучиќ поради осудата на анексијата


  „Русите се многу лути на Вучиќ. Србија беше меѓу оние кои гласаа против Русија, а Вучиќ постојано ветуваше дека нема да воведува санкции кон Русија“, иронично напиша на својот Твитер профил еден од најжестоките пропагандисти на Путин, Владимир Соловјов, илустрирајќи ја својата лута објава со фотографија. на српскиот претседател Александар Вучиќ како со наведната […]

Русија објави дека ќе го евакуира Херсон, украинските сили се доближуваат до градот


  Москва објави дека ќе го евакуира Херсон по апелот на шефот на регионот, инсталиран од Русија, што ги зголемува стравувањата дека окупираниот град во срцето на јужната украинска област ќе стане нова линија на фронтот. Марат Хуснулин, руски заменик-премиер, во четвртокот изјави за државната телевизија дека на жителите ќе им биде помогнато да се […]

Путин води освојувачка војна, вели потпретседателката на српската влада, Михајловиќ


  Вицепремиерката на Србија и министерка за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ денеска изјави дека Србија мора јасно да ја дефинира својата позиција на новата светска геополитичка карта и да си го најде своето место во следните 100 години. „Мислам дека ние како држава дефинитивно треба да се одлучиме и јасно да ја дефинираме нашата […]

„Нисан“ го продаде бизнисот во Русија на државна компанија за едно евро


Јапонскиот производител на автомобили Нисан во вторникот објави дека ќе го продаде својот бизнис во Русија на државна компанија за едно евро, што ќе донесе загуба од околу 687 милиони долари. Јапонската компанија објави дека ќе го пренесе сопственичкиот удел во Nissan Manufacturing Russia на државната компанија НАМИ. Договорот ќе го гарантира правото на „Нисан“ […]

Русија ќе има огромни проблеми поради оштетувањето на мостот до Крим. Еве зошто


На Русија ќе ѝбидат потребни неколку месеци за целосно да ја поправи штетата на мостот кон Крим, изјави Дејвид Мекензи, виш технички директор на COWI Holding A/S, компанија со седиште во Данска која ги дизајнира и гради некои од најголемите и најдолгите мостови во светот. „Ограничувањата на сообраќајот на камиони и возови најверојатно ќе останат […]

Советот на ОН за човекови права ќе именува експерт за испитување на состојбата со човековите права во Русија


 Советот на Обединети нации за човекови права денеска одлучи да именува независен експерт поради детално испитување на состојбата со човековите права во Русија. Предлогот за именување на независен експерт е изгласан со 17 гласа „за“, шест „против“, а 24 се изјасниле како „воздржани“. Предлогот поднесен минатата недела од сите земји-членки на ЕУ, освен Унгарија, беше […]

Мрачно расположение на руската телевизија по последните порази во Украина


  По хаотичното повлекување на Русија во Херсон – помалку од една недела откако Владимир Путин илегално ја анектираше украинската покраина заедно со уште три други – гувернерот на регионот, назначен од Москва, Кирил Стремусов, се обиде да го смири расположението. Далеку од пораз, повлекувањето беше тактичко „прегрупирање“ за „да се зададе одмазднички удар“, рече […]

Британски аналитичар: Започна колапсот на рускиот фронт на југот


Ед Арнолд, аналитичар во британскиот институт за безбедност и одбрана Royal United Services, во интервју за Sky News ги коментираше последните случувања на фронтот во Украина. Арнолд вели дека „Украина веќе ја постигнала својата примарна политичка цел“, односно дека „му покажала на Западот дека може да ја ослободи сопствената територија користејќи оружје испратено од западните […]

Бела куќа: Нема индиции дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје


  Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер денеска изјави дека САД немаат индиции дека Русија се подготвува да употреби нуклеарно оружје во војната со Украина. – Ние овде многу сериозно го сфаќаме секое нуклеарно оружје или заканата од нивна употреба, но сакам да кажам дека не видовме причина да го адаптираме нашиот сопствен стратешки нуклеарен […]

Остварена средба меѓу рускиот в.д. амбасадор во ЕУ и дипломатската служба на ЕУ


Директорот за Русија во дипломатската служба на ЕУ, Микаел Сиберт го повика на разговори рускиот в.д амбасадор, Кирил Логвинов, соопштија двете страни. Како што јавува дописничката на МИА од Брисел, Европската Унија преку Сиберт ја повторила својата најостра осуда за нелегалната анексија на четирите украински области од страна на Руската Федерација, и непризнавањето на референдумите. […]

Во координиран одговор, членките на ЕУ ги повикуваат на разговор руските амбасадори


Земјите од Европската унија почнаа да ги повикуваат на разговор руските амбасадори во нивните престолнини како координиран одговор на руската нелегална анексија на украински територии, изјави денеска за ДПА официјален претставник на ЕУ. Германија го повикала рускиот амбасадор во Берлин, потврди германското Министерство за надворешни работи за ДПА. Во министерствата за надворешни работи за понеделник […]

Рускиот Уставен суд ја потврди анексијата на украински територии


Уставниот суд на Руската Федерација објави дека не ја смета меѓународно непризнаената анексија на четири украински територии за кршење на руските закони. Вклучувањето на регионите Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје во Руската Федерација е во согласност со Уставот, објави денеска судот во Санкт Петербург, пренесува државната новинска агенција ТАСС. Меѓународната заедница го осудува потегот на […]

Саботажата на гасоводите и мистерија: Кој го направи тоа? (Дали беше Русија?)


  БЕРЛИН -Два дена откако пар експлозии под Балтичкото Море очигледно ги разнесоа огромните цевководи за природен гас од Русија до Германија, во средата се зацврсти консензусот дека тоа бил чин на саботажа, бидејќи Европската унија и неколку европски влади го нарекоа напад и побараа истрага. Експертите велат дека може да бидат потребни месеци за […]

Масакр врз цивили во Украина: Руски сили истрелаа ракети кон конвој, 23 загинати


Руски сили утринава истрелаа ракети врз цивилен конвој автомобили и комбиња во близина на градот Запорожје, објави Олександр Стријук, украински гувернер на областа Запорожје. Станува збор за конвој цивили кои со автомобили оделе да ги земат своите роднини од териториите под руска окупација. На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат вознемирувачки сцени со мртви […]

Русија отвори пункт за мобилизација и на границата со Казахстан


Руските власти најавија дека наредните денови ќе отворат пункт за мобилизација и во регионот Астрахан, на границата со Казахстан, јавија дел од медиумите во Русија. Тоа веќе е сторено на преминот Горен Ларс, на границата со Грузија. На границата со Казахстан, на главниот граничен премин Караузек, се создадоа километарски колони од автомобилите на оние кои […]