Русија знаела за посетата на Бајден на Киев


Соединетите држави ја известиле Русија дека Џо Бајден ќе го посети Киев неколку часа пред да замине, соопшти Белата куќа. „Ги информиравме Русите дека претседателот Бајден ќе отпатува за Киев“, изјави советникот за национална безбедност Џејк Саливан. Тој рече дека тоа е направено неколку часа пред неговото заминување за да се избегнат конфликти. „Поради чувствителноста […]

САД треба да докажат дека не го уништиле Северен тек, тврди Руската амбасада во САД


САД треба да се обидат да докажат дека не стојат зад уништувањето на гасоводот „Северен тек“ што ја поврзуваше Русија со Западна Европа, соопшти Руската амбасада во САД. Москва смета дека уништувањето на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ во септември минатата година е „акт на меѓународен тероризам“ и нема да дозволи тоа […]

На руска студентка и се закануваат 10 години затвор поради објава на Инстаграм во врска со војната во Украина


На руска студентка и се заканува затворска казна до 10 години поради нејзината објава на Инстаграм во врска со војната во Украина, јави Би-би-си. Олесија Кривцова е во домашен притвор во северниот град Архангелск. Дваесетгодишната студентка на локалниот универзитет има електронска нараквица на ногата и полицијата може да ја следи. Прекршокот на Олесија е што […]

Русија може да го ограничи производството на нафта поради западните санкции


Рускиот вицепремиер Александар Новак изјави дека постои ризик од намалување на производството на нафта во Русија поради ценовните ограничувања на руските суровини што ги воведоа ЕУ и земјите од Г7. Одговарајќи на новинарско прашање дали сега има предуслови за намалување на производството на нафта, вицепремиерот рече: „Да, постојат такви ризици. Ќе ги оцениме во блиска […]

Русите во 2022 година купиле над 50 тони златни прачки


    Русите минатата година купи рекордна количина златни прачки. Даночните олеснувања за благородни метали ги поттикнаа луѓето да складираат резерви, се наведува во денешното соопштение на руското Министерство за финансии. Во март минатата година, Москва го укина данокот на додадена вредност на трговијата со злато за физички лица, во обид да ги спречи граѓаните […]

По одлуката за тенковите Русија нуди преговори со Украина


  Руските власти ги обновија барањата за разговори со Украина откако САД и сојузниците одлучија за масовно снабдување со тенкови и оклопни возила за можна украинска офанзива на пролет. Тезата дека Москва го одбива дијалогот е лага, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во четвртокот во интервју за Росија-24 и РИА Новости. Според […]

Русија собира оружје и војска за голема офанзива, вели Украина


  Русија се подготвува за „максимална ескалација“ на војната во Украина, потенцијално во следните неколку недели, според висок претставник на украинската национална безбедност. „Овие ќе бидат дефинирачки месеци во војната“, изјави Олексеј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, во интервју за Скај њуз емитувано во вторник. „Свесен сум дека главните […]

Русија воведува задолжителна воена обука во училиштата


Од септември руските деца ќе треба да посетуваат задолжителна основна воена обука на училиште, соопшти британското Министерство за одбрана. Руското Министерство за образование, исто така, ги објави детали и плановите за учениците претходно оваа година. Во училиштата ќе биде воведен предмет наречен „основи на животната безбедност“, кој ќе вклучува обука со автомати и рачни гранати […]

Орбан: Унгарија ќе стави вето на санкциите на ЕУ против Русија на нуклеарната енергија


 Унгарија ќе стави вето на сите санкции на Европска Унија против Русија кои влијаат на нуклеарната енергија, изјави денеска премиерот Виктор Орбан за Државното радио. – Украина ја повика ЕУ да ја вклучи руската државна нуклеарна компанија Росатом под санкции, но Унгарија ја блокираше таквата одлука. Во интервјуто, Орбан повтори дека „очигледно мора да се стави вето“ […]

Судот ја затвори најстарата организација за човекови права во Русија


  Московската Хелсиншка група, најстарата организација за човекови права во Русија, денеска е затворена откако Судот пресуди дека не е соодветно регистрирана. Групата, основана во 1976 година од советски дисиденти, објавуваше годишни извештаи за човековите права во Русија и беше една од ретките преостанати независни организации за човекови права во земјата, по затворањето на организацијата […]

Русија: Ако САД испратат тенкови во Украина, тоа е очигледна провокација


  Можната испорака на борбени тенкови од страна на Вашингтон за Украина ќе биде „уште една очигледна провокација“ против Русија, изјави рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов. – Очигледно е дека Вашингтон намерно се обидува да ни нанесе стратешки пораз, рече Антонов во забелешките на амбасадата објавени на Телеграм. – Ако САД решат да испорачаат […]

„Полуде“: Кина вели дека ја губи довербата во Путин


  Рускиот претседател Владимир Путин, кој прогласи стратешко и сеопфатно партнерство со Кина, ја губи довербата на раководството во Пекинг, кое сѐ повеќе се сомнева во присебноста на неговите одлуки и способноста без загуба да излезе од „стапицата“ на украинската авантура. . Кина смета дека е можно Русија да не може да постигне победа над […]

Киев тврди за 500 загинати или ранети руски војници во артилериски напад


  Властите во Киев денеска соопштија дека нивната армија убила и повредила околу 500 руски војници во артилериски напад во областа Херсон во јужна Украина, јави ДПА. „Загубите на непријателот изнесуваат 500 мртви и ранети“, соопшти украинскиот Генералштаб во врска со нападот кај селото Чулакивка на новогодишната ноќ. Цифрата на загинати и повредени не може засега да се повтрди […]

Зеленски: Русија планира со напади со дронови да ја исцрпи Украина


Русија планира долгорочна офанзивна кампања со ирански беспилотни летала за „исцрпување“ на Украина, изјави денеска претседателот на Украина, Володимир Зеленски. „Имаме информации дека Русија планира долгорочни напади користејќи беспилотни летала Шахед, за исцпрпување на нашиот народ, нашата воздушна одбрана, нашата енергија“, рече Зеленски во своето ноќно видео-обраќање. Тој уште истакна дека Украина мора „да дејствува […]

Британија: Русија деновиве би можела да изврши нов голем напад


Британското Министерство за одбрана наведува дека постои реална можност Русите деновиве да извршат удари со долг дострел врз Украина со цел да го поткопаат украинскиот дух. Тие додадоа дека од октомври, Русија го следи моделот на започнување интензивен бран на напади на секои седум до 10 дена, првенствено насочени кон електричната мрежа на Украина. Последниот беше […]

(Видео) На руски генерал му падна мраз на глава, во болница е


  Во Москва, од покрив на зграда парче мраз му падна на глава на вршителот на должност генерал на руското министерство за итни случаи Анатолиј Елизаров, рече портпаролот на итната служба. Генералот-полковник е префрлен во 67-та клиничка болница и е при свест, но се здобил со тешки повреди. Според медиумите, големо парче мраз вчера се […]

Чешкиот претседател предвидува дека Русија ќе се повлече од Украина


Чешкиот претседател Милош Земан повика на дополнителна поддршка за Украина, вклучително и воена поддршка, тврдејќи дека Русија на крајот ќе мора да ја напушти Украина, јави ДПА. – Убеден сум дека притисокот на слободните земји порано или подоцна ќе ја принуди Русија да ја напушти територијата на Украина, рече Земан во своето традиционално божиќно телевизиско обраќање. Тој […]

(Видео) Убиени тројца војници во напад врз база длабоко во Русија


Тројца руски војници загинале изутрината при паѓање на остатоци од украинско беспилотно летало што беше соборено пред да изврши напад врз базата Енгелс во руската област Саратов, објавија руските новински агенции, цитирајќи го Министерството за одбрана. Тоа беше втор напад на базата овој месец. „Украинско беспилотно летало беше соборено на мала височина додека се приближуваше […]

Русија и Кина ќе одржат заедничка воена вежба


Руското Министерство за одбрана соопшти дека Русија и Кина ќе одржат заедничка поморска воена вежба од 21 до 27 декември. – Заедничките поморски вежби, што се одржуваат секоја година од 2012 година, ќе опфатат ракетен и артилериски оган во Источното Кинеско Море. Главната цел на вежбите е зајакнување на поморската соработка меѓу Русија и Кина […]

Москва испраќа музичари на фронтот во Украина за да го подигне моралот на војниците


Руските власти имаат намера да распоредат музичари на првите линии на фронтот во Украина во обид да го подигнат моралот на војниците. Министерството за одбрана на Русија најави формирање на „првата уметничка бригада“, велејќи дека во неа ќе бидат вклучени пејачи и музичари. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ги посети војниците на фронтот во […]