Русија: Украинските сили нападнаа неколку места во регионот на Белгород


Украинските сили го гранатираа регионот Белгород на руската граница со Украина, при што беа повредени најмалку пет лица и оштетени куќи и далноводи, изјави гувернерот на регионот Белгород, Вјачеслав Гладков. Градот Шебекино во јужниот дел на Белгород бил гранатиран три пати, при што се ранети пет лица, нагласи Гладков, додавајќи дека уште најмалку пет населени […]

Русите лансираа 15 крстосувачки ракети кон главниот град на Украина


Русија утрово лансираше околу 15 крстосувачки ракети кон главниот град на Украина, но системите за противвоздушна одбрана ги соборија сите, соопштија украинските власти, откако претходно се огласија предупредувањата за воздушен напад во поголемиот дел од земјата. Денешните напади, петти овој месец, се случија еден ден откако Русија го лансираше најголемиот број беспилотни летала досега. Началникот […]

Украина, Русија, Турција и ОН не постигнаа договор за извозот на жито


Украина, Русија, Турција и Обединетите нации не постигнаа договор во текот на денешните преговори за извозот на жито. Портпаролот на ОН, Фархан Хак изјави дека не е дадено овластување на ниту еден нов брод за извоз на жито преку Црното Море. Тој додаде дека продолжуваат секојдневните инспекции на претходно одобрените бродови.

Тиндер се повлекува од Русија


Платформата за онлајн запознавање Tinder ќе работи во Русија до 30 јуни, по што ќе престане со работа, беше објавено денеска на веб-страницата на компанијата Match Group. „Нашите брендови преземаат чекори за ограничување на пристапот до нивните услуги во Русија и ќе го завршат своето излегување од рускиот пазар до 30 јуни“, се вели во […]

На Русија ѝ недостасуваат 600.000 работници


Руската влада објави дека на економијата и недостасуваат 600.000 работници, по минатогодишната масовна мобилизација и заминувањето на речиси милион Руси во странство, пренесе „Ал Џезира“. Минатата година за војната во Украина беа мобилизирани 300.000 луѓе, додека речиси милион Руси ја напуштија земјата за да не завршат на бојното поле.   Официјалните лица велат дека на […]

Путин сака до крајот на 2026 година да произведуваат 18 илјади дронови годишно


Руската индустрија за дронови наскоро би можела да вреди повеќе од 12 милијарди долари откако ќе се спроведе планот за зголемување на производството, изјави рускиот претседател Владимир Путин. Кон крајот на минатата година, Путин кажа дека Русија мора да го зголеми своето производство на беспилотни летала (UAV) и да создаде инфраструктура за нивна широка воена […]

АП: Белорусите стравуваат дека Москва ќе ги принуди на војна против Украина


Во Белорусија се зголемуваат стравувањата дека Москва го присилува својот близок сојузник директно да се вклучи во борбите во Украина, пренесува АП, додавајќи дека Белорусите се поканети да учествуваат во воена обука. „Руските сили се веќе во Белорусија, гледам дека земјата полека се претвора во касарна“, изјави за АП Руслан, инженер кој неодамна добил покана […]

Бран страшни убиства и силувања ја зафати Русија: Никој не може да ги спречи, а јасно е кој е виновен


  Русија се соочува со бран насилства од криминалци кои се ослободени од затвор за да се борат во војната во Украина, а потоа се враќаат дома за да го продолжат својот криминален живот. Исто така, Русите кои немале криминално досие пред војната поради бруталноста низ која минале на првите борбени линии стануваат убијци откако […]

Шведска протера руски дипломати


Шведските власти прогласија за персона нон грата петмина руски дипломати, изјави денеска шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром. „Шведска протерува пет руски дипломати“, рече Билстрем во интервју за СВТ. Министерството за надворешни работи на Шведска го повикало рускиот амбасадор Виктор Татаринцев и го информирал за ваквата одлука, пренесува Интерфакс. Според Билстром, Стокхолм донел таква […]

Завршија ненадејните вежби на руската флота во Пацификот


 Руската војска денеска соопшти дека ги завршила ненадејните вежби на својата флота во Пацификот, најавени минатата недела, а одржани во услови на зближување со Кина и тензии со Западот. – Ненадејните вежби го потврдија високото ниво на воена подготвеност на Пацифичката флота за исполнување на мисии насочени кон одбивање на агресија од можен непријател, соопшти […]

Нов потег на Москва: Сакате да ја напуштите Русија – треба да платите


Компаниите кои сакаат да го напуштат рускиот пазар, покрај сите дополнителни финансиски барања, ќе треба да платат и дополнителен данок на добивка. На Русија ѝ требаат пари, па нема да бидат поштедени ниту компании како Volkswagen, UniCredit или Raiffeisen Bank кои сакаат да излезат од нејзиниот пазар, пренесува Bloomberg. Москва воведе данок од 10 отсто […]

Нордиски земји: Русија се подготвува да ја саботира инфраструктурата на Северното Море


 Русија има програма да ги саботира крајбрежните ветерници и телекомуникациските кабли во Северното Море, покажуваат податоците од заедничкото истражување на нордиските ТВ станици. Во истражувањето на јавните телевизии на Данска, Норвешка, Шведска и Финска, се тврди дека Русија има флота од бродови маскирани како рибарски и истражувачки бродови во Северното Море. Тие носат опрема за […]

Русија воведе доживотен затвор за „велепредавство“


Руските пратеници денеска изгласаа серија амандмани на Кривичниот законик, со кои се зголемуваат казните наменети за сузбивање на противниците на власта, а со еден се воведува доживотен затвор за „велепредавство“. Државната дума, Долниот дом на рускиот Парламент, гласаше за казнување на тие кои „помагаат во спроведувањето на одлуките на меѓународните организации“ кои Русија не ги […]

Финска почна да гради ограда на границата со Русија


 Финска почна со изградба на ограда од бодликава жица долж границата со Русија за да ја намали илегалната миграција. Изградбата почна југоисточно од градот Иматра, кој брои околу 25.000 жители. Финска има 1.340 километри граница со Русија. Изградбата на оградата е иницијатива на граничната полиција, одобрена од владата на Сана Марин. Оградата ќе биде висока […]

Русија тестираше интерконтинентална балистичка ракета


 Русија успешно лансираше интерконтинентална балистичка ракета од локација на југот на земјата, соопшти рано утринава Министерството за одбрана, испраќајќи ново предупредување до своите непријатели. Ракетата со долг дострел беше лансирана од полигонот Капустин Јар во регионот Астрахан, на брегот на Каспиското Море. Пробната боева глава подоцна погоди објект во сојузничката земја Казахстан како што беше […]

Русија почна воени вежби во водите во Арктикот


 Русија почна воени вежби во нејзините води во Арктикот, во кои учествуваат 1.800 војници, повеќе од десетина бродови и 40 авиони и хеликоптери. Северната флота на руската морнарица соопшти дека вежбите ќе се фокусираат на заштитата на „безбедноста на руската трговска морнарица и поморските патишта, како што е Североисточниот премин“. Се очекува вежбите да траат […]

Стејт департмент: Новинарот на „Волстрит џурнал“ неправедно приведен во Русија


Стејт департментот денеска оцени дека е утврдено оти Русија „неправедно го привела“ новинарот на Волстрит џурнал, Американецот Еван Гершкович, оценувајќи дека обвинувањата за шпионажа се лажни и дека се работи за политички случај. „Секретарот Ентони Бленкен денеска утврди дека Гершкович е незаконски приведен од Русија“, се наведува во соопштението. – Новинарството не е злосторство. Го […]

Русија планира значително помало производство на житарици оваа година


 Русија планира да произведе 120 милиони тони житарици оваа година, објави денеска тамошното Министерство за земјоделство, што сигнализира значително помало производство отколку во рекордната 2022 година. Според официјалните податоци, минатогодишната реколта произведе 157,7 милиони тони житарици, од кои 104,2 милиони тони пченица. Не е јасно дали минатогодишната рекордна жетва е поврзана со освојување на територија […]

Кремљ се заканува по приемот на Финска во НАТО: Принудени сме да преземеме контрамерки


Од Москва рекоа дека приемот на Финска во НАТО денеска ќе го принуди Кремљ да преземе конкретни контрамерки и дека тоа е директно навлегување во безбедноста на Русија. „Кремљ смета дека ова е уште една ескалација на ситуацијата, дека проширувањето на НАТО е навлегување во нашата безбедност, интересите на Руската Федерација. Токму така го перципираме. […]

Борел: ЕУ ќе се спротивстави на секоја злоупотреба од Русија како претседавач со СБ на ОН


Европската унија (ЕУ) ќе се спротивстави на секоја злоупотреба од руска страна за време на нејзиното претседавање со Советот за безбедност на ОН во април, изјави денеска во Брисел првиот европски дипломат, Жозеп Борел. -Доаѓањето на Русија за претседавач со Советот за безбедност на ОН вредно е како првоаприлска шега. И покрај тоа што е […]