Уделот на Русија во трговијата со ЕУ падна под два отсто


Трговијата на ЕУ со Русија е силно погодена од увозните и извозните ограничувања наметнати од Брисел по руската инвазија на Украина. И извозот и увозот значително се намалија под нивото пред инвазијата. Уделот на Русија во увозот надвор од ЕУ падна од 9,6% во февруари 2022 година на 1,7% во јуни 2023 година, додека уделот […]

Данска ѝ нареди на Русија да го намали бројот на луѓе во амбасадата во Копенхаген


Данска одлучи да го ограничи бројот на руски дипломати во амбасадата во Копенхаген на пет, а бројот на административниот персонал на 20, принудувајќи ја Москва да повлече дел од персоналот, соопшти данското Министерство за надворешни работи. „Одлуката за воведување на принципот на еднаквост во однос на големината на двете амбасади значи дека руската амбасада во […]

Русија тешко ги забележува дроновите, а Украина тестира нови – копнени


Британското министерство за одбрана во својот дневен извештај за ситуацијата во Украина соопшти дека руската противвоздушна одбрана се бори да открие и уништи украински беспилотни летала лансирани од Киев кон Русија, судејќи според тоа колку од нив ги погодиле своите цели. Министерството додава дека вчерашните напади со украински беспилотни летала се најголемиот напад врз Русија […]

Голем ноќен напад врз Русија: На аеродромот Псков на границата со ЕУ, уништени 4 авиони


Руските власти соопштија дека бил нападнат аеродромот Псков во близина на границата со Латвија и Естонија. Најголем координиран напад врз Русија од почетокот на војната Украинските беспилотни летала гаѓаа шест руски региони во најголемиот координиран напад со беспилотни летала од почетокот на војната. Во Псков, каде беа оштетени четири воени авиони, регионалниот гувернер Михаил Ведерников […]

Британските разузнавачи: Се исплати да се приклучиш на руската армија – Путин добро плаќа


Во најновиот разузнавачки извештај, Министерството за одбрана на Обединетото кралство тврди дека воената служба во руските вооружени сили станала профитабилна од почетокот на целосната инвазија на Русија минатиот февруари. „На 4 февруари 2022 година, рускиот претседател Владимир Путин истакна дека еден поручник добивал 81.200 рубли месечно.  Тоа е над 2,7 пати повеќе од руската национална […]

„Хајнекен“ го продаде бизнисот во Русија за едно евро


Холандскиот производител на пиво „Хајнекен“ (Heineken) излезе од Русија така што ги продаде своите операции таму на руската групација „Арнест“ за симболично едно евро. Вториот по големина светски производител на пиво објави дека ги добил сите потребни дозволи за договорот и дека најверојатно ќе претрпи екстремно високи загуби од 300 милиони евра. Компанијата својата намера […]

Откриена е тајна база во која Русите произведуваат дронови со иранска технологија


Русија произведува 6.000 дронови во тајна база со помош на иранска технологија. Според објавените документи, Русија развива илјадници беспилотни јуришни авиони по моделот на иранскиот „Шахид“. Инженерите во објектот „Алабуга“ во Татарстан, на околу 800 километри источно од Москва, планираат да произведат околу 6.000 од надградените дронови до 2025 година, објави Вашингтон пост. Иако производството […]

Ќе ја спаси ли рубљата: Централната банка на Русија ја зголеми референтната камата на 12 отсто


Управниот одбор на Централната банка на Русија (БР) денеска соопшти дека на вонредна седница ја зголемил референтната каматна стапка од 8,5 отсто на 12 отсто. Аналитичарите претходно не ја исклучија можноста за зголемување на референтната каматна стапка за 100 до 350 базични поени, па ова зголемување на каматната стапка е на горната граница на прогнозата, […]

Трагедија во Дагестан: Во пожар на бензиска станица загинаа најмалку 27 лица (видео)


Во пожарот на бензинска пумпа во јужниот руски регион Дагестан загинале најмалку 27 лица, меѓу кои и три деца, јавија утринава руските медиуми, повикувајќи се на регионалните служби за итна медицинска помош. Пожарот, што синоќа избувна во работилница за поправка на автомобили, на работ од автопатот во главниот град на Дагестан, Махачкала, предизвика експлозии што […]

Русија испраќа воени бродови во регионот на Арктикот


Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу направи проверка на оддалечениот арктички гарнизон на Северната флота, соопшти денеска руското министерство за одбрана, додека дел од воените бродови се испратени во Арктичкиот океан за да ги извршуваат своите задачи. Шојгу ја прегледа воената инфраструктура и „подготвеноста да дејствува за заштита и одбрана на клучните објекти“, соопшти Министерството […]

(Видео) Австралијците мислеа дека снимиле метеор, испадна дека е руска ракета


Вчера, на ноќното небо над Мелбурн беа видени блескави остатоци, при што многумина споделија фотографии и снимки на социјалните мрежи и се сомневаа дека станува збор за метеор. Светлосниот феномен патувал над планината Булер до Мелбурн и бил во пламен речиси една минута пред да се распадне во силно запалени остатоци. „Ѕвезда стрела над Мелбурн […]

Златните резерви на Русија се намалени за 11,6 милијарди долари


 Златните и девизните резерви на Русија во мај се намалија за 11,6 милијарди долари, стигнувајќи до 584,2 милијарди долари. Ова го посочуваат податоците на националните централни банки. Се истакнува дека како резултат на тоа, земјата и го отстапи четвртото место на Индија меѓу економиите со најголеми меѓународни средства и падна на петтото место. Од друга […]

Русија од почетокот на годината регрутирала 230.000 војници


 Повеќе од 230.000 војници се регрутирани во руската армија од почетокот на годината, изјави поранешниот претседател Дмитриј Медведев, додека руската офанзива во Украина продолжува во осумнаесеттиот месец. „Од 1 јануари до 3 август (…) повеќе од 231.000 луѓе беа ангажирани според договорот“, рече Медведев. Поранешниот руски претседател, кој моментално ја извршува функцијата заменик секретар на […]

Британците случајно испратиле тајни информации на руски сојузник наместо на САД


Британското Министерство за одбрана покрена истрага откако официјални лица несвесно испратија е-пошта со доверливи информации на близок руски сојузник поради печатна грешка. Неколку мејлови наменети за Пентагон се испратени во Мали поради случајно пропуштање на буквата „и“ во адресата на електронската пошта, пишува Гардијан. Британските власти ги испратија пораките на адреса што завршува со доменот […]

Tомас Гринфилд: Русија води војна против светското снабдување со храна


 Русија води војна против светското снабдување со храна, изјави синоќа на седница на Советот за безбедност на ОН американската амбасадорка во ОН, Линда Томас Гринфилд, а по руските ракетни напади деновиве на пристаништата во Украина од каде се извезува жито за светските пазари.  Русија неделава одлучи да се повлече од Црноморскиот договор за жито што […]

Русија продолжува да ја користи храната како оружје на војната


Повлекувањето на Русија од договорот за жито е силен удар за снабдувањето со храна во најранливите земји во светот, изјави синоќа на брифингот Метју Милер, портпарол на Стејт департментот. Истакна дека дејствијата на Москва го ставаат во опасност глобалното снабдување со храна, додека цените на житариците растат. -Русија вчера се повлече од учеството на Црноморскиот […]

Русија ноќеска почна воздушни напади на југот и истокот од Украина


Русија во текот на ноќта почна со воздушни напади врз јужна и источна Украина користејќи беспилотни летала и балистички ракети, соопштија рано утринава украинските воздухопловни сили. Јужното пристаниште Одеса и регионите Миколаив, Доњецк, Херсон, Запорожје и Дњепар се под закана од напад од руски беспилотни летала, јави Военото воздухопловство на апликацијата за пораки Телеграм. Се […]

Стапи во сила Одлуката на ЕУ за макрофинансиска помош за земјава


Одлуката на ЕУ за обезбедување макрофинансиска помош за Северна Македонија во износ до 100 милиони евра за справување со последиците предизвикани од руската агресија врз Украина, стапи во сила, откако денеска официјално е објавена во Службениот весник на Европската Унија. Одлуката што Советот за општи работи (ГАК) на Унијата едногласно ја одобри на минатиот понеделник, […]

(Видео) Тенк меѓу капачи: „Се сончавме и пливавме, а потоа без предупредување влета со полна брзина“


Температурите во рускиот град Тјумен изминатите неколку дена беа значително повисоки од 30 степени, а мештаните бараа освежување во блиското езеро. Но, мирниот летен ден ненадејно го прекина тенк Т-72 на руската армија, кој без застанување налета на луѓето. Според пишувањата на локалните медиуми, во близина на дивата плажа на Андрејевското езеро има воен полигон […]

Украина сега има 1.500 тенкови, а Русија 1.400


  Помошта на западните сојузници на Украина и катастрофалните загуби на воена опрема што ги претрпе руската армија го менуваат односот на силите на бојното поле. Значителната супериорност во тешкото оружје што ја имаше Русија на почетокот на војната е значително намалена. А во однос на бројот на тенкови, украинската армија, очигледно, дури и ја […]