Украинска армија уништила 35 од 39 дронови лансирани од Русија


Русија го изврши својот петти напад со беспилотни летала врз Киев во изминатите две недели, а украинската војска соопшти дека системите за противвоздушна одбрана ги уништиле сите беспилотни летала пред да стигнат до главниот град на Украина. Во соопштението на украинските воздухопловни сили и силите за противвоздушна одбрана објавено на каналот Телеграм, се наведува дека […]

Русија тврди дека соборила 22 украински дронови во западниот дел на земјата и на Крим


 Руската армија синоќа собори 22 украински дронови во западна Русија и Крим, соопшти денеска Министерството за одбрана во Москва. – Во текот на изминатата ноќ, системи за противвоздушна одбрана уништија и пресретнаа 22 беспилотни летала, се вели во соопштението објавено на Телеграм. Украина годинава ги засили нападите на руска територија, насочени кон енергетските локации за […]

Русија осуди тинејџер на 12 години затвор поради испраќање пари на армијата на Киев


Русија денеска осуди тинејџер на 12 години затвор за наводно донирање пари на силите на Киев, јавија руските медиуми. Во јужниот град Ростов на Дон, судот осуди 19-годишник на 12 години затвор за „предавство“. Безбедносната служба ФСБ соопшти дека тинејџерот праќал пари за да и помогне на армијата на Киев да купи беспилотни летала и […]

ЕУ со нови санкции за Русија


Советот за надворешни работи на ЕУ на денешниот состанок во Луксембург усвои нови санкции против Русија поради војната во Украина. Новите санкции се насочени кон области од висока вредност за руската економија, како што се енергијата, финансиите и трговијата, и имаат за цел да го отежнат заобиколувањето на санкциите на ЕУ. Санкции се воведени и […]

Терористички напади во Русија: Улични борби, нападнати цркви, убиени 15 полицајци


Најмалку 15 полицајци беа убиени вчера во серија напади во јужната руска провинција Дагестан, а убиени се и пет напаѓачи, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на руските агенции. Вооружени напаѓачи отворија оган врз синагога и две православни цркви во Дербент, како и врз полициски контролен пункт во Махачкала. Министерството за внатрешни работи соопшти дека во нападот […]

Нов голем напад на руските сили врз украинската енергетска инфраструктура


Руските вооружени сили во текот на ноќта извршија нов масовен напад врз енергетската инфраструктура во западна и јужна Украина, соопшти украинското Министерство за енергетика. Објектите на Укренерго (украинскиот оператор) се оштетени во регионите на Лавов на запад и на Запорожје на југ, каде двајца работници се повредени и хоспитализирани, додава Министерството. Во соопштението се наведува […]

Американски војник доби речиси четири години затвор во Русија


Руски суд осуди американски војник на три години и девет месеци затвор под обвинение за кражба и закана дека ќе ја убие својата девојка, објавија руските медиуми. Наредникот Гордон Блек беше осуден пред судот во Владивосток на далечниот исток на Русија и ќе ја отслужи казната во казнена колонија. Блек, кој беше уапсен во мај, […]

Минатиот месец Русија ги престигна САД како најголем снабдувач на ЛНГ во Европа


Додека Русија продолжува да се движи низ низата санкции наметнати од Украина и западните сојузници, европскиот увоз на гас од Русија ги надмина испораките од САД. Ова беше првпат Русија да ги престигне САД како најголем снабдувач на гас во Европа во речиси две години. Пресвртот во мај ги истакнува тешкотиите во намалувањето на зависноста […]

Руските безбедносни сили ги убиле затворениците кои држеа двајца чувари како заложници


Руските безбедносни сили упаднаа во притворниот центар на југот на Русија и ликвидираа шест затвореници кои ги држеа двајцата затворски чувари како заложници, објавија руските медиуми, пренесе Бета. Шест затвореници кои земаа двајца чувари како заложници во притворниот центар во градот Ростов на Дон се „ликвидирани“, објавија руските медиуми.  -Заложниците во притворот во Ростов на […]

Русија изврши напад од воздух врз Киев, соопшти украинската армија


Руските сили утрово извршија воздушен напад со ракети и беспилотни летала врз Киев, соопшти украинската војска на Телеграм. Според првичните информации, во главниот град нема жртви или штети. Властите, објавија дека успешно е извршена одбрана на градот. Гувернерот на Киевската област Серхи Попко наведе дека според прелиминарните информации, Русија во нападот користела комбинација од крстосувачки […]

Русите започнаа масовни напади; Полска ги подигна авионите Ф-16


Како што пренесуваат светските агенции, руските сили ја бомбардирале Украина со ракети камикази и беспилотни летала. Според извештаите, руските сили ја напаѓаат украинската армија на речиси целата линија на фронтот, концентрирајќи ги своите напори на правците Купјан и Покровски, соопшти претходно украинскиот Генералштаб. Наведено е и дека Украина во текот на ноќта била масовно нападната […]

Путин: НАТО си игра со оган. Имајте на ум, вашите држави се мали и густо населени


Рускиот претседател Владимир Путин денеска уште еднаш го доведе во прашање легитимитетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, велејќи дека тој само ќе ги признае овластувањата на парламентот на земјата во Киев. Путин рече дека, според украинскиот устав, вонредната состојба наложува да се прошират овластувањата на Врховната Рада, но не и на претседателот. Украинските адвокати велат […]

Шест земји од НАТО ќе градат „ѕид од дронови“ кон Русија


Шест земји од НАТО планираат да развијат „ѕид на дрон“ за одбрана на границите со Русија. Министрите од Финска, Норвешка, Полска и трите балтички земји во текот на викендот изјавија дека разговарале за создавање координиран систем за беспилотни летала долж нивните граници со Русија за да „спречат шверц и понатамошни провокации“, објави Фајненшл тајмс. „Ова […]

Борел е за Украина да користи европско оружје за напади на руска територија


Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел денеска ги повика членките на Унијата да најдат рамнотежа меѓу стравот од ескалација и потребата Украинците да се бранат, оценувајќи дека Киев треба да може да гаѓа на руска територија со западно оружје. „Според правилата на војувањето тоа е сосема можно, нема противречност, можам да одговорам или да се […]

Министрите за надворешни работи на ЕУ усвоија нов режим на санкции против Русија


Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска усвоија нов режим на санкции за казнување на сериозните прекршувања на човековите права во Русија, потврдија повеќе дипломати за ДПА. Новиот систем на санкции беше воспоставен по смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални и цели кон поединци и организации одговорни за репресијата на опозицијата. Режимот на санкции […]

Норвешка се повеќе го отежнува условот за влез на руски граѓани


Норвешките власти денеска соооштија дека од идната недела ќе ги затворат своите граници за руските туристи, не дозволувајќи им директен пристап до Шенген зоната. Иако не е членка, Норвешка го следи примерот на ЕУ, која презеде слична мерка по руската инвазија врз Украина. Таа скандинавска земја дели 198 километри копнена граница на Арктикот со Русија. […]

Русија сака да се ревидира државната граница во Балтичкото Море кон Финска


Министерството за одбрана на Русија предложи ревизија на државната граница во руските територијални води во Балтичкото Море. Во нацрт-уредбата од 21 мај објавена на федералниот портал на нацрт-регулаторни правни акти, Министерството предложи прилагодување на границата околу руските острови во источниот дел на Финскиот залив и околу Калининград, јавуваат руските агенции. Како што е објаснето, за […]

Русија почна со вежби за употреба на тактичко нуклеарно оружје во близина на Украина


Руската војска денеска соопшти дека во близина на Украина почнала вежби за употреба на тактичко нуклеарно оружје, кои ги наредил претседателот Владимир Путин на почетокот на мај, нагласувајќи дека тоа е одговор на западните „закани“. „Започна првата фаза од вежбите за подготовка и употреба на нестратешко нуклеарно оружје“, соопшти руското Министерство за одбрана. Како што […]

Финска бара ЕУ да изнајде мерки за спречување на влезот на мигранти од Русија


 Финска бара Европската Унија да изнајде заеднички мерки за спречување на т.н инструментализирана миграција, што значи проток на мигранти кои доаѓаат од Русија без валидни патни документи, изјави финскиот премиер Петери Орпо. Финска ја затвори границата со Русија минатата година за да го спречи зголемениот број на пристигнувања од земји, вклучувајќи ги Сирија и Сомалија, […]

Судот во Санкт Петербург нареди заплена на имотот на Дојче банк и на Уникредит во Русија


Дојче банк ќе мора да ги предаде сите средства што ги поседува во Русија, според одлуката на судот во Санкт Петербург.  Повод за ваквата објава на судот е тужбата што ја покрена Рускемалајанс (RusChemAlliance), компанија во која рускиот нафтен гигант Гаспром има 50 отсто сопственост. Рускемалајанс ја тужеше Дојче банк затоа што раководителите на банката […]