Експлозија во трговски центар во Русија


Најмалку едно лице загина, а седум се повредени во експлозија на гас во трговски центар во рускиот град Владикавказ, соопштија локалните служби за итни случаи. Според руските медиуми, експлозијата се случила на третиот кат од трговскиот центар додека вработените ги подготвувале продавниците за отворање. Експлозијата предизвика пожар, а во моментов околу 800 квадратни метри малопродажен […]

Притвор за 37-годишен скопјанец, бил дел од руската војска за месечна плата од 3.000 евра


Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР поднесе кривична пријава против Љ.Б.(37) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“. Во периодот од септември 2023 година, пријавениот заедно со сега починатиот Т.Ш., преку апликацијата „Телеграм“ аплицирале на отворен конкурс за […]

Како украински агенти го убија клучниот руски генерал во Москва


  Висок руски генерал загина откако експлозивна направа скриена во електричен тротинет детонираше пред станбена зграда во Москва, во напад за кој одговорноста ја презема Украина, а кој претставува еден од најхрабрите насочени атентати на висок воен функционер од инвазијата на Русија на земјата. Генерал-полковник Игор Кирилов, началникот на воената единица за хемиско, биолошко и […]

Последните часови на Асад во Сирија: измама, очај и бегство


  Башар ал Асад речиси никому не му се доверуваше за неговите планови да избега од Сирија додека неговото владеење пропаѓаше. Наместо тоа, помошниците, службениците, па дури и роднините биле измамени или држени во незнаење, изјавија за Ројтерс повеќе од десетина луѓе со знаење за настаните. Неколку часа пред да побегне во Москва, Асад на […]

Еврокомесарот за енергија најавува план за целосен прекин на увозот на енергенси од Русија во ЕУ


Европскиот комесар за енергија и домување Ден Јоргенсен најави амбициозен план за целосен прекин на енергетските врски меѓу Европската Унија и Русија, оценувајќи дека ЕУ се колеба околу целите за замена на руските со енергенси од други извори, па затоа се потребни чекори за „враќање на работите на вистинскиот пат“.  Тој смета дека самото намалување […]

Кремљ се подготвува да се збогува со воените бази во Сирија


  Брзиот колапс на режимот на Башар ал Асад во Сирија веројатно ќе ја лиши Русија од нејзината единствена прекуморска поморска база, како и од воените средства во кои Кремљ можеше да инвестира милијарди долари во последните девет години. Целосното повлекување на Русија од Сирија, со губење на пристаништето Тартус и воздухопловната база Хмеимим, е […]

Русија ги повика своите граѓани да се воздржат од патувања во западните земји


 Руските власти денеска соопштија дека односите со САД се толку конфронтирачки што руските граѓани треба да се воздржат од патување во САД, Канада и некои земји од ЕУ за време на претстојните празници, наведувајќи дека постои ризик од „лов“ на американските власти на руски државјани. Марија Захарова, портпаролка на руското МНР, истакна дека односите со […]

Русија: Асад ја напушти земјата и нареди мирно предавање на власта


 Руското Министерство за надворешни работи денеска објави дека сирискиот претседател Башар ал Асад ја напуштил функцијата и земјата откако наредил мирно предавање на власта. Во соопштението, Министерството не наведува каде се наоѓа сега Асад. Министерството истакна дека Русија не учествувала во дискусиите околу неговото заминување. Се наведува дека руските воени бази во Сирија се ставени […]

Ким: Русија има право на самоодбрана


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, на вчерашната средба со рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов во Пјонгјанг, истакна дека Русија има право на самоодбрана. Според Ким, Украина поради САД и западните земји „ја нападна руската територија со нивно оружје со долг дострел“ па затоа Русија мора нешто да преземе за „непријателските сили да ја платат цената“. […]

Централната банка на Русија се обидува да го запре падот на вредноста на рубљата


Централната банка на Русија (БЦР) соопшти дека од денеска до крајот на годинава нема да купува девизи на девизниот пазар со цел да го запре падот на вредноста на рубљата, која е на најниско ниво во однос на доларот и еврото од средината на март 2022 година. Пред почетокот на руската војна против Украина во […]

Русите се свртеа кон кинеските автомобилски брендови


Кинеските брендови зафаќаат околу 70 отсто од пазарот за нови автомобили во Русија, изјави аналитичарот на податоци од компанијата „Авито Авто“, Артјом Соколов. Руските производители во исто време ги достигнале планираните производствени капацитети, а нивниот удел на пазарот на нови автомобили во Русија достигнал 22 отсто во октомври 2024 година, пренесува ТАСС. Соколов додаде дека […]

Русија ги брише талибанците од листата на терористи


Русија наскоро ќе ги отстрани талибанците од својата листа на терористи, соопшти талибанската влада на Авганистан, цитирајќи ги зборовите на вчерашниот гостин во Кабул, Сергеј Шојгу, поранешен министер за одбрана на Русија, сега секретар на Советот за безбедност. Шојгу разговарал за „зајакнување на политичките односи и економската соработка и начините за зголемување на трговијата и […]

(Видео) Руски патнички авион се запали веднаш по слетувањето во Турција


Моторот на патнички авион од руско производство се запалил по слетувањето на аеродромот во Анталија во јужна Турција во неделата, соопшти турското Министерство за транспорт. Министерството соопшти дека слетувањата на аеродромот биле прекинати до три часот по полноќ по локално време, додека авионот не бил отстранет од пистата. Сите 89 патници и шест членови на […]

Песков: На Русија ѝ требаат мигранти, Кремљ го поздравува нивното доаѓање


 На Русија ѝ се потребни мигранти за развој поради неповолната демографска ситуација, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Проблемот е што имаме многу напната демографска ситуација. Живееме во најголемата земја во светот, но нè има малку“, додаде портпаролот на Кремљ. На 12 ноември, Русија усвои закон со кој се забранува промовирање на начин на живот […]

Германците објавија план во случај на војна со Русија


Германија почна поинтензивно да работи на подготовките за можни кризни ситуации, вклучително и сценарија на војна кои директно ќе ја зафатат земјата. Според весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ), Бундесверот развил стратешки документ наречен „Операционен план Германија“, во кој се детализирани улогата на економијата и клучните инфраструктурни сектори во случај на вооружен конфликт. Еден од клучните […]

Инфлацијата стана огромен проблем во Русија, продавниците мора да ги заклучат полиците


Продавниците во Русија мораат да заклучат некои полици со производи поради зголемен страв од кражба, што е резултат на огромната инфлација што влијае на економијата на земјата, пишува CNN. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии и видеа од кражби, а цените на одредени работи како путер, кромид и месо во последниот период скокнале за 25 […]

Русија ја напушти нуклеарната агенција на ОН, но ја продолж соработката


Една година по повлекувањето од меѓународниот договор за забрана на нуклеарни тестови, Русија продолжува да учествува во активностите на глобалниот пакт, изјави денеска шефот на подготвителниот комитет за Договорот за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови (CTBTO). Земјите-членки на CTBTO вчера му го продолжија мандатот на Роберт Флојд на чело на организацијата за уште четири години. […]

Киев: Русија префрли 7.000 севернокорејски војници на границата со Украина


 Во последната недела од октомври Русија префрлила повеќе од 7.000 војници од Северна Кореја на границата со Украина, соопшти денеска Министерството за одбрана на Украина. Како што се наведува во соопштението, севернокорејските војници биле транспортирани со помош на најмалку 28 воени транспортни авиони. Војниците се вооружени со минофрлачи, автомати АК-12, митралези РПК/ПКМ, снајперски пушки и […]

Украина и Русија тајно почнаа мировни преговори, Катар е посредник


  Украина и Русија започнаа прелиминарни разговори со цел да ги запрат нападите врз енергетската инфраструктура, пишува утринава како главна приказна во своето дигиталното издание „Фајненшел тајмс“. Наводно, со помош на Катар како посредник, Украина сака да ги оживее преговорите кои беа блиску до договор пред да бидат прекинати со украинската инвазија на Курск. „Ова […]

Сеул го повика рускиот амбасадор поради испраќањето војници од Северна Кореја


Јужнокорејското Министерство за надворешни работи го повика рускиот амбасадор во Сеул поради очигледното распоредување на севернокорејски војници во Русија, јави денеска новинската агенција Јонхап. За време на средбата, првиот заменик-министер за надворешни работи Ким Хонг Кјун рече дека му го изразил своето разочарување на Георги Зиновиев, пренесе ДПА. Зиновиев не даде коментар за новинарите по […]