Русија врши „масовно бомбардирање“ врз украинската енергетска инфраструктура


Руските вооружени сили денеска спроведуваат масовни напади врз енергетската инфраструктура на Украина, соопшти украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко. „Инфраструктурата за дистрибуција на енергија и пренос на гас во неколку украински области повторно е изложена на масовно бомбардирање со дронови и ракетни напади“, напиша Галушченко на „Фејсбук“.

Кремљ: Разговори меѓу Русија и САД откако амбасадите ќе бидат во функција


Малку е веројатно дека преговорите меѓу Русија и САД за Украина ќе започнат додека дипломатските претставништва на двете земји не почнат да работат со полн капацитет, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. На прашањето кога се очекува да започнат овие преговори, Песков рече дека тоа е малку веројатно додека амбасадите не бидат целосно оперативни. На […]

САД и Русија започнаа тајни преговори за рестартирање на „Северен тек“


  За време на неговиот прв претседателски мандат, Доналд Трамп се бореше против германската влада, барајќи таа да се откаже од изградбата на „Северен тек 2“, па дури и да воведе санкции против него. Сега неговата администрација се обидува да преговара со Кремљ за рестартирање на гасоводот и обновување на испораките за Германија со американско […]

Њујорк Тајмс: САД ги суспендираат кибер операциите против Русија како дел од напорите за подобрување на односите


Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет и нареди на американската кибер команда да ги запре офанзивните кибер операции против Русија, во обид да ги обнови односите со Русија и да постигне договор со Москва за мир во Украина, објави денеска Њујорк Тајмс. Во извештајот на американскиот весник, во кој се цитираат изјави на актуелен функционер […]

Голем руски напад врз повеќе украински градови


 Украинските власти соопштија дека во синоќешниот руски напад врз Харков повредени се 12 луѓе, од кои и две деца. Помеѓу повредните се и четворица пациенти од болницата во центарот на градот. Нападот врз североисточниот украински град се случи кратко време откако украинскиот претседател Володимир Зеленски замина од Белата куќа. Во меѓувреме украинската армија соопшти дека […]

(Видео) Биланс на лудилото: Колку Украинци уби Русија во Украина?


На социјалните мрежи се појави видео од гробовите на загинатите во војната што ја започна Русија во Украина и кое покажува застрашувачка слика на размерите на оваа трагедија. I've been thinking for a long time whether I should publish this for you. Now it is hard for me to describe this post in words. I […]

Трамп ги продолжи американските санкции против Русија за уште една година


Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека го продолжува рокот на американските санкции против Русија за една година. Ограничувањата беа воведувани постепено започнувајќи од претседателот Барак Обама во 2014 година, па неговиот наследник Доналд Трамп во 2018 година и следниот претседател на САД, Џо Бајден, во 2022 година. На денешниот брифинг за новинарите во Белата […]

Русија за пресудата за Додик: Загрозена стабилноста на Балканот


Судот на Босна и Херцеговина донесе пресуда против претседателот на Република Српска, Милорад Додик, и вршителот на должноста директор на „Службен весник на РС“, Милош Лукиќ, кои беа обвинети за непочитување на одлуките на високиот меѓународен претставник Кристијан Шмит. Додик е прогласен за виновен, додека Лукиќ е ослободен. Според пресудата, Додик е осуден на една […]

Мицкоски застана во првиот ред – против Украина!


  Премиерот Христијан Мицкоски потврди денес дека Македонија е коспонзор на резолуцијата што ја поднесоа САД во Генералното собрание на ОН, со која се бара брз крај на воениот судир меѓу Русија и Украина и зад која застанаа малцинство земји, бидејќи место окупација или воена агресија ја сведува војната на „конфликт“. Потоа, не бара повлекување на […]

Русија ќе се откаже од 300 милијарди долари замрзнати средства за да стигне до мир во Украина


  Русија би можела да се согласи да се користат 300 милијарди долари од нејзините финансиски средства замрзнати во Европа за реконструкција во Украина, но ќе инсистира дел од парите да се потрошат на една петтина од земјата што ја контролираат московските сили, изјавија три извори за Ројтерс. Русија и САД ги одржаа своите први […]

Што ветува и што исполнува Путин?


 Без разлика дали ветува дека ќе го почитува суверенитетот на Украина додека се подготвува за инвазија, потпишува нуклеарни договори само за да ги прекрши или гарантира разоружување на Сирија додека поддржува хемиски напади, Путин има долга историја на измами, назадувања и целосни предавства – не само против Западот, туку и во целиот свет. Додека САД […]

Републикански сенатори се разидоа со Трамп околу коментарите за Зеленски


Неколку истакнати американски републикански сенатори и други републиканци изразија несогласување со неодамнешните коментари на претседателот Доналд Трамп, исто така републиканец, за украинскиот претседател Володимир Зеленски. Трамп го нарече Зеленски „диктатор без избори“ поради неговото одбивање да одржи избори во време на прогласена воена состојба, а исто така изјави дека украинските власти се одговорни за руската […]

САД и Русија го направија првиот чекор да почнат мировни преговори за Украина


  Русија и САД во вторникот се согласија да започнат да работат на ставање крај на војната во Украина и подобрување на нивните дипломатски и економски врски, изјави американскиот врвен дипломат по разговорите што одразуваа извонредно лице во надворешната политика на САД под претседателот Доналд Трамп. Во интервју за Асошиетед прес, државниот секретар Марко Рубио […]

Разговори меѓу САД и Русија во Ријад, без присуство на Киев


  Завршија разговорите меѓу американската и руската делегација во Саудиска Арабија. Министрите за надворешни работи Марко Рубио и Сергеј Лавров пристигнаа во Ријад за да разговараат за завршување на војната. Ова е прва официјална средба меѓу двете страни по целосната инвазија пред речиси три години. На разговорите ги нема претставниците на Украина, која е жртва […]

Училишта во руски регион наместо училишно ѕвонче ќе свират исечоци од патриотски песни


Училиштата во регионот Перм во Русија наместо училишни ѕвона ќе свират извадоци од патриотски песни, објави службата за односи со јавноста на регионалното Министерство за образование и наука, пренесе info24.ru. Според руските медиуми, учениците ќе слушаат песни од групата „Љубе“, како и изведувачите Олег Газманов и Денис Мајданов. Ѕвоната во образовните институции ќе бидат заменети […]

Европа нема да биде дел од мировните преговори меѓу Украина и Русија, откри специјалниот пратеник на Трамп


Европа ќе биде консултирана – но, на крајот исклучена – од планираните мировни преговори меѓу Русија, САД и Украина, откри специјалниот пратеник на Доналд Трамп за Украина. Запрашан дали Европа ќе биде присутна на планираните разговори, Кит Келог рече дека тој е од „школата на реализмот, а тоа нема да се случи“. „Можеби е како […]

Русија за три месеци произведува онолку муниција колку што прави НАТО за една година, вели Руте


Генералниот секретар на НАТО Марк Руте изјави денеска дека Русија за три месеци произведува онолку муниција колку што НАТО успева да произведе за една година, иако таа е економски дваесетпати поголема од Русија. „Русија се префрли на воена економија. Се уште не сме го сториле тоа. Треба да го забрзаме производството и да ја намалиме […]

Русите продале 70 отсто од златните резерви од Националниот фонд до 2023 година


Руската влада организирала голема продажба на злато од Националниот фонд за богатство  за да ја надополни федералната каса, во која секоја трета рубља оди за војската и војната, дознава The Moscow Times. Имено, според податоците на Министерството за финансии, количината на злато во ФНБ е намалена за речиси 70% во последните две години: додека на […]

Трамп: Русија треба да се врати во Г7. Сакале или не, тоа е Г8


 Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека би бил среќен доколку Русија се врати во Г7. Според него, исфрлањето на Москва од Групацијата било грешка, пренесоа агенциите. -Би сакал да се вратат. Мислам дека нивното протерување беше грешка. Видете, тука не се работи за сакање или несакање на Русија…Мислам дека и Путин би бил среќен да […]

САД ослободува руски кибер криминалец во размена на затворeници со Москва


Администрацијата на Доналд Трамп се подготвува да ослободи руски кибер престапник како дел од размената на затвореници со Москва во која американскиот учител Марк Фогел синоќа беше ослободен од руски затвор, соопшти денеска Њујорк тајмс повикувајќи се на тројца американски владини претставници. Изворите укажале дека во тек е подготовка на Русија да биде предаден Александар […]