Немам што да си кажам со Мицкоски: Румен Радев одби средба со премиерот


  Иако македонскиот премиер постојано вели дека би сакал да се сретне со премиерите на сите соседи (се нема официјало сретнато со премиерите на Грција, Бугарија и Албанија) неговата политичка реторика ги оддалечува тие можни средби. Последниот инцидент со палењето на двата автомобила на бугарската амбасада во Скопје повторно ги вжешти односите и се надоврза […]

Радев ја презема улогата на Орбан: Тој е против санкции за рускиот патријарх Кирил


  Бугарија се спротивставува на европските санкции против рускиот патријарх Кирил, потврди министерката за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова. Бугарија, исто така, не поддржува некои од дискутираните санкции во енергетскиот сектор, кои би влијаеле на подружниците на „Лукоил. Според Петрова, можните дејствија против патријархот Кирил се симболични и не би биле продуктивни. „Бугарија се спротивставува на […]

Бугарскиот Парламент денеска гласа за кабинетот на мандатарот Румен Радев


Бугарскиот Парламент се очекува денеска да го изгласа предлог-кабинетот на кандидатот за премиер Румен Радев, номиниран од партијата „Прогресивна Бугарија“. Претседателката Илијана Јотова вчера му го врачи првиот мандат за состав на влада на Радев, како претставник на најголемата пратеничка група во 52. Народно собрание, кој веднаш го врати мандатот како исполнет. Предложената владина структура […]

Што ќе направи Румен Радев?


  Сите се прашуваат што доаѓа. Вака во една реченица коментаторот на бугарскиот медиум „Медијапул“ го сублимира расположението во Бугарија по триумфалната победа на Румен радев и неговата коалиција „Прогресивна Бугарија“. Откако доби толку недвосмислена доверба да управува со земјата и има удобно мнозинство во парламентот, што ќе направи Румен Радев? Дали ќе биде добар […]

Никој немал толкава власт во Бугарија каква што ќе има Румен Радев


  Со апсолутно мнозинство од 131 пратеници (по пребројаните 97 отсто од гласовите) коалицијата на Румен Радев буквално се прошета на неделните избори во Бугарија, пловејќи на фонот дека општеството конечно мора да се пресмета со корупцијата, олигарсите и политиката на статус-кво. Поранешниот претседател, кој поднесе оставка во јануари за да учествува на парламентарните избори, […]

Триумфот на Румен Радев и потопот на Бојко Борисов на изборите во Бугарија


  Поранешниот пилот на „МиГ-29“ и донеодамна претседател на Бугарија помина како тајфун на на предвремените парламентарни избори одржани во неделата и веројатно на земјата конечно ќе ѝ донесе стабила влада по осум излегувања на биралиштата во последните пет години. Излезните анкети велат дека Румен Радев и неговата коалиција „Прогресивна Бугарија“ освоија 38 или 39 […]

БГНЕС: Прогресивна Бугарија на Радев победи на предвремените парламентарни избори во Бугарија


 „Прогресивна Бугарија“ на Румен Радев победи на осмите предвремени парламентарни избори во последните пет години, објави БГНЕС. Првите проценети резултати на „Алфа Рисрч“ покажуваат: „Прогресивна Бугарија“ – 37,5%; ГЕРБ-СДС – 16,2%; ПП-ДБ – 14,3%; ДПС-Нов почеток – 8,4%; „Вазраждане“ – ; БСП – 4,1% Распределбата на местата во парламентот: 105 пратеници за „Прогресивна Бугарија“; 46 […]

На листите на Румен Радев се партиски номади, познати спортисти, бизнисмени, новинари


  Партиски номади, спортски великани, луѓе од претседателството, кадри од безбедносните агенции и поранешни новинари. Ова се дел од кадрите на листите на коалицијата на Румен Радев, „Прогресивна Бугарија“ за претстојните предвремени парламентарни избори на 19 април. Впечатливо е што во поединечните изборни единици формацијата на Радев се потпира на локалното население – бизнисмени, адвокати, […]

Румен Радев поднесува оставка како претседател на Бугарија


  Бугарија влегува во нова политичка турбуленција со целосно мешање на картите откако претседателот Румен Радев објави дека во вторник ќе ја поднесе својата оставка од функцијата шеф на државата до Уставниот суд, а мандатот ќе го заврши потпретседателката Илијана Јотова. Радев во обраќањето до народот рече дека привремената влада повеќе не е гарант за […]

Румен Радев побара итна оставка на бугарската влада и избори


  „Бугарите го кренаа гласот против беззаконието и киднапираната држава, против управувањето со пари, компромитирачкиот материјал и стравот! На Бугарија ѝ се потребни вистински промени. Оставката е итна. Владата е посрамена“, рече бугарскиот претседател Румен Радев во вонредното обраќање до нацијата во вторник по протестите на илјадници луѓе против нацрт-буџетот и владејачката партија претходниот ден. […]

Орбан, Груевски и Радев во иста мисија – ќе ја запираат војната во Украина


  Едно дуо-трио се појави во јавноста последниве неколку дена кое на свој начин ја заплашува јавноста дека е можна нова голема војна во Европа во која ќе страда целиот континент – и малите и големите, доколку не се најде некакво решение за смирување на борбите во Украина и разбирање за руските интереси. И Во […]

Сиљановска-Давкова во Софија на „Акаба Процес Балкан“, предвидена средба со Румен Радев


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе учествува на состанокот на шефови на држави и влади на „Акаба Процес Балкан III“ во Софија. Како што јави известувачот на МИА од Софија, посетата се реализира на покана на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев и кралот на Хашемитското Кралство Јордан, Абдула Втори. Македонската претседателка ќе говори на првата […]

Радев го пречека Орбан како херој, кому Бугарија му е благодарна


  Бугарскиот претседател Румен Радев денеска го опсипа со суперлативи најсилниот проруски глас во Европа, Виктор Орбан, му се заблагодари за влезот на државата во Шенген и му вети дека ќе бидеме „доверлив партнер во енергијата“. Шефот на државата не ја криеше радоста што унгарскиот премиер е првиот што го прими на верскиот празник Игнатден. […]

МНР утре ќе го повика бугарскиот амбасадор за фотографијата на Радев и Сиљановска Давкова


Министерството за надворешни работи и надврешна трговија утре ќе го повика бугарскиот амбасадор во државава Желјаско Радуков за фотографирањето пред бугарското знаме на претседателите Румен Радев и Гордана Сиљановска на средбата завчера во Софија.  -Во врска со најавата на претседателката Сиљановска Давкова информираме дека во текот на утрешниот ден во Министерството за надворешни работи  и […]

Радев побарал да се почитува преговарачката рамка, Сиљановска верува во дијалог


  Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова денеска го проби мразот на новите власти кон Бугарија со малку придобивки, но и тоа е значаен чекор во нормализирањето на замрзнатите односи. Сиљановска преку „културната диппломатија“ трасираше пат да ја посети Софија (таму вечерва македонската опера ќе ја изведе „Набуко“ од Џузепе Верди) и да се сретне со […]

Бугарскиот претседател во посета на Атина


Бугарскиот претседател Румен Радев денеска е во посета на Атина за да учествува на конференција на Економист, а планирана е и средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Радев утрово учествуваше на отворањето на „28-та годишна тркалезна маса со грчката Влада“, а во неговиот говор се осврна на војната во […]

Румен Радев одби да го потпише указот за разрешување на главниот секретар на бугарското МВР, Петар Тодоров


Бугарскиот претседател Румен Радев денеска одби да донесе указ за разрешување на главниот секретар во МВР, Петар Тодоров. Во соопштението од бугарското претседателство се наведува дека разрешувањето на главниот секретар на МВР во овој момент ќе служи само за лични интереси, а не за јавноста. „Мотивите за предлогот за смена на Петар Тодоров од функцијата […]

Румен Радев влезе во конфликт со ЕУ – имало преголема поддршка за Македонија


  Во долго писмо до европските лидери и институции бугарскиот претседател Румен Радев се жали и на однесувањето на ЕУ спрема европските аспирации на Македонија, и на некои земји-членки, и на лобирањето на Скопје во Брисел, и на усвоената резолуција на германскиот Бундестаг, и дека македонските власти не исполнувале ништо од она што било договорено […]

Бугарија: Се подготвува ли импичмент за претседателот Радев


  По формирањето нова влада во Бугарија, засилено се шпекулира и со можноста за отповикување на претседателот Румен Радев. Таквата можност ја анализира весникот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“. Новата бугарска влада би можела да отпочне постапка за отповикување на претседателот Румен Радев поради запрената испорака на оружје за Украина, пишува весникот Франкфуртер алгемајне цајтунг. Неопходното двотретинско […]

Ќерката на Желев ја нарече политиката на Радев „чиста форма на национално предавство“


  Станка Желева, ќерка на првиот демократски избран претседател на Бугарија, Жељу Желев, упати отворено писмо до бугарскиот претседател Румен Радев, во кое неговата политичка позиција ја нарече „чиста форма на национално предавство“ и му порача дека порано или подоцна ќе одговара пред бугарскиот народ, пред напуштените сонародници во Украина и пред судот на историјата. […]