Владата утре ќе ја преиспитува одлуката за спојување на концесиите за рудникот во Иловица


Владата утре на седница ќе ја преиспитува одлуката за спојувањето на концесиите за рудникот во Иловица и ќе разгледа поопширна информација од министерот за економија Крешник Бектеши и вработените во Министерството за економија надлежни за доделување на концесиите, најави денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.  Одговарајќи на новинарски прашања, Тренчевска рече дека […]

Годинава се чека разврска за рудникот „Иловица-Штука“


За рудникот „Иловица-Штука“ годинава и двете страни очекуваат разврска – инвеститорот „Еуромакс рисорсис“ чека конечни дозволи за продолжување на работите на терен, а противниците: граѓаните и еколошките активисти, чекаат Владата да пресече дека рудник нема да има. Пред крајот на изминатата година и двата табора ги засилија активностите. Инвеститорот организираше многубројни јавни дебати за да […]