Рударите во „Трепча“, по 16 часа, излегоа над земја


Осумнаесетте рудари, кои 16 часа беа заглавени во подземна галерија на косовскиот рудник „Трепча“ поради сериозни технички проблеми во снабдувањето со електрична енергија, излегоа над земја. Никој од рударите не е повреден. Тие излегоа од рудникот откако на кратко време беше обновено напојувањето со електрична енергија. Претходно, претседателот на Синдикатот на рударите, Ибрахим Јонизи, изјави […]

Божиновска им додели признанија на 13 рудари за нивните постигнувања


Тринаесет рудари од различни рудници низ земјата денеска беа одликувани со признанија за својата пожртвувана работа, во рамки на свеченоста што Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја организираше по повод Денот на рударите. Меѓу нив е и Страшо Маневски од РЕК Битола – човек со речиси четири децении искуство, кој започнал како сменски […]

Сите петмина заробени рудари во чилеанскиот рудник пронајдени мртви


Сите петмина заробени работници во рудникот за бакар Ел Тениенте на компанијата „Коделко“ во Чиле се пронајдени мртви, изјави регионалниот обвинител синоќа откако спасувачките екипи исчистија повеќе од 20 метри подземни премини што се урнаа во силен земјотрес минатата недела. Обвинителот Аквилес Кубиљо од регионот О’Хигинс вчера попладне изјави дека е пронајдено телото на петтиот […]

Словенија: Спасувачите го пронајдоа телото на вториот исчезнат рудар


Спасувачите пронајдоа уште едно тело на исчезнат рудар кој настрада во јагленокопот во словенечкиот град Велење. Продолжува потрагата по третиот рудар кој е заробен во јамата. Во еден од тунелите на јагленокопот „Прелоге Премогвник“ вчера продре вода при што затрупа 14 рудари, од кои 11 успеале да излезат од рудникот. Во јагленокопот навлегле од 500 […]

Објавена снимка од работниците затрупани при уривање тунел во изградба во Индија


Објавена е првата снимка од работниците затрупани при уривањето на тунел во изградба, долг 4,5 километри, што се случи на 12 ноември во индиската држава Утараканд. На видео снимката, обезбедена од властите, во траење од 30 секунди може да се видат 41 работник кои носат шлемови, стојат во полукруг пред камерите и комуницираат со спасувачите. […]

Повредени двајца рудари во Пробиштип


Двајца рудари се повредени додека биле на своите работните места во рудник во Пробиштип. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во соопштение информира дека синоќа во 20.10 и во 20.40 часот во Полициската станица Пробиштип, од Итната медицинска помош Пробиштип било пријавено дека кај нив за укажување на лекарска помош биле донесени 54 годишниот Б.П. од […]

Полските рудари ја блокираа испораката на јаглен, бараат повисоки плати


Рударите вработени во најголемата полска компанија за производство на јаглен денеска ја блокираа испораката на тоа фосилно гориво до државните централи, барајќи повисоки плати. Демонстрантите ги запреа возовите што излегуваа од рудникот Халемба и другите рудници на „Полската група за ископување јаглен“ во Шлезија, регион во јужна Полска. Побараа повисоки плати за викендите и јасни […]

Во тек е операција на спасување на 21 рудар во поплавен рудник за јаглен во Кина


Во илегален рудник за јаглен во Кина поплава зароби 21 рудар под земја, јави денеска Ксинхуа. Поплавен е рудникот за јаглен Ксијаоџи во северната провинција Шанкси. Акцијата за спасување е во тек, но тешко се спроведува бидејќи спасувачите немаат прецизна мапа на локацијата на рудникот. Полицијата уапси седуммина осомничени и трага по други, меѓу кои […]

Спасени сите заглавени рудари во косовскиот рудник „Трепча“


Сите рудари кои денеска останаа заглавени во косовскиот рудник „Трепча“, доцна попладнево се извлечени од јамата. Раководството на рудникот соопшти дека сите рудари се во добра здравствена состојба и се вон животна опасност. Околку 100 рудари денеска останаа заглавени на длабочина од 700 метри во јамата „Стари Трг“ на рудникот „Трепча“, откако дојде до прекин […]

Кина: Се урна рудник, загинаа најмалку 21 рудари


Најмалку 21 рудар загинаа откако се урна рудник во северниот дел од Кина, соопштија влатите во градот Шенму во провинцијата Шанси. Спасени се 66 рудари, нагласуваат локалните власти. Иако бројот на несреќи во кинески рудници во изминатата деценија е намален, Кина е и понатаму во врвот на листата по број на настрадани во рудници.

Извлечени 21 тело од рудник во Кина


Спасувачките екипи денеска извлекле 21 тело на рудари кои загинаа во уривањето на рудникот во провинцијата Шандонг, источна Кина, кое се случи пред повеќе од една недела. Кинеските медиуми јавија дека последното тело било извлечено вчера попладне. Во моментот на несреќата на 20 октомври, во рудникот работеле повеќе од 300 луѓе. Повеќето рудари беа извлечени, […]

Се намалува старосната граница за пензионирање на рударите


Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска посети Македонска Каменица по повод Денот на рударите -28 август. На средбата со градоначалничката, Соња Стаменкова и со граѓаните, од кои поголемиот дел се рудари во рудникот САСА, Царовска рече дека со законските измени кои се во владина процедура наскоро ќе се решат долгогодишните барања на рударите […]

Рударите во „Саса“ бараат поголеми плати


Новоформираниот рударски синдикат на „Саса“ од Македонска Каменица, кој функционира во рамките на МЕСО, бара отпочнување на преговори со менаџментот на рудникот и исплата на плата во сооднос со профитот на компанијата. На денешната прес-конференција во Скопје, синдикалците побараа 20 проценти од профитот што го остварува компанијата да им биде распореден на рударите. – Бараме […]

ЈАР: Заробени 950 рудари под земја поради прекин на струја


Во рудникот за злато „Беатрикс“ во Јужноафриканската република, 950 рудари останаа под земја поради прекин на електрична енергија, соопшти фирмата Сибање-Стилвотер, која е сопственик на рудникот. Портпаролот на фирмата Џејмс Велстед денеска изјави дека „веројатно“ рударите се живи и здрави. – Бура ја зафати синоќа покраината Фри Стејт предизвикувајќи прекин на снабдувањето со електрична енергија […]