Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, поднесе оставка 


Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, поднесе оставка, иако вели дека останува во тимот, но на друга позиција. „Останувам во тимот, тука сум, ќе работам некоја друга работа. Сè што сум правел досега, ќе го работам од некоја друга позиција“, рече Вишковиќ. Тој рече дека поднел оставка со согласност на Милорад Додик. „Во согласност со […]

Додик: РС сигурно ќе замине и ќе ги однесе нејзините 49 отсто од БиХ


Српскиот член на Претседателството БиХ во технички мандат, Милорад Додик денеска повтори дека Република Српска сигурно ќе замине и со себе ќе ги однесе нејзините 49 отсто од БиХ, доколку не биде вратен Уставот на БиХ како што е договорен според Дејтонскиот договор. „Народот на Република Српска на величенствениот собир во Бања Лука јасно покажа […]

Уставниот суд на БиХ укина дел од одлуките на Народното собрание на Република Српска


Уставниот суд на Босна и Херцеговина утврди дека одредени одредби на актите усвоени од Народното собрание на Република Српска не се во согласност со Уставот на Федерацијата и донесе одлука за нивно укинување. Судот постапуваше по барањето поднесено од 15 пратеници во Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ, при што е утврдено дека постои […]

Цвијановиќ: Пресудата за Караџиќ нема политички последици за РС


Претседателката на Република Српска (РС), Жељка Цвијановиќ изјави дека пресудата за првиот претседател на РС Радован Караџиќ, нема, ниту може да има политички последици за РС. Таа истакна дека се утврдува само индивидуална вина и оти во никој случај не се однесува на цела РС, ниту за нејзината иднина. – Но, постои тој горчлив вкус […]

Додик: Хојт Ји е руина од поранешната американска администрација


„Американскиот функционер Брајан Хојт Ји е руина од поранешната американска администрација, кој води антисрпска политика“, изјави денеска претседателот на Република Српска, Милорад Додик. „Таа политика беше софистицирана и прикриена, но верувам дека неговото време измина“, рече Додик за заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот, Хојт Ји. Претседателот на Република Српска, Милорад […]