Ројтерс ја освои Пулицеровата награда за истражувачко новинарство за фентанилот


Ројтерс ја освои Пулицеровата награда за истражувачко новинарство за серија статии што ја разоткриваат меѓународната трговија со хемикалии што се користат за производство на фентанил, дрогата што е во центарот на кризата што досега одзеде животи на околу 450.000 Американци. „Њујорк тајмс“ освои четири Пулицерови награди, додека „Њујоркер“ доби три награди за известување за клучни […]

Член на екипа на Ројтерс загина во напад врз хотел во Краматорск, уште двајца негови колеги ранети


Рајан Еванс, член на екипа агенцијата Ројтерс, која известуваше за војната во Украина, загина, а двајца негови колеги-новинари се повредени во напад врз хотел во источниот украински град Краматорск, соопшти агенцијата. Еванс (38), кој работел како советник за безбедност во агенцијата, бил убиен во саботата кога проектил го погодил хотелот Сафир, каде што престојувала шестчлената […]

Новинари на Ројтерс осудени на седум години затвор во Мјанмар


Суд во Мјанмар осуди двајца новинари на Ројтерс на седум години казна затвор. Новинарите Ва Лон и Куав Сое О се изјаснија за невини по обвиненијата за кршење на Законот за државна тајна. Максималната казна, која им се закануваше, беше 14 години затвор. Двајцата новинари известуваа за минатогодишната брутална операција на Армијата на Мјанмар против Рохинџите во […]

Американските медиуми за договорот меѓу Македонија и Грција


Дел од медиумите во САД пишуваат за датумот и местото на потпишување на договорот помеѓу Македонија и Грција, додека некои телевизии ги набројуваат случаите во историјата со преименување на земји. Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, „Ројтерс“ денес се повика на владини извори и потврди дека договрот ќе биде потпишан во недела. – […]

Заев не предлагал имиња за Македонија


Македонскиот премиер Зоран Заев не искажал став дека нашата земја е подготвена на мали промени со името во Уставот, соопштија од владиниот кабинет, реагирајќи на делови од неговото интервју за агенцијата Ројтерс преземени, како што е наведено, од страна на некои од македонските медиуми. „Кабинетот на претседателот на Владата категорично тврди дека премиерот Заев нема […]

Заев: Македонија понудила четири опции за промена на името


Македонија понудила четири опции за решавање на спорот за името со Грција, изјави македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за Ројтерс, пренесе Дојче веле. „Предлозите се Република Северна Македонија, Република Горна Македонија, Република Вардарска Македонија и Република Македонија (Скопје)“, изјави Заев за Ројтерс во Лондон, каде присуствуваше на инвестицискиот самит за Западниот Балкан во организација на Европската банка […]