Општините Пустец и Росоман се збратимија и договорија унапредување на соработка во повеќе области


Општина Пустец и Општина Росоман денеска потпишаа меморандум за збратимување,  како силен израз на пријателство, меѓусебно почитување и заедничка визија за иднината.     Збратимувањето го официјализираа градоначалниците Пали Колефски и Ѓорѓи Крстевски.     – Општина Пустец и Општина Росоман официјално се збратимија, правејќи важен чекор кон зајакнување на односите меѓу нашите две заедници и отворајќи […]

Штети кај винови лози и овошки предизвикаа ниски мајски температури во Росоман


Штети кај винови лози и овошки предизвикаа ниски мајски температури во општина Росоман. Оваа информација ја потврди попладнево за МИА, росоманскиот градоначалник Ѓорѓи Крстевски. – Точно е, има дел зафатено, особено ниските делови на територијата на општината. Ќе ја следиме ситуацијата. Првично, има поголеми штети кај лозови и овошни насади, во долните реони. Во меѓувреме, […]

Фатен 27-годишен жител на Росоман кој утрово со остар предмет ја убил неговата мајка


Лишен од слобода е 27-годишен жител на Росоман, кој утрово со остар предмет ја убил неговата мајка, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи. – Полициски службеници од ОВР – Кавадарци денеска го лишија од слобода И.Р., на возраст од 27 години од Росоман. Во СВР – Велес, тој сам пријавил дека утрово околу 07:30 […]

Затвор за кавадарчанката што по сообраќајка избега во Германија


Пет години затвор доби 20-годишната В.З. од Градско за тешка сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи пред 15 месеци во близина на Кавадарци. Судењето се одвивало во отсуство, а Основниот суд Кавадарци ја прогласил за виновна за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Покрај затворската казна, на […]

Росоман доби повеќе од 6,3 милиони евра за обештетување на земјоделците од град и мраз


 Владата и префрли на Општина Росоман 392.282 илјади евра за обесштетување на земјоделци од штети од мраз и град, информираше претпладнево росоманскиот градоначалник Ѓорѓи Крстевски, преку објава на Фејсбук профилот.   Тој појасни дека се работи за надоместување на штети што земјоделците ги претрпеле од мраз оваа година и од врнежи од град, минатата година. […]

Градоначалникот на Росоман поднесувањето на кривична го оценува како политички притисок


 Градоначалникот на Росоман Стојан Николов, денес на прес конференција во Општината, поднесувањето на кривична пријава против него од страна на Финансиската полиција го оцени како политички притисок. Тој целосно ги отфрли сите наводи во кривичната пријава од финансовата полиција, оценувајќи ги како политички притисок пред избори.  – Во однос на тоа дека сум фалсификувал документи […]

Нов кружен тек се гради на регионалниот пат Кавадарци – Росоман


 За поголема безбедност во сообраќајот, нов кружен тек се гради на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. -Интензивно се работи на изградбата на нов кружен тек на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, со цел да се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот. Во вкупна вредност од 11 […]

Пожар зафати објект во росоманско Крушевица


Пожар зафати објект во росоманското село Крушевица, а од Територијалната противпожарна екипа Кавадарци велат дека на терен се шестмина пожарникари со четири возила.   Засега не можат да дадат повеќе детали за пожарот, но нагласуваат дека од пријавата за пожарот, веднаш се заминати на лице место и прават максимум од тоа што може да се […]

Бочварски: До сега реконструирани преку 180 локални улици и патишта


Инвестираме преку 40 милиони денари во капитални проекти за граѓаните на Росоман и за локален економски развој на општината, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска оствари работна посета на општина Росоман. Тој заедно со градоначалникот Стојан Николов, извршија увид во инфраструктурни проекти што се реализираат во општина Росоман, а се финансираат […]

Во Росоман бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение


Бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение е обезбеден во општината Росоман, информираше денеска росоманскиот градоначалник Стојан Николов.   Опфатени се вкупно 188 ученици од  ОУ „Пере Тошев“ и подрачните училишта. – За прв пат во нашата општина обезбедивме бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение.  Со оваа мерка покажуваме грижа […]

Пенов: Со над шест милиони денари ја подобруваме патната инфраструктура во општина Росоман


Со вкупна сума од над шест милиони денари се реализира реконструкција на улицата „Илинденска” со краци кон соседните улици во Росоман, изјави денеска министерот за локална самоуправа Ристо Пенов. Тој додаде дека оваа општина има голем потенцијал за развој и можности за подобрување на условите за живеење за граѓаните. – Развојот на општините и подобрувањето […]

Росоман доби Центар за социјални работи, корисниците не мора да патуваат до Кавадарци


Во Општина Росоман започна со работа новата подрачна канцеларија на Центарот за социјални работи, Кавадарци. По тој повод министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска беше во посета на Општина Росоман. „Заложбите на Владата на Република Северна Македонија  за социјална правда, инклузивност и еднаков третман за сите граѓани продолжува. Работиме посветено на создавање на еднакви […]

Патот Росоман – Прилеп пуштен за сообраќај


Регионалниот пат Росоман – Прилеп кај место викано „Трите ленти“ е отворен за сообраќај, соопшти АМСМ. Претходно, поради голем одрон на патот, сообраќајот беше во прекин. Изведувачот на новиот пат работеше со механизација на расчистување на патот. 

Росоманец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од сопругата


Росоманец на возраст од 31 година денеска пријавил во полицијата во Кавадарци дека бил физички нападнат од сопругата. Според пријавата, нападот се случил вчера околу 16 часот во нивниот дом, по претходна вербална расправија.   Информацијата за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.   По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена […]

Превртен шлепер го закочи сообраќајот кај Росоман


Превртен шлепер близу Росоман го закочи сообраќајот од двете страни на магистралниот пат. Возилата што сообраќајат од Битола и Прилеп и обратно се принудени да чекаат да се ослободи патот. Но, засега нема информации кога ќе се случи тоа.

Кривична пријава за ексградоначалникот на Росоман


Полицијата поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување против С.Л.(53) поранешен градоначалник на Росоман, Д.М.(46), одговорно лице во АГРОПЛАСТ РОС ДОО Росоман и Б.Ј.Ј.(35) одговорна во МБМ „Архитекти“ Скопје. Пријавените се осомничени дека го оштетиле буџетот на општина Росоман за 574.636 денари, кои, според , пријавата, биле исплатени за неизвршена изградба на […]