Лопетеги пред отказ по петардата од Барса


И без повредениот Меси, Барселона го уништи Реал Мадрид со 5-1 (2-0) во големото дерби на шпанскиот фудбал. Стрелец на три погодока беше Суарез, по еднаш погодија Кутињо и Видал, додека кај „кралевите“ почесниот гол го постигна Марсело. Беше тоа одличен натпревар, во кој и актуелсниот европски шампион имаше свои пригоди и пречки, но на […]

Роналдо може да ги загуби спонзорите поради обвинувањата за силување


Италија- Два од главните спонзора на ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо – „Најк“ и „ЕА Спортс“, се загрижени од обвиненијата за силување против петкратниот добитник на „Златната топка“. Од компаниите излегоа со официјален став во кој се наведува дека внимателно го следат случајот. Полицијата во Лас Вегас обнови истрага која датира од 2009 година, откако Катрин […]

Роналдо не се помирува: Овие трофеи не можете да ги украдете


Португалците никако не можат да се помират што Кристијано Роналдо не е најдобар играч на светот. Селекторот на репрезентацијата, Фернандо Сантош смета дека во изборот на Лука Модриќ има нешто чудно, а музејот посветен на Роналдо отиде чекор подалеку. „Овие троефи не можете да ги украдете, тука е нашиот аларм“, стои во објавата на „Инстаграм“. […]

Модриќ: Сакав Меси и Роналдо да дојдеа на доделувањето на наградата


Ден после добивањето на наградата за најдобар светски фудбалер, Лука Модриќ се појави на тренингот на Реал Мадрид, имајќи предвид дека веќе утре гостуваат во Севилја. „Никогаш не сум се гледал надвор од Реал. Би сакал тука да ја завршам кариерата, но ќе видиме што ќе биде во иднина, затоа што ова е исклучително захтевен […]

Сестрата на Роналдо: Ќе платите за неговите солзи


Сестрата на Кристијано Роналдо, Катја Авеиро преку социјалните мрежи остро реагираше на исклучувањето на нејзиниот брат синоќа на дуелот со Валенсија. Роналдо на првиот меч за Јувентус во Лигата на шампионите во 29. минута доби црвен картон поради неспортско однесување. Одлуката на германскиот судија Брих предизвика многу реакции, а помладата од двете сестри на Роналдо […]

Прв црвен картон за Роналдо во Лигата на шампионите


Шпанија– Кристијано Роналдо имаше неславно деби за Јувентус во Лигата на шампионите. Португалецот синоќешниот дуел со Валенсија на гостински терен го заврши по само 29 минути, откако судијата Брих од Германија му покажа црвен картон. Исклучувањето за Роналдо е прво во неговата кариера во настапите од Лигата на шампионите и доаѓа по наводно удирање на противничкиот […]

Први погодоци за Роналдо во дресот на Јуве


Во 4. коло од италијанскиот шампионат, Јувентус го победи Сасуоло со 2-1 и продолжи со максималниот ефект. Стрелец на обата гола беше Кристијано Роналдо, кој погоди во второто полувреме. Мечот го одбележа и срамотниот испад на Даглас Коста, кој на крајот на натпреваерот плукна противнички играч.  

Роналдо го сака Крос


Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо бара од раководството на клубот да испрати понуда за трансфер на неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Тони Крос во јануарскиот преоден рок, тврди електронското издание Goal.com. Според Португалецот, германскиот репрезентативец ќе заврши одлична работа во средниот ред на тимот и ќе го направи клубот од Торино уште посилен во […]

Роналдо е нонстоп во теретана, Меси не вежба ни прием на топка


Аргентинскиот напаѓач, Карлос Тевез, кој со Роналдо играше во Манчестер јунајтед, а со Меси за репрезентацијата, ги спореди овие двајца најголеми фудбалери на денешницата и објасни во што е разликата. „Меси никогаш не сум го видел во теретана. Дури и не сум го видел да тренира примање топка или слични вежби. Тој тоа природно го […]

Модриќ, Роналдо или Салах: Кој е најдобар во Европа


Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги објави финалистите за најдобар играч. Во прелиминарната фаза, најмногу гласови добија Лука Модриќ (Реал Мадрид, Хрватска), Кристиано Роналдо (Реал Мадрид, Јувентус, Португалија) и Мохамед Салах (Ливерпул, Египет). По нив се пласираа Антонио Гризман, Лионел Меси, Килијан Мбапе, Рафаел Варане, Еден Хазард и Серхио Рамос. Сите тие влегоа во финалниот избор […]

Вработените во Фиат ќе штрајкуваат поради исплатата за трансферот на Роналдо


Вработените во фабриката на Фиат во јужна Италија најавија штрајк поради трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус, за кој треба да се исплатат 105 милиони евра. Најавено е дека штрајкот ќе се одржи следната недела, меѓу 15 и 17 јули, со целосна поддршка на синдикатите. – Неприфатливо е работниците економски да се жртвуваат, а компанијата […]

Реал Мадрид потврди дека Роналдо заминува во Јувентус


Реал Мадрид потврди дека му дозволил на Кристијано Роналдо да се премине во Јувентус, откако фудбалерот изрази желба да замине од шпанскиот клуб. По големиот број шпекулации во европските медиуми, попладнево стигна и официјална потврда од европскиот шампион за трансферот на Роналдо. Реал му се заблагодари на Роналдо за неговите постигнувања во клубот и му […]

Валдано до Роналдо: Да го напуштиш Реал не е паметно решение


Поранешниот напаѓач, тренер и спортски директор на Реал Мадрид, Хорхе Валдано го прокоментира евентуалниот трансфер на Кристијано Роналдо во Јувентус. Светскиот шампион од 1986 година, смета дека голгетерот ќе направи грешка ако го напушти „Сантијаго Бернабеу“. – Да го напуштиш Реал Мадрид не е паметно решение. Мислам дека Кристијано е многу паметно момче, но ако […]

Бобо Виери: Серија А со Роналдо ќе добие џекпот


Легендарниот италијански напаѓач, Кристијан Виери го поздрави евентуалниот трансфер на Кристијано Роналдо во Јувентус. Според поранешниот фудбалер на Интер, Милан и Јуве, Роналдо ќе го зголеми значително нивото на Серија А, а италијанското првенство ќе привлече сериозен за гледање интерес. – Кристијано во Јуве? Италијанскиот фудбал ќе добие џекпот. За Серија А се зборува малку, […]

Јувентус ќе го промовира Роналдо на 7 јули


Во Торино веќе се подготвуваат за прославата за договорот на векот. Италијанските медиуми го објавија датумот на кој Кристијано Роналдо ќе биде официјално претставен на „Алијанц“ стадионот. Денот е 7 јули, а тогаш се очекува Роналдо да пристигне во Торино, тврди „Спорт Медијасет“. Преселбата на Кристијано во Јувентус е прашање на часови. Ова, пак, го […]

Роналдо: Ја остваривме целта


Репрезентацијата на Португалија се пласира во осминафиналето на Светското фудбалско првенство и со тоа ја исполни првата цел. Ѕвездата на португалскиот национален тим Кристијано Роналдо е задоволен од пласманот во елиминациската фаза. -Целта е исполнета. Фокусирани на следните предизвици. Напред Португалија, напиша Роналдо на својот Фејсбук профил. Португалците со пет бода го освоија второто место во […]

Роналдо и Реал Мадрид се уште без договор


Меѓу раководството на Реал Мадрид и Кристијано Роналдо продолжува да има сериозни финансиски разлики и двете страни не можат да постигнат договор за продолжување на соработката со португалскиот фудбалер. Роналдо е категоричен во својата желба да добие плата од преку 30 милиони евра, но во исто време Реал Мадрид не е подготвен да му ја […]

Роналдо е најдобриот европски репрезентативен стрелец


Португалскиот фудбалер, Кристијано Роналдо, денеска го постигна 85 гол за својата репрезентација и стана најдобриот европски репрезентативен стрелец во историјата. Роналдо беше стрелец на победничкиот гол за Португалија против Мароко, а по хет-трикот против Шпанија ова е негов четврти погодок на Светското првенство во Русија. Тој успеа да го надмине легендарниот Ференц Пушкаш, кој во […]

Роналдо и донесе победа на Португалија против Мароко


Португалија со минимални 1:0 го совлада Марoко во групата Б на Светското првенство во Русија. Стрелец на победничкиот гол во четвртата минута беше Кристијано Роналдо. Во текот на целиот натпревар Мароко ја имаше иницијативата, особено во вториот дел кога се обиде сериозно да го загрози португалскиот гол. Меѓутоа, Португалија успеа да се обрани и неколку […]

Силва: Играјќи со Роналдо се пронаоѓам во националниот тим


Португалскиот репрезентативец Андре Силва изјави дека Кристијано Роналдо е вистински предводник на тимот и дека покрај него е чест да се игра. – Кристијано Роналдо е нашиот капитен. Играјќи со него, се наоѓам на вистинското место. Истото може да се каже и за него – секогаш е во зоната на видливост. Ние се обидуваме да […]