Род Стјуарт ги продаде правата на своите песни за речиси 100 милиони долари
Британскиот музичар Род Стјуарт ги продаде правата за издавање и целиот каталог на неговите песни за речиси 100 милиони американски долари, објави во четвртокот Волстрит џурнал. Според овој американски деловен дневен весник, компанијата „Iconic Artists Group“ за споменатата сума ги откупила правата на каталогот на Стјуарт, како и одредени права за користење на неговото име […]