Северна Кореја не се плаши санкциите да траат уште 100 години
Северна Кореја се потпира на сопствените сили и затоа може да опстои во услови на меѓународни санкции и во следните сто години, се наведува во редакцискиот коментар во денешниот број на весникот на севернокорејската владејачка Работничка партија на Кореја, „Родонг Синмун“. Во текстот се изнесуваат остри критики кон меѓународната заедница поради санкциите кон Северна Кореја. […]