РК Вардар по четири години се враќа во Лигата на шампиони
Европската ракометна федерација денес му додели вајлд-карта на македонскиот првак Вардар. „Црвено-црните“ по четири години се враќаат во елитното натпреварување. Вардар е двократен европски шампион. На европскиот ракометен трон македонскиот шампион беше во 2017 и во 2019 година. Последното учество на вардарци во елитната лига беше во сезоната 2021/2022. Во новата сезона на Лигата на […]